Ми се допаѓа друг

Дискусија во 'Канта' започната од OzzyAngel, 17 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.206
    Драги мои, тешко ми е да признаам и сеуште не сум свесна дали овами се случува... во врска сум повеќе од 2 години и многу се сакаме со дечко ми но последниве недели се појави едно типче што му е брат на наш заеднички другар така што често се среќаваме... дечко ми го сакам премногу но ова дете ми ги краде мислите а мината ноќ го сонив. велам “дете“ затоа што е помал од мене 3 години... на почетокот мислев дека му се допаѓам и тоа ми го повлече вниманието кон него,цело време ме гледаше,седнуваше до мене... вечерва дури се осудив да му пишам на мсн “хеј, како си“ му пуштив и анимација ама не реагираше никако :( се зачудив од себеси што го правам тоа! многу го сакам дечко ми и не сакам да живеам без него ношто е оваа работа сега? што да правам?
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    Драга ОзиЕјнџел

    Нека не те загрижува ова толку. Можеби е само пролазна фаза. Тоа што ти се допаднало момчето не значи дека ти не го сакаш дечко ти. Нормално е да не можеш очите да ги заковаш само за еден. Тоа е во човековата природа.
    ;)
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.128
    Пол:
    Женски
    Во право е Хипица :D има многу машки кои иако имаат врска сепак флертуваат на некој начин со други девојки,го знам тоа :D но нормално неможе како што вика Хипица очите да ти бидат заковани за друг,тоа е сосем нормална работа.Сега треба да си свесен за ситуацијата,што треба а што не,се си има граница.
     
  4. prasence

    prasence Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    I jas se naogam vo slicna situacija.So decko mi sme vo vrska skoro 1 godina potocno 10 meseci.So nego se pocna nekako cudno, bese vo vrska so druga pa kao raskina radi mene.Imase privlecnost, razbiranje/toleriranje (poveke od moja strana), ne deka nema i sega, IMA samo jas pocnuvam da se somnevam vo moite custva kon nego. Izlegov slucajno so eden prijatel, pocustvuvav deka ima nekakva privlecnost megu nas, i sigurna sum i jasno mi dava do znaenje deka e dvostrana. Problemot e vo toa sto i toj ima vrska, znae deka i jas imam a sekoj den se obiduva na nekoj nacin da me iskontaktira. Zbuneta sum, neznam sto da pravam? se plasam deka sledniot pat koga ke se vidime ke se sluci nesto megu nas.
    Dajte sovet nekoj!
     
  5. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    327
    Прасенце,
    На оваа твоја дилема, можеш само сама да си дадеш одговор. Единствено ти знаеш што осеќаш кон дечко ти. Дали има љубов, дали се сакате или едноставно си во врска без врска. Доколку си го сакаш дечко ти, а се напѓаш пред вакво искушение, јас би те посоветувала да не потклекнеш. Измери ги работите, размисли колку ќе изгубиш ако ја прекинеш врската заради некоја привлечност која можеби и не ја толкуваш правилно во моментот под наплив на емоции. Можеби ти годи вниманието што ти го пружа овој другиот момак. Ама... тоа е во случај да си го сакаш дечко ти. Значи... не ризикувај да ја изгуббиш љубовта само заради љубопитство и моментален занес. Но, ако не си сигурна дали го сакаш и ако си имаш дилеми дека можеби таму негде има некој тип кој е принцот за мене..а ова моментално ти е само забава... Тогаш не се мисли, оди понатаму, барај го , можеби ни овој другиов нема да е тој... Но пробај :)
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Прасенце потполно те разбирам зошто и јас бев во иста ситуација.Со дечко ми одев 10 месеци кога ми се јавија чувства кон еден пријател ( и тоа наш заеднички пријател). Како за беља чувствата беа обострани, а јас се повеќе време поминував со него ( заедно работиме), на фб до касно пишувавме и си ги признавме чувствата. Во тоа време и со дечко ми нон стоп се каравме, и јас како да наоѓав утеха во другиот. И се случи што се случи, го изневерив дечко ми и тоа не еднаш повеќе пати, и после кога си ги расчистив мислите сватив дека не сум спремна а и не сакам да ставам крај на едногодишна врска заради авантура. Сега уште сум си со дечко ми, и да ти кажам не е баш пријатна грижата на совеста што ја носам.
    Прво соочи се со себеси и види дали го сакаш дечко ти или љубовта престанала, или можеби тој другиот има нешто што кај дечко ти не го гледаш, или нешто ти недостасува во врската.Можеби не го сакаш туку е само пролазно. А пишуваш дека и тој другиот има врска, па сигурно сака само да се мувате. Не ја прави истата грешка како мене. Во краен случај ако мислиш дека во другиот ќе ја најдеш среќата, раскини ја врската и почни од ново. Но дали ти си спремна за тоа? Дали и тој другиот би ја оставил женската за да биде со тебе?
     
  7. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    15
    Prasence-jas mislam deka ti poradi toa sto tolku dolgo vreme si so tvojot decko a se mislis dali sakas nesto so drugiot me naveduva na toa deka ti si go sakas deckoto i nemoj da pravis nekoi raboti za koi posle ke se kaes. Eve ti eden moj licen primer: idev so eden decko 6 godini, kako sto ti rece se pojavi eden nov decko i cuvstvata bea vzaemni. Paralelno 1 godina bev so dvajcata. Od ne e vazno kakvi pricini veke ne sum so mojot decko a nitu so deckoto sto 1 godina mi bese "avantura" megutoa vo mene ostana nekoj "crv" i den denes sto postojano me jade od vnatre zatoa sto go napraviv toa, custvuvam mnogu golema griza na sovesta. Sega sum so drug (t.e. tret) decko, se pojavuvaat neli i normalno e koga si opkruzen so razni luge simpatii i prema drugi luge megutoa poucena od prethodnoto iskustvo ostanuvam samo na toa, cisto prijatelstvo. Ne bi sakala da ja povtoram istata greska a nemoj i ti da ja napravis. Pozdrav4e !!!
     
  8. prasence

    prasence Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Fala vi na dobronamernite soveti! Edna nedela sum vo takov haos sto neznam poveke sto da mislam. Gi elaboriram i dobrite i losite strani na mojata 10 mesecna vrska, vo sekoj slucaj ke razmislam dobro pred da napravam ili nenapravam nesto. Vo momentov edno sto znam e deka custvoto da bides so nekoj decko sto stotuku raskinal vrska ili devojka broj 2 e mnogu loso custvo, loso se do onoj moment koga ke rashcistis so somnezite dali toj prekin e definitiven i dali si edinstvena. Se prasuvam zosto samo jas se naogam vo takvi situacii ama na toa nema odgovor, ednostavno sudbina! :?
     
  9. Wind

    Wind Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    24
    Јас мислам многу да пазиш што ќе направиш...
    МНОГУ врски така си ја прокоцкуваат иднината... Пролазно е верувај ми ... Бидејќи и самата кажуваш дека дечко ти е оној кој навистина го сакаш.... Немој ова момче да те натера да направиш нешто што не треба.
    Другарка ми беше во вакви ситуација... Неможеше да одолее и му се пушти на дечкото искрено... ФАЛА БОГУ што тој на некој начин ја одби кажувајќи и дека стварно неможе да направи нешто такво... Таа има врска многу подолга од твојата мислам дека 3 и пол години.. Сега секој ден се заблагодарува што не направи глупост. И после тоа сфати колку навистина си го сака тоа што е поред неа :)
    Сепак ќе кажам се се случува со причина , и доаѓањето на секој човек во нашиот живот има некаква причина...
    Па можеби тоа момче се појавило за покасно да сфатиш дека навистина го сакаш дечко ти. Не се доведувај до искушение. Не си го расипувај тоа што го имаш...
    Сепак твое е .. Размисли си убаво, ти пожелувам среќа :)
     
  10. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    115
    тоа е нормална појава кога си само со 1 подолго време и мене истово ми се случува веќе неколку месеци ми се свиѓа еден дечко но не сакам да го изварам муз ми :D :D :D и полека почнувам дац се одалечувам од типот што ми се свиѓа,ама финтата е тоа што тој е мн мн мн помил и подобар од сегашниов мој муз
     
  11. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.206
    Минлива работа сепак! За ништо на свет не би го изневерила дечко ми!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.