Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми се допаѓа момче/девојка со различна религија од мојата

Дискусија во 'Канта' започната од ALEXXX, 5 мај 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Не што ние да направиме.Ти си единствената што може да го креира својот живот.
    Јас лично,не одобрувам врска со некој кој е различна религија од мојата.
    Ти преку тоа си преминала,и твоите како што разбрав.И сега тој се ладе.
    Знаци 2год не е малку врска,значи може да му се ладат чувствата поради монотонија во врската и сл.
    Прво што треба да направиш е да ги избришеш солзите,и да не кукаш.На време требало да мислеш.
    За интимата нема што мн да смениш.
    Пробај да си го вратеш некогашниот живот,покани ги старите пријатели на кафе,на прошетка,гости.Потсети ги на времето кога се дружевте.Посветувај внимание на учењето,запиши се на дополнителни секции и сл.Надополни си го времето,преокупирај се со нешто,за да не мислеш на него и да му се понижуваш.
    Како тој се однесува со тебе,така и ти со него.Биди ладна.Ако го примети тоа и ти пререкува нешто,значи има уште чувства за тебе,ако му е сеедно..не вреде да бидеш во таква врска.
    И не забравај-никогаш не ги оставај пријателите поради дечко,еден ден ќе ти бидат потребни!
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Како замислуваш тој човек да биде покрај тебе во добро и во лошо, кога не е способен да те одбрани од потенцијалните навреди и коментари од неговите?

    Да не е тој оној кој те дискриминира и те гледа со други очи поради твојата националност само не сака да си признае затоа што му е убаво со тебе?

    Што и да е од овие две, крени главата и не му се секирај. Остави го, продолжи понатаму со животот и избери некој кој ќе те почитува онаква каква што си, без разлика на вера/нација/дали си била со некого интимна или не.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Ако некој несака да се бори за тебе ни ти ни никој неможе ништо да направи. Смири се и среди се. Обрни внимание на себе, почни да излегуваш и најди ново друштво ако веќе со старото неможеш да воспоставиш врска.
    А тоа дека си изгубила невиност со некој кој не те ценел ( А си знаела дека твојата вера тоа не го дозволува пред брак) веќе нема да можеш да го промениш. Помири се со тој факт и размислувај дека еден ден ќе се најде некој од твојата вера на кој невиноста нема да му е битна.

    Друг начин нема, ти нема да можеш да го принудиш да биде со тебе. Помири се со тоа дека тој меѓу тебе и семејството го има изберено семејството а не тебе. За жал.
     
  4. girl129

    girl129 Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    ama ne e od razlicna religija o drazlicna nacionalnost e luge nemozam da go prepoznaam kolku me maltertirase pred site se mi vikase samo moja ke bidis i se segaaa. mi vika nemozam da te slusam cao glupa vakva takvaa vrega sekako kazewte so da pravam :@:;2;@ tonam lugee tonam
    [mod-kirilica:nfb3rq64][/mod-kirilica:nfb3rq64]
     
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Ти навистина не знаеш што да правеш,или не зезаш?
    По навредите,зарем има простор за размислување 'што да направам'?
    Се знае што ќе направиш-батали го,не ти е потребен некој кој те малтреира физички,односно те омаловажува.
    Што и да си направила,нема веќе назад.Расчисти со него и сврти нова страница од животниот дневник,но со некој што ќе те почитува и цене поради тоа што си,без разлика на твоето минато.
     
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.082
    Пол:
    Женски
    Не сваќам како може да си дозволат некој да ги вреѓа и омаловажува,и после да цмиздрат сеуште го сакам ,не знам што да правам.Абе што ќе правиш скарај му се фино лепо,дали малку има што ќе те ценат и сакаат ко човек не ко животно. Не сум против врски со друга вера ама да е човек,а не да те третира ко стока!
     
    На H.VAGA, tessie и Emotional123 им се допаѓа ова.
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Јас во моите тинејџерски години бев затрескана во турчин постар 5 години од мене, може и да се каже дека ми беше прва љубов, платонска се разбира. Секој ден го гледав, беше многу згоден, капка. Така да, не сум виновна што сум се занела. :D Финтата беше што типот не ми даде ниеден повод освен неколку погледи од време на време, а јас знаев и да ѝ плачам на мајка ми што не можам да го имам, детска работа. :lol: Ама кога го засвиѓав не знаев дека е турчин. :!:
    Како и да е, да не бегам многу од темава, според мене човек не треба да се впушта ни во авантури со луѓе од друга вера затоа што не знаеш кога и како некој ќе ти се пикне под кожа, па ако не си спремен да се жртвуваш ќе си ја удираш после главата од ѕид. А доколку веќе си дозволиш такво нешто тогаш мислам дека е љубовта денес луксуз и појака од се, што значи дека не треба да ја отфрлиме поради верата, се разбира ако се друго ама баш се е океј и има слога. А дека е тешко, епа тешко е, различни обичаи, различни светови. Тоа е, нема две добра. :?:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    148
    Добро вие до сега не сте слушнале , колку наши Македонци, имаат Албанки за сопруги??? И то купени со висока цена..па нормално дека ке дозволат да имат снаа муслиманка, кога нејзиниот син не можел до 30 и кусур години да се ожени со македонка, т.е христијанка.
    Во градот кај што живеам до сега знам 5-6 семејства сто имаат Албанка за снаа..две од нив сум видела..тешки грозии..што не мора да значи дека сите се такви... позз
     
  9. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    ^^^
    ако се дојдени од Албанија не значи дека се муслиманки.и во мојот град има многу албанки невести,три ги познавам лично и идат од католичко семејство не од муслиманско.верувам и останатите што се дојдени од Албанија и се мажат кај нас во Македонија се од христијанска религија.не верувам така лесно муслиманките да ги мажат за христијани,и обратно нашиве да земаат муслиманки само за да се женат.
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Ги има и такви и такви. Ова го знам. Не зборувам само за некои помалку развиени места во Албанија, туку и во другите неразвиени средини со сиромашни и необразовани семејства постои пракса да си ги даваат ќерките за пари. Кога паричките ќе светнат, ретко кој гледа религија. Особено кога е на зор работата. Mислам со самото тоа што се согласуваат да си го продадат детето во друга куќа за пари, многу зборува за нивната побожност без разлика на верата. На ваквите луѓе религијата им е опстанок по секоја цена. Ете така се вика таа религија.

    И ако се католикињи, не значи дека се послободни и полесно ги даваат. Не сте виделе закоравен католик, нема да ви се верува дека од истите свети книги се поучуваме.

    Слободата во однесувањето ја диктира световното воспитување. Не постои повеќе и помалку слободна религија.
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ова невестиве што ги носат кај нас најчесто се муслиманки , прво во црква ги носат на крштевање , примаат православие ,па веднаш потоа венчавка , не знам како така склопуваат бракови , невестата нити го запознава момчето преговорите се водат со таткото и браќата .
    Едно такво невестуле имам за комшика нит јазик разбира , не знам како си комуницираат :D
     
    На kika.dragan и tessie им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Некад коа жена помалку збори значи и посреќен брак. :D
     
    На kva и mimiiiii им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.082
    Пол:
    Женски
    До кога бре луѓе со овие предрасуди , и тегнење сакам момче ми се допаѓа, па ако ти се допаѓа оди прво види што карактер има после и верата, бидејќи секако си решена да си со него барем да е добра особа а не да те уништи и да те остави ко партал, бидејќи за ништо немас гаранција и од иста вера да сте ако не е човек нема да е, за вакви врски да опстојат треба многу, имам близок пример се венчаа девојката зеде христијанска вера засега им е супер со разбирање и љубов се се прави :) одобрувам вакви случки од љубов, не одобрувам мувања и секс од неколкуѕ вечери и да те шутни ко партал на крај
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Пак е исто. Сигурно нема да те боли помалку ако со некој се измуваш и те фрли како партал само затоа што е иста вера (да не речам дека тие мувања и авантури се сметани за грев и во Христијанството и во Исламот и се одлика на световно воспитување, а не духовно).

    Убаво викал Његош „Брат је мио које вере био, када братски чини и поступа.“
    Ова да го знаеше една десетина од оние кои не го знаат, светот ќе беше поубаво и попријатно место за живеење. Како да не си имаме други проблеми, самите ќе си ги правиме со омраза. При толку непријатели, самите уште да си ги создаваме во нашите глави, каде најчесто и остануваат. Не ме ни чуди што светот е тргнат во насока во која е тргнат.

    Во една тема за професиите и неверствата, некој имаше пишано дека изневерува човек со име и презиме а не професија.

    Тука јас велам „Те понижува, повредува, се бори против тебе и те гази човек со име и презиме, а не религија, национална припадност и сл.“
     
    На Sanjichka007 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  15. lover.55

    lover.55 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Значи вака..од секогаш најмногу христијанско-муслиманска врска ме асоцирало на вонја.Искрено,никогаш не би прифатила да појдам со некој што не е наш.Мислам на мување оти врска нема шанса,премногу е.Сум свиѓала и други што не се наша вера ама ми поминало.Ама сега најсериозно ми се допаѓа еден турчин.Значи не знам што ми се случува ама премногу мислам на него.А и во таков период сум каде што тој што го сакав ме повреди многу замина со друга и тн. да не навлегувам во детали-небитно,битно во ова време додека тој е далечен,ми обрнува многу внимание овој што не е наш.Го додадов на фб прв почна да ми остава лајкови и ајде и на фб нмв а не живееме со него инаку туку со еден негов другар.Овој прави се што е можно да заживееме.Пред некој ден кога поминував покрај него ми го изговори името и јас само се насмеав..Има шанса да заживееме а и знам дека ме свиѓа оти навистина многу се труди детето.Другар му некогаш ми прави муабет некогаш не овој искористува секоја шанса да ми зборне.Ме кочи само тоа што не е наш.Како што спомнав погоре знам дека не е грев да појдам со него да се смувам ама мене ми е да не разберат сите,а детево ми изгледа за многу добро,а и + до сега се немам смувано со никој..Незнам што да правам не можам да прекинам да го свиѓам..го добивам целото негово внимание баш сега кога ми е најпотребно.Помогнете ми ве молам.
     
  16. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    значи познавам многу случаеви со мешани бракови..имам и една познаничка која е мажена со албанец и што и фали? ништо,ниту ја тепа,ниту ја малетретира,напротив живеат многу поубаво од некој кој се мажени со македонци..си имаат дете,си шетаат секаде супер им е. на почетокот се бунеа нејзините ама на крај се помирија.
    до сега сум немала врска со некој од друга вера ама не викам дека не би била..па и албанец да е,ако ме сака,почитува и ако си најдеме заеднички јазик зашто да не,па и они се луѓе..
    и многу се нервира кога некој ги дели луѓето по верата..значи не е битно која вера е битно е да те сака,почитува,а не да се понаша како животно со тебе.
     
    На Sanjichka007, H.VAGA и tessie им се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    јас сум ептен против вакви мешања и се имам изјаснето на оваа тема
     
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    значи ми се превртува желидникот кога го гледам глупиве македонки ( Едвај 15 имаат ) а се лепат за шиптари
    СТРАШНО
     
    На Twinkles и oblace1 им се допаѓа ова.
  19. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум се нашла во ваква ситуација ниту пак сум размислувала,ете сум го сметала за забрането овошје и не пипај,не е ни нешто во што би сакала во иднина моите деца да се впуштат :!: не осудувам никого секој со својата одлука,среќа-судбина,па пред се треба да е човек,па од било која религија да е,кога се има слога и разбирање сите пречки ке се поминат.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ајде јас да ви дадам еден совет од лично искуство. Сум била во врска со турчин ама веќе не од причина што сум сеуште дете и се знае дека нема да успее. Ги поздражувам таквите врски затоа што сите сме луге и човек со човек треба да се сака ама на секое прашање дали да се биде во врска со муслиман мојот одговор ќе биде едно големо НЕ. Тие што не се доживеале вакво нешто моќат да кажат да оди, можат да кажат ако се сакате бидете заедно, можат да кажат гледај ти да си среќна а не другите ама верувајте дека се не е така лесно и едноставно, работите не се такви какви што се гледаат од страна. Ако прифатите таква врска за почеток колку и да се криете па за 1/2 недели па и месец другарките ваши и другарите негови ќе дознаат, затоа што ништо не може да се крие. Од тогаш потполно ќе го сменат мсилењето за вас ( зборувам за девојчињата) и ќе почнат да ве озборуваат зад грб 99%. А можно е и дел од нив да почнат да ве одбегнуваат само за покрај вас и нив да не ги озборуваат. Родителите дома ако дознаат ќе им забранатт контакт со вас. А и знаете како е 10 души ако знаат овој на овој ќе каже, тој на тој и се рашируваат такви муабети низ населбата/школото/факлутетот. КОга ќе поминувате низ улиц аили било каде не можете да замислите колку тешко ќе ви падне кога некој ќе покаже кон вас оваа е со турчин/албанец и почнуваат да ви се смеат и озборуваат зад грб, а никој нема храброст во лице да каже. Колку и да објаснувате пак ќе бидете виновна исто колку да сте убиле еден човек и осудувана. Колку и да сакате да објасните ретко кој ќе ве сфати а и вие со една ваша уста не можете да замолчите илјадници усти, нормално! Сигурно е дека нема да одите од човек на човек и да кажувате вака така, секој си сфаќа како што му договара. + Семејството кога тогаш ќе разбере е дуру тогаш ќе настанат вистинските проблеми забрана на компјутер, телеофн, излегување а башка на се многу ке ги засрамите. Ќе бидете виновна, навредувана, осудувана, понижувана во очите на професори/наставници, родители, другари и другарки, роднини ... иако ништо лошо не сте направиле. И за крај да раскинете со човекот о друга вера етикетата веќе ви е залепена и тешко дека ќе најдете друг дечко. Затоа размислете оти откако ќе го доживеете сето ова ПОСЛЕ НЕМА НАЗАД НЕМА ВРАЌАЊЕ, нема каење. Размислете дали вреди, а ако мене ме прашувате не вреди сакањето е пролазна ствар а озборувањата ќе си останат засекогаш.
     
    На blueeyes7, moni18 и Leonaaa им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.