Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми се допаѓа момче/девојка со различна религија од мојата

Дискусија во 'Канта' започната од ALEXXX, 5 мај 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.322
    Пол:
    Женски
    Сам го спомна тој другиот.

    1. Врска може да биде сериозна, помалку сериозна, тајна, јавна секаква.
    2. Сите овие може да се десат меѓу личности од исти или различни религии и нации.

    Во сите земји, меѓу сите нации. Да. Нормално, исклучувајќи го субјективниот момент „гледам она што ми одговара во моментот да гледам“.

    И мака ми е да читам погрдни зборови за МакедонКите од МакедонЦите коишто никој не ги тера да бидат на Македонски женски форум ако толку им се одвратни и заслужуваат шутирање.

    После зошто се мажеле наши девојчиња странство. Па на странци згора им чинеле. И после, нормално, кисело ќе е грозјето па нивното заминување ќе го искористиме како уште еден критериум за одредување на епитети за нив.

    Самокритичност фали, самокритичност. Различните аршини ги има вишок. ;)

    Не, не сте сите исти, фала Богу. Прва сум се спротивставувала на вакви генерализации. Како и на генерализации за Македонките или припадничките на која било нација и вера.
     
    На eloves, supertoasty, DigY и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Ако гледаме така, јас сум апсолутно самоктиричен, кажувам дека некој си мал дел од женските од мојата националност го прават тоа, јас нигде не помислив сите, тоа што моето излагање звучеше како "сите" , беше само ради што недоволно добро се изразив. Никогаш не сум плукал по македонките, како што рековме генерализирањето е глупаво и погрешно, меѓутоа мислев на мал дел од македонките.

    И спомнав ли јас дека ми се одвратни или дека заслужуваат шутирање ? Ми го испреврти мислењето, плус ова не го пишувам зошто сакам да навредам, зошто ако сакам со ова да навредам, тогаш се навредувам пред се себеси, јас сум македонец, има и кај мене македонки во фамилијата, ова го кажувам од она што го имам видено, слушнато, проверено. Пак ќе повторам, грешка моја беше што звучеше како сите, а ми беше зборот за мал дел, но од другата страна не постои ни тој мал дел и се извинувам ако навредив некого од вас, иако не беше никој прозван, меѓутоа ако сакате да и замижиме на вистината, тогаш океј. Мојата комшика не оди со албанец, моја школска не одеше со албанцИ, пази, множина, манекенка наша не одеше со албанец, колешка од факултет не оди со турчин, водителка наша не се омажи со турчин, сите тие се македонци, али јас глуп што верувам на се што ќе видам и слушнам :)
     
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Веднаш демант на болдираното.
    1. Имав колега Аланец женет со 2 деца, кој што имаше љубовница Албанка немажена.
    Дури и беше купил мобилен да се слушаат затоа што од дома и забраниле да го користи домашниот телефон.
    Додека немаше телефон кога одеше во комшии и од таму се јавуваше кај мене за да му кажам во колку часот да биде на местото кое што предходно им е договорено. Секоја втора вечер тој одеше кај неа, а таа бегаше низ прозор и се така додека не ја омажија како чесна девојка и домаќинка.
    Арно ама додека мажот бил на работа кај чесната жена секој ден идел по некој електричар, водоводџија, малтерџија (нова куќа правеле) се додека не кажале комшиите и мажот не ја фатил на лице место. Не ја убил ама ја вратил дома.

    2. На времето со екс хозбентот бев на Албанска свадба. Бидна свадба од 3 дена, за после некој ден човекот да се јави и го бараше хозбентот. Го прашав како е невестата ми вели дома си е кај мајка и.:?:
    Му велам на гости е!?
    Не ми вели сум го вратил не била ИСПРАВНА, пустата беше од некое си село Брест каде што и куче да врзеш ќе избега. И доста туку дробете за чесни и нечесни.Вера и невера.

    Тоа се само два примери, а ги има безброј.
     
    На bittersweet, Annath и tessie им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.322
    Пол:
    Женски
    @Sawyer ај погледни си го стихот којшто нашите девојки го заслужиле само затоа што се заљубиле во некој од друга вера од Самарџич ај гес. Ете нема шутирање, има фрлање по употреба, извини погрешно се изразив. :D

    Не видов „мал дел“ во постот туку само „Македонките“. Разликата е...
    Ти утре ако си со некого од друга вера, зарем такво мислење ќе имаш за неа?
    Многу лоша генерализација. Излезе поголема к**ва таа што се заљубила во погрешен според комшиите од онаа којашто прави лом само затоа што партнерите се иста нација и вера.
     
    На Lotus-14 и DigY им се допаѓа ова.
  5. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Видете, јас не реков дека немаат секс пред брак, почитувана Далерон, спомнав ли такво нешто ? Вие ко да не сакате да ме прочитате убаво, јас реков немаат секс ако не им е сериозна врската, но тоа немаат нормално дека незначи сите немаат, пак постои мал дел кои го покосуваат тоа.
    Конкретно зборот ми беше, ако споредуваме македонки со албанки, зборам дека македонки за нијанса повеќе љубовници од албанки. Ако албанки се мажат за македонци, тогаш има пак повеќе за нијанса или две што македонки се мажат за албанци. Ако албанки имаат македонец за љубовник, тогаш македонки има за некоја нијанса повеќе што имаат албанец за љубовник.
     
  6. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Добро, реков дека погрешно се изразив и се извинив ради тоа и реков дека не мислев на сите, меѓутоа така го напишав и моја е грешката, ете, тој стих е наменет за мал дел, а и незнам зошто толку одма си го сфативте тоа лично, мене и педер и идиот и да ме поистоветите со Петре или кој било, ништо не ме тангира, зошто си знам што сум и каков сум. Требаше вие да застанете во одбрана на македонките што ги "навредив", а не вие да се почувствувате како навредени, зошто не ни мислев на вас, а и верувам ни вие не го мислите тоа за себе, така што немаше потреба да си го земете при срце.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.322
    Пол:
    Женски
    Јас сум Македонка. Читам за нешто коешто почнува со „Македонките“. Не се чувствувам навредена, не ги земам при срце зборовите на секого, но како Македонки сакавме да те увериме дека не си во право.

    И никој не те поистовети со никого, ниту те навреди. Само ти реков дека исто како него мислиш за нашите, за своите жени.... Напротив, темава е резервирана за тоа какви се Македонките и не знам зошто се`уште го носи горниов наслов.
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    @Sawyer Душо моја и овие и оние се исти. Тоа сакам да го кажам во моите постови, затоа што Албанките се напраија светици.
    И да, немаат секс ако не им е сериозна врската, ете и во двата примери имале и да е само тоа.Така да лошо е да се каже за некоја курва, а посебно дека Македонките се тие, а Албанките се чесните затоа што се кријат по грмушки и разно разни дупки.
    Епа чесна сум и јас кога никој не ме видел што правам, тути бути работава.Ме повреди генерализацијата за Македонките и истакнувањето дека на вас мажите ви се гади од нас (не е наменето за тебе конкретно да нема забуна).
     
    На tessie, UnknownLadyDi и bittersweet им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Ајде ве молам да се престане со оф-топик дискусијата, да не ве бришам страници наназад. Петре е баниран од темава (како и од многу други).
     
    На girl-miri, IronLady, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  10. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    sekoj kako saka i dodeka mu e ubavo neka ide a posle?
     
  11. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Очигледно дека не можат да се разграничат некои работи.
    Можете да бидете со кој сакате, без разлика на возраст, религија.
    И не тупете, посекако што и да кажеме нема ништо да смени.
    И уствари нормално е тоа, големава работа, ако сакаш да бидеш, кој ти брани??
    А тоа дека Албанкиве не се светици, жив доказ е вагинопластиката, при која самите докторките изнесуваат дека се работи за муслиманки (најчесто они правеле).
    Па се додека се плукаме едни на други и некои се прават светици, ќе има такви предрасуди и стереотипи, којшто не се базирани на никакви факти, туку приказни од '903.
     
    На peperutka87 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е ова соодветна тема за мојов проблем, ама ете овде ќе пишам. Имам помала сестра, 17 години, се гледа со момче од различна вероисповест. Дечкото има 20 години, до неодамна бил верен и сеа као демек многу ја сака сестра ми и оваа се залета по него. Ја убедувам да престане додека е уште почеток зашто моите во никој случај нема да ја прифатат таа врска и зборев дека нема да трае многу, само ќе си направи проблем ако ја дознаат, ама не сака да слуша. Ми вика ти немаш право да збориш и не смееш на никого да кажеш. А не смеам да кажам зашто имам направено една голема глупост за која она може да отвори уста, а тоа не можам да си го дозволам.... Како да ја разубедам дека тоа што го прави е многу погрешно? :sweat:
     
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ке и објасниш на сестра ти, дека не те загрижува тоа што таа тебе може да те издаде, туку нејзнината среќа и иднина.
     
    На mackica1 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.989
    Допаѓања:
    135.253
    Пол:
    Женски
    чекај сеа ... шо ви е болното тука, шо бил верен еднаш или шо е друга вера?
     
  15. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Проблемот е тоа што е друга вера, а спомнав дека до скоро бил верен зашто не верувам дека стварно ја сака, бидејќи живееше до неодамна со вереницата и биле заедно долго време.
     
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.989
    Допаѓања:
    135.253
    Пол:
    Женски
    20 години има а веке живеел со вереницата а и долго бил заедно ??? wtf ??? Мене ми е пострашно ова него тоа шо е друга вера.
    Ако добро се однесува со неа, ако се однесува како човек, шо е битно коа вера е. Па и шо бил верен, у денешно време луѓето се разведуваат после долги години брак, па никому ништо, а он верен бил, мање битно.
     
    На Vertigo TJ и tessie им се допаѓа ова.
  17. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Ја знаеш ли причината зошто раскинале? Кај муслиманите тешко се раскинува веридба па не ме чуди пак да се смират.
    Јас не гледам причина зошто да смета тоа што е муслиман ако е асален човек и ако ја третира сестра ти како што треба, ама секој со своето мислење.
    Ти можеш да поразговараш со сестра ти, па што ќе биде потоа останува на нејзе.
     
  18. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    @Sesil @Sanjichka007

    Не би ми сметало ако беше повозрасна. Можеби и јас на некој начин ја охрабрив да биде со него, кога зборев со мајка ми општо на таа тема, ама ги знам нивните ставови и ако дознаат ќе биде многу лошо. Секако нема да ја издадам, не само затоа што и таа има нешто против мене, туку свесна сум колку голем проблем ќе настане. Јас не го познавам и незнам каков е, а и нема никогаш со сигурност да знам каков е бидејќи не живееме во Мк. Не знам дали воопшто можам нешто да направам...
     
  19. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    3.544
    Пол:
    Женски
    Сепак живееме во време кадешто врските на луѓе од различна религија се сеуште табу тема , мене лично што тој е муслиман не ми пречи воопшто доколку е вистински човек но на генерацијата пред нас тоа му пречи и сестра ти сигурно ќе има огромни проблеми со вашите родители. Ти можеш колку што сакаш да и зборуваш и да ја убедуваш но доколку та е затрескана плус е во такви години каде што тешко нешто влегва во глвава НЕМА ДА ТЕ ПОСЛУША и ќе си тера по свое, мислам дека ништо неможеш да направиш освен ако не си спремна да ја жртвуваш и твојата тајна па твоите родители нека превземат нешто ако е тој толку страшен.
     
    На Limpan и blond.bunny им се допаѓа ова.
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Раскинале зошто не била невина. Нека не се лаже девојчето, молете. колете, ама сепак друга вера е и ја користи сега само да пополни време.
    Сега читам и дека не живее овде. Ве молам како родител, разубедете ја дека тој човек не е за неа.
     
    На okcenzi и DELFIN-15 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.