Не ги грицам ноктите, но постојано ми се кршат и ми се делат ноктите. Ги лакирам повеке з да се зацврстат и користев од авон едно средство за нокти не ми помогна, подоцна порачував од орифлејм исто средство за зацврстување на ноктите и не ми помогна. Некој совет?
Мене многу ми помогна лакот против делење на ноктите од Аура околу 160 ден мислам дека беше. Го има во Зегин аптеките мислам. Пробај ако сакаш па ќе видиш каков резултат ќе има кај тебе.
Порано бев активна во темава, но веќе не Тоа значи дека немам вакви проблеми. Пу пу да не урочам Мислам дека се се смени откако го сменив ацетонот.. Го користам Dahlia портокаловиот и немам гајле.
Го открив овој зацврстувач и можам да кажам само уау Нокт ми се нема разделено или скршено откако го користам, делува уште од прво нанесување. Со калциум и кератин. Топло препорачувам.
И мене ми се делат и многу ме нервира тоаа Имам слушнато дека тоа било поради недостаток на калциум..
Мене ноктите цел живот ми се благо речено ужасни! Ми се кршат, ми се делат, што не. Ужас. Ама се решив да го пробам минералниов зацврстувач за нокти од Авон и сум презадоволна!!! Производ на месецот, му давам златна ѕвездичка! Еден слој на ,,голи,, нокти, па уште еден слој врз лакот од зацврстувачов и не мрдаат! Го препорачувам, верувајте дека јас ретко кога сум задоволна од вакви работи - ама овој ептен ми се погоди!
Јас никогаш не сум грицкала нокти,ама сепак еден период ми се делеа,ноктите ми изгледааа ужасно,сите слоеви се гледаа.Сега,фала богу,ноктиве се супер.Ама забележав дека кога ми беа налакирани и така подолго време стоеa,после вадење на лакот се делеа.Можеби и до ацетотнот беше,не сум сигурна.
Општи прашања Me interesira da ne znae nekoj dali ima lak za zacvrstuvanje na noktite vo aptekive, ili vo cosmo i kolku pari e? Uzasni mi se noktive, postojano mi se previtkuvaat i krshat :/
Општи прашања знам дека може да се порача од орифлејм, баш јас си го порачав месецов, а за космо и аптеките незнам но претпоставувам дека има
Општи прашања Јас кога бев средно користев едно кремче мислам дека се беше и се викаше Дикла или нешто слично.......сепак многу години поминаа од средното мое Прашај во аптека на нив сигурно ќе им текне.........отприлика така некако е името.Мене многу ми помогна.
гледав на др.Оз дека колку поретко користите ацетон толку поубаво ама за да не бидете шаром баром во ноктите купете си остранувач за лак без ацетон или кога ви е лакот пред распаѓање задржете ги ноктите во вода врела/млака и после лупете го
Конечно успеав да го решам мојот проблем со ноктите, порано многу ми се делеа и кршеа немаше шанси да ги пуштам, сега откако почнав да го користам дијамантскиот зацврснувач на нокти од евелин многу побргу ми раснат и поцврсти ми се ноктите. Еве овој и не е скап 125 ден го зедов
Не знаев каде да го сместам моето мислење но морав да ве изестам за ова... Никогаш немој да го правите ова.НИКОГАШ!!! Пред една недела ми се скрши ноктот сосема на крајот и решив да го '' поправам '' (како на сликата) Поправката траеше се до вчера.Си се доскрши целиот до крај. Не е проблемот што се скрши туку што сега на местото каде што ставив секундарен лепак ноктот ми е како зелка разлистана. Браво за мене едвај ги опоравив од гелот сега ова
Имам значи голем проблем со ноктите на нозете. и тоа само палците. И двата нокта ми се напукнати.Лани летото користев Ексодерил капките .ама ми падна ноктот и пак истото. Потоа си купив лак за зацврстување,и ете пак не помага.Кажете нешто ефикасно што е..капки или било што..бидејќки на доктор не сакам да одам..на една другарка и го извадија ноктот и пак ист и порасна и се искрши..
Мал совет за кршливи нокти на мојот блог. https://frosyblog.wordpress.com/2016/03/19/eveline-8in1-total-action-review/
Порано и мене многу ми се делеа и кршеа ноките. Но пронајдов едно навистина корисно решение. Купив еден зацврстувач за нокти од Malena кој истотака и ги обновува. (Шишенцето е исто како од другите лакови од Malena само што капачето е бело. Изгледа како проѕирен лак. И на капачето пишува упатство за употреба. А и многу е евтин, го зедов за само 45 денари.) Ви препорачувам да пробате зашто мене многу ми помогна. Се надевам дека и за вас ќе е корисно