Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми се допаѓа момче/девојка со различна религија од мојата

Дискусија во 'Канта' започната од ALEXXX, 5 мај 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Види ваму ало ти е до љубов неможам да ти гарантирам дека ќе трае вечно а ако ти е за авантура слободно плесни се и уживај нема никаков проблем оди до крај
     
    На andjela.p, Twinkles и Abeja им се допаѓа ова.
  2. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Сум против врска и брак,не сум против муванjе ма да и тоа незнам дали би го направила.Не за друго,зошто ке бидам осудувана и озборувана од сите страни како коjзнае што да сум направила.
    Не поддржувам врска и брак од причина што од самиот старт е осудена на пропаст.Едноставно различни менталитети,различно воспитуванjе.Секако со чесни исклучоци.
    Немам ништо против муванjе,лабаво гледанjе,ако и дваjцата влезете во тоа свесно знаеjки дека неможе и несмее да прерасне во нешто сериозно.
    Фала богу,се може да се случи,може да се залjубиш,чувства се во прашанjе,но едноставно се што треба е цвст карактер,без некоjа посебна блискост и да си ставиш бариера од старт.
     
    На Bah му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sexonthebeach

    sexonthebeach Нов член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Океј,ти го почитувам мислењево,ама неможам а да не побарам да ми образложиш.Зошто си толку против и зошто некоја би била срам за фамилијата и за народот?
    Цвета главата ја давала и браво за неа,ама ние не сме растени во на Цвета времето ниту денешниве Турци се освојувачи кои силувале се диво и живо.
    Од кај си ти толку убедена дека девојкиве што тука бараат совет до парите им е дојдено или до колата?
    Ти претпоставувам си била заљубена.Како што ти си чувствувала љубов према христијанин,истата љубов ја чуствува и таа некоја само ете,према муслиман.Или зошто е муслиман па невозможно е да чуствува искрена љубов према него?Мора до колите да и е дојдено?
    Зошто дискриминираш?Како што има добри и лоши од нашите така и од нивните.
    Војни се водат секаде низ светов.Гледам и србинкиве не одат со хрвати и хрвативе со србинки.Каде ли јас тоа живеам?До кога со ваквово размислување.

    И само колку да појаснам да не бидам погрешно сфатена.Не сум била во ваква ситуација и незнам како е да бидеш.Да,во ред можеби за брак е комплицирано ама се останато ми е сосема прифатливо.
     
  4. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Теоретски и космополитски и ако сакаме да се правиме паметни може да кажеме дека што има врска лугето си се луге без оглед на која религија припагаат, но реалноста е сосема поинаква. Кога сакате да одговорите искрено на ова прашање прво поставете си го прашањето вака: Дали сакате вашиот бат посебно вашата сестра да се омажи со муслиман? Ако одговорот е да, тогаш бидете сигурни дека нема да погрешите во мислењето. sexonthebeach вели не сме во времето на Цвета, да несме во тоа време туку во некое полошо време сме, каде заради тоа што си од различна вера и нација некој ќе те претепа на среде улица без око да му трепне. Гледаме последниве неколку години со каква омраза се задоени младиве и само ако сме слепи можеме да кажеме, ма не е битно ни нација ни вера битно е да се сакаме.
    Битна е љубовта но исто така битно е и да бидеш спремна да ја почитуваш нивната вера, бидејки кај муслиманите не е како кај христијаните, таму верата игра огромна улога о секојдневниот живот на лугето.
    Буни кажа многу паметни работи, иако малку премногу отворено и искрено, на моменти и оштро но секоја чест, кажа се како што е без завиткување во ракавици.
     
    На Bunny2 и Daydream им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.741
    Пол:
    Женски
    Врска меѓу лица од различни вери...

    Здраво девојки, барам некоја која имала, која има или познава некој што има врска со некој од различна вера. Ми треба за разговор.
    Поздравчиња :)
     
  6. Stefi255

    Stefi255 Нов член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Јас имам најдобра другарка која е со босанец, за тоа знаат само заедничките нашти другарки и сето време ја покриваме за да може да излезе со него. Учат заедно во истиот клас и успеваат да сокријат да не дознае никој дека се во врска дури и седат заедно како успеваат да се воздржат не ми е јасно. Нивната љубов е многу голема и искрена, многу пати и кажував да го остави има и други кои ке ја сакаат ама залудно е. Сега идат веке седум месеци и сите тие месеци се гледаат во криење во тајност, јас не би можела да издржам така. Ама нејзе ја смирува тоа што тој многу ја сака затоа и го издружва сето тоа. :worried:
     
  7. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Ако религијата ти е нешто со што си се здобила со самото раѓање како дел од народот, нацијата во која си родена, а ниту веруваш во истата, па не ја ниту следиш и практикуваш, не знам зошто би било проблем тогаш да имаш дечко од друга вера. Ионака не веруваш па дали ќе исполнуваш традиционални обреди во неговата религија понатаму ако прерасне во нешто озбилно би требало да е само твоја слободна волја и/или ствар на договор.

    А ако не си само номинален верник, туку веруваш во она што го исповедаш како твоја религија, тогаш е невозможно да прифатиш и да учествуваш во нешто што се коси со твоите сфаќања и верувања. Многу проблеми ќе излезат од ова понатаму, да не зборувам во бракот, па со децата итн...

    Затоа, размисли, на што си спремна и дали си спремна да се одрекнеш, и што е тоа што ќе го отфрлиш од својот живот, не поради опшеството околу тебе, туку поради самата себе. Што ти е битно или побитно во животот.
    Едит: ова општо пишував за сите вери и сите комбинации.
     
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    По 17 години имаат? Не осудувам ама некако не ми е веројатно ниту дека ќе успее нивната приказна. Пред се вие повеќе другарки знаете и ја покривате ама кад тад ќе дознаат нејзините родители е дури тогаш и таа ќе сфати дека ова што го прави е погрешно. Кога велам погрешно мислам од страна на другите за мене не е погрешно оти во класот има многу турци и девојче ромка и сите се дружиме не ни претпоставува проблем тоа и јас не сум којзнае колку религиозна не се сеќавам кога последен пат во цеква сум влегла. Ама ако ја дознаат дома другарка ти верувај дека многу ќе ја караат а ако дознаат дека и вие имате замешани прсти во тоа нема да можете во очи да ги погледнете луѓето. А кога ќе се расчуе тоа пак кај вас во класот заедно учеле колку време тоа ќе може да го кријат на девојчето ќе и лепат разноразни етикети. Затоа најдобро е да се прекине таа врска дур не е касно. Од моја гледна точка така е па сега секој си знае најдобро ова е само мое мислење не мора да значи дека сум јас сто посто во право.
     
  9. Stefi255

    Stefi255 Нов член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Се подразбира дека нејзините ке разберат порано тоа било или подоцна.. Сепак многу совети и дававме сите, таа си знае најдобро за нејзе. Таа е сеуше млада може да најде друг цел живот е пред неа, ама несакам да го поминува времето со нешто погрешно што тоа може да влијае на нејзината иднина. Сепак таа ке си одлучи. Ти благодарам за мислењето Еловес. :*
     
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Епа баш затоа и ти викам оти е млада. Само знаеш што живеам и учам на такво место кај што многу добро знам како функционираат ваквите работи. Ако недај боже се расчуе дека биле со босанец ќе и лепат разни етикети и дечко македонец тешко дека ќе најде. Мој совет е да ја прекине таа врска дур е време додека никој ни чул ни разбрал за после да не се кае. Цел живот е пред неа има време ќе има и друг дечко. Мислам мој совет и мислење. Мислам дека може да успее една ваква врска ама не во Македонија. Македонија е земја каде што луѓето освен да те осудуваат, обвинуваат, навредуваат и понижуваат незнаат ништо друго. Секако има и исклучоци, алал нека им е. Секој за другите знае да искоментира а сам себе што не се погледнал не е важно. :x
     
  11. andjela.p

    andjela.p Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Ми се пушта некое време Турчин, неверојатно убав, да ми го правеа по мој вкус немаше толку да го погодат. Максимално го избегавам, неверојатно сум дрска со него со цел да олади, ама ми се чини дека тоа само го прави поупорен. Му реков дека никогаш нема да излезам ни да бидам со него, џабе. Се трудев и да се правам дека не сум го видела кога ќе го сретнам и да не му враќам кога ми пишува, ама не се откажува. Проблемот е што со секој разменет збор меѓу мене и него, се чуствувам како да попуштам се повеќе, а нема како да го избегнам (се движиме во исти кругови пошто сме од ист факултет). Почнав веќе потајно да се надевам дека ќе го сретнам, да фантазирам шта би било кад би било. А не можам и не смеам да си дозволам да попуштам, заради целата таа фама околу меѓуетнички врски. Не можам да прежалам што не може да биде ништо, дури ни едно кафе (многу нормално, одма ќе се прочуе), затоа што повремено кога бар малку ќе го спуштам гардот совршено се совпаѓаме во се.
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Во оваа тема некако најјасно се гледа колку затуцана е Македонија.
    Разбирам јас разлики во вера и воспитување и проблемите кои можат да се јават заради тоа. И ако двајцата партнери се тотално исплашени од својот "погрешен" избор и освен привлечноста што ја чувствуваат еден кон друг немаат друга поткрепа како зрелост, стабилност, отворен ум, храброст слободно да се шеташ за рака како нормален свет, тогаш воопшто и не треба да се заедно. Ако сами не ја третирате вашата врска како нормална, не очекувајте ни од другите. Знам дека не е лесно во една таква средина, уствари не знаев еве сега читам и сум запрепастена колку може да се отфрли една девојка заради врска со муслиман, изгледа човек да убиеш полесно ќе поминеш. За брак во ред, треба сите аспекти да се разгледаат па сам да си одлучиш, но да ти е страв на кафе да седнеш и врска да започнеш оти после жиг на чело треба да носиш, страшно.
     
    На RedWine, Lotus-14, galapce и 5 други им се допаѓа ова.
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Andjela.P јас лично немам ништо против луѓе од друга вероисповед. Имам пријатели од различни националности. И она што со сигурност можам да го кажам е дека во секоја вера не има секакви убави, добри, лоши, паметни и слично. Друго нешто е дека кога го сакаш некој го прифакаш со се што е негово, па макар и различната вера. Добро е што во твојот случај се работи за допаѓање. Доволно е да прочиташ 10 мислења од оваа тема и самата ќе разбереш какво мислење има општо македонскиот народ за врска или нешто слично меѓу македонка и муслиман. Секоја девојка која ќе излезе или биде во врска со муслиман е осудувана како к**ва, оваква, онаква и слични погрди зборови. Значи тебе во овој момент може да не ти е гајле што ќе речат другите, не ти носат леб дома нели, не зависиш од нив? Ама истите тие луѓе утре, другден ќе те понижуваат пред секого со "ете ја онаа што одеше со турчинот". Понатаму ќе добиваш секакви понуди, но за сериозни врски не. Сега е време кога се актуелни фејсбук, телефони, едно друго и сите меѓусебе се знаеме ако не повеќе на лик. Така да ќе излезеш со него еден, двајца ќе те видат и најобично кафе да е, и другарски начин ќе бидеш исмевана. Се надевам дека ме сфати. Јас немам ништо против најмалку те осудувам оти и тој е човек, но 95% од македонскиот народ не се слага со мене. Со здрава нога во трн не се влегува.
     
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Мила ќе ти дадам искрен совет врз основа на искусто од другарка ми . Еве вака пред 2- 3 месеци другарка ми запозна дечко и се аднаа на фб , знаеш како одат тие раб , тој беше Турчин , на повидок премирен и предобар, си пишуваа до доцна утрото по цела ноќ , таа велеше дека онака и е мил и забавен и дека нема да прави ништо со него.. аха ок и ете бидна една вечер излеговме во друштво со него , од прво како мирен супер дете , арно ама дојде покрај неговите другари едно девојче разголено миносано до гола кожа и овај и се нафрли неа , другарка ми како да не постоеше , и велев да си одиме не сакаше , остана да го гледа кај што игра тој и се бакнува со друга , таа си замина и овај се сврти кај другарка ми таа како ништо да не било:devil: јас се ежев од ситуацијата место неа ... вечерта не сакаше да ја испрати другарка ми до дома а и глумеше кавалер на фб , другарите го наговорија , јас не можев со неа бидејќи живееме на различни страни . И сега да преминам на главното точно за нова год се смуваа, бидна и знаете таа беше малку поднапиена , си заминавме утрото дома , и тој замина и по пат и се јавил да се врати , се врати да ја искористи во пијанството знаете како ( таа живее само со сестра и ) од нова год ја бара само за таа работа , а веќе во град не излегуваат на кафе како другари , нормално доби што сакаше 8) знам вакви не се само Турците има и Македонци , само зборот ми е најдобро секој да биде со своето , зошто да те озборуваат и зошто да те користи и да те исфрли , тој ќе си најде од својата вера , а ти само ќе бидеш со етикета на грб .Не бев против вакви врски , не сум затуцана , ама се ежам многу од вакви раб оти обично муслиманите знаат како да купат жена , и овај ја лажеше другарка ми цело време кај нас жената е света , се држи во раце и незнам што 8)ете и да бидне нешто , тој твојот да е поразличен , ќе ви биде тешко верувај , остави осудите од народот настрана , замисли како ќе му биде на твоето семејство ? размисли добро и секое добро :)
     
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Можеме да даваме примери до бескрај, но секоја приказна си е приказна за себе. Можам да наведам 10 примери но тоа незначи дека истото ќе и се случи и на девојката која побара совет. И да се согласуваам со Рама дека на крај тој ќе си земе жена од своја вера и за него се ќе биде завршена приказна. А девојката е таа која ќе биде озборувана и понижувана. Не сум против ама едноставно општеството ни е такво што не ги прифаќаат ваквите врски, и девојките кои се впуштаат во вакви авантури се исмејувани. И ретко кое машко ќе се осмели да земе жена христијанка. А бога ми и ретко која христијанка ќе се осмели да отиде за муслиман.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Во секој народ и раса има убави и грди луѓе, добри и лоши луѓе. Тоа е неоспорно, но постои огромна културна, антрополошка, интелегентна и ментална разлика помеѓу двајца комшии, а не цели народи и раси.

    Тоа си е неоспорен факт. Се движам многу меѓу луѓе, перцепирам работи, анализирам. Генерално ми стана една од големите мани во животот, лол!

    Турците и Шиптарите ниту ги интересираат Македонки за врски, ниту за љубов, ниту за брак, туку знаат дека повеќето наши девојки се бештии, без тронка национална свест, лесни, поткупливи, безморални, никакви. Тој тоа што ќе го добие од Македонка никогаш нема да го добие од Албанка или Турчинка пред брак. Се на крајот се дознава, се се знае, муабет се шири, муабет се дознава многу лесно. И, досадни сте веќе со тоа 21 век сме. Кој сака век нека е пак исто ќе си остане.

    Откако ќе ја исплеска убаво по мотели, хотелчиња на крајот приказната ќе заврши:
    -Знаеш јас многу те сакам тебе, ама не можеме да бидеме заедно, затоа што моите ми најдоа жена од своја националност и религија да си оженам.

    Поентата е што тој самиот си нашол невина и вредна од својата националност и религија, а Македонката му била цело време забава и ништо повеќе. Нивната култура и родители никогаш нема да дозволат нивниот син таква бештија да ожени, а не пак да е Македонка.

    Гледајќи ги секојдневно генерациите Македонки што доаѓаат едноставно ми се гади што сум дел од овој народ и што понекогаш сум верувал во него.

    Затоа човек со 42 години ќе моли на друга тема да се ожени, да создаде семејство, затоа што нашите бештии немаат тронка самопочит во животот и служат секому за потсмев.
     
    На peperutka87 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Јас знам само едно, а тоа е дека 98% од Македонци нема да земе жена што ја поминале Турци, Албанци или Цигани. Треба да си тотално машка амеба да ожениш таква девојка или да бидеш во врска со тоа Д.Н.О од жена. Ниту сакам да бидам “еманципиран“ и културен по хелсиншки мемоари, а ниту такво нешто ќе прифатам во моето семејство да ми се случи. Ако се случи таа личност е избришана од мојот живот, а да не зборуваме како понижување ќе добие тоа семејство
     
  18. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ^ Се гледа.
    Ај те молам негативностите свои лични не ги шири на форумов.
    Си го кажа мислењето, во ред е.
    Навреди овде за Албанците не мораш да пишуваш.
    Девојчето побара совет и ќе добие од тие што ќе сакаат да и помогнат. Ти само закачка си најде за уште повеќе навреди да испишеш.
     
    На girl-miri и tessie им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    Интересното е што ти се залагаш за националното чувство кај Македонците, а не сум слушнала некој странец да изнакажал такви работи за Македонките, ставајќи ги сите во еден кош, а истото ставање во исти кош само во позитивна насока да го прави за странкињите.

    Повеќето мажи не сакаат да земат жена којашто направила нешто коешто се судира со нивните граници на дозволено однесување
    Исто така, повеќето жени го сметаат за себеповредување собитисувањето со човек којшто има такво мислење за нив а тоа што се исти народ не е олеснување, туку баш напротив може уште повеќе да боли.

    Многу се зборува за тоа што може да придонесат постапките на жените, а речиси никогаш за тоа што може да придонесе односот кон жените.
     
    На Mhhm, Annath, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Темата постои за да си искажам мое мислење. Ти тоа не можеш да ми го забраниш како што јас не и го забранив нејзиното. Тоа дали сака да го слушне само тоа што и одговара е нејзин проблем, а мој проблем е да кажам тоа што мислам.

    Јас ниту сакам да и помогнам, ниту ме интересира, затоа што ниту ми е сестра, мајка, баба или некој претпоставен, а и навистина не знам како некој би и помогнал преку форум?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.