Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми се допаѓа момче/девојка со различна религија од мојата

Дискусија во 'Канта' започната од ALEXXX, 5 мај 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    @Daleron ти благодарам, ќе се обидам да ја разубедам што е можно побрзо.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Ова со различниве религии во Македонија можеби и може да функционира, но само ако и двајцата и се 100 % тотално решени да се соочат со сите провокации на ова ментално закоравено мнозинство.
     
    На Hipica и tessie им се допаѓа ова.
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Eveline отвори и ја темава на сестра ти неколку страни наназад чисто да припрочита неколку мислења и да сфати какво мислење имаат луѓето општо за ваквите врски.
    Мене лично најмалку ми пречат луѓе од друга вероисповед или националност, но кога е врска во прашање е тоа е друг муабет веќе. Незнам што е тоа што сестра ти го знае за тебе а твоите не смеат да го знаат но ако отворено разговараш со неа јас верувам дека ќе сфати. Ако мислиш дека е нешто пролазно остави ја, но немој да излезе нешто повеќе зошто на крај 99% таа ќе биде повредена. И не е дека еден муслиман не може или несмее да сака христијанка туку ним верата не им дозволува, имаат поинакво воспитување од нашето и така натаму. Да не се одалечувам од темата со разговор се може да се реши. Кажи и дека утре таа ќе биде одбегнувана и осудувана од сите, никој нема да сака да се дружи со нејзе, а момчињата пак ќе добива секакви понуди само ништо сериозно. Јас верувам дека се може да се поправи ако се сака, но некои работи е подобро да се спречат дури е време. Плус таа е дете, премногу е млада и наивна да се плетка во вакви работи.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. talkach

    talkach Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Машки
    razubeduvaj ili ne ......vrskata so druga veroispovest ne bi trebalo da e problem...ako e se normalno ....no problemot e civilizaciski...pratete malku dnevnik na tv sto se slucuva....... ako nekoj e spremen da ima milion problemi vo zivotot neka poveli///surova realnost.....da ne gledame mnogu turski seriii...........zala, sto e taka no treba da ziveeme vo realnosta..a togas mnogu raboti polesno ke gis vatime...i ke resima mnogu problemi..................uh se zamoriv od mnogu razmisluvanje ahaah..i sovetuvanja......ke si legnam
     
  5. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите што оддвоивте време да ми помогнете, устава пена ми фати од зборење, ама изгледа се исплати, преѓе ми рече во право си ќе разговарам со него во најбрзо време и ќе прекинам. :nod:
     
  6. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.787
    Допаѓања:
    6.630
    не сакав да коментирам.болна тема за мене.
    имав еднаш таква врска.болна за мене.бев многу заљубена.ми ветуваше многу работи.до мене секогаш ќе бил,ќе ме земел.минавме низ многу проблеми.потоа се преселив во странство.но и тогаш не заврсши.контактиравме.не можев да се помирам со тоа дека живеев илијадници километри од тој што го сакав.ми ветуваше штом ке се вратам дома ќе ме земел и повеќе не ме пуштал никаде да одам.ми верував многу.отидовме на одмор.таму му проверив телефон.така дознав дека е женет и дете има.
    сепак тоа е мое искуство.тоа не значи дека и кај друг ќе се случи истото.
    мене ми требаше многу време да излезам од тој пекол.
     
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  7. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Сваќам дека љубовта нема граници ,односно не би требало да има нооо да бидеме реални во какво време и цивилизациско општество сме,скоро и невозможно е врска со друга религија,ако сакаат милион проблеми изволте,но боље спречити него лечити
     
    На eloves и talkach им се допаѓа ова.
  8. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Знаете не е тоа толку трагично, сите сме луѓе од крв и месо нели? Трагичното е што ние како луѓе сме научени на исмејување и осудување. Зошто никој не си рече: добро се сакаат, љубов може да се роди меѓу секој, во секое време и на било кој начин. Проблемот е што секогаш таквите се покажувани од страна на своите со прстот на омаловажувањето. Јас никогаш не би осудила туѓ живот, не би покажала со прст. Доколку некој ја пронаоѓа својата сродна душа во човек кој е само друга религија, би го почитувала тоа и никогаш не би се исмејувала на база на било кој од двајцата партнери. Луѓе во странство сето тоа е нормална работа. Најважно за една врска е да има љубов, почитување, внимание, разбирање итн итн. Доколку двајцата се совршена комбинација еден за друг, супер! Тие меѓуетничи тензии, религиски недоразбирања и слично самите ги ствараме - никој друг. Знаете моите родители се разведени, а се од иста христијанска вероисповест. Од друга страна гледам бракови од различна вера кои до ден денес опстојуваат и се среќни. За среќа и љубов, и прекрасно семејство се многу други работи позначајни одколку религиските. Поздрав.
     
    На Kerim, Papillon.Papi, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш имав нешто со дечко од муслиманска вероисповед. Кратко се гледавме, еден месец или два, и престанавме да се гледаме поради скроз други причини од религијата.
    Иако прекинавме, до ден денес јас немам запознаено пофин, подобар, покултурен дечко! Таков џентлмен, каков што мислам дека не заслужва нашиот град. Секако си има свои мани дечкото, ама се на се јас сеуште сум фасцинирана од неговото културно понашање. Не само кон мене, туку и кон светот и кон животот и кон другарите и кон се.
    И башка тоа, толку згоден!! Тотално бев најсреќна на светот што успеав да го минам тоа време што го минав со него. Во облаци бев. Иако целото тоа искуство беше повеќе платонско, со долги разговори и погледи и по некој бакнеж, мислам дека засекогаш ќе го памтам. Тој замина да студира во Турција, и се врати по една година и тогаш се видовме неколку пати, но нели помина цела година и јас имав лични проблеми и како и да е не успеа.
    Но искрено, доколку успееше воопшто немаше да ми смета неговата религија. И според сите разговори наши знам дека и тој така се чувствува. Ми имаше речено, ако сме заедно само почитувај ја мојата религија не мора да си дел од неа, и јас ќе ја почитувам твојата.. Нели сите си имаме разлики, нека ова биде нашата,

    Сметам дека луѓето општо, и патнерите треба да ги одбираме по компатибилност, по човечност, по карактер. Мое мислење. Не знам што носи иднината, но знам дека не сум и нема да бидам ограничена на ваков начин.
     
    На Kerim, Limpan, bubic.k и 12 други им се допаѓа ова.
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    За жал нашето општество сеуште не ги прифаќа ваквите врски од различни причини.
    Во нашето општество човек да убиеш полесно ќе минеш.
    Јас лично луѓето ги делам на добри и лоши.
    Ако ми одговара еден човек се дружам со него, ако не не се дружам. Никогаш не сум дозволила верата или националноста да бидат пресудни или да го однегнувам некого само заради тоа што е муслиман. Пак ни тој некој не е виновен што е муслиман, да се родел во христијанско семејство ќе го крстеле и ќе бил христијанин. Но конкретно проблемот е во тоа што ние многу се замараме што ќе кажат родителите, комшиите, друштвото, роднините и сите околу нас. Значи со тој човек јас ќе делам кревет, нема тие ако мене ми одговара што има некому да му биде гајле дали е муслиман или будист? Значи мразам дискриминации и кога некој се дискриминира заради глупи причини. И далеку од тоа дека превртувам очи кога ќе видам двајца млади од различна религија, напротив мило ми е од причина што разликите треба да не зближуваат, а не одалечуваат.
     
    На crimson, Lotus-14, Sunshine.Sunshine и 2 други им се допаѓа ова.
  11. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    како можеш ти да процениш за месец или два дека тој бил најкултурен најфин и се нај нај???
     
  12. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Мора некој веднаш да се исконтри на мислење. Значи ова си е мое мислење и моја проценка.
    Реков дека се гледавме месец-два, а нигде не потенцирав колку се знаевме претходно. И плус е напишано дека од како се врати по една година повторно се видовме неколку пати, што значи дека една година бевме во контакт.
    Можам да проценам, бидејќи не сум глупава и површна. Јасно се гледаат намерите на одредени личности уште по еден саат од разговорот, не пак по еден месец. И секако сеуште дечкото живее во мојот град, сеуште го имам на социјалните мрежи итн итн, се гледа дека има вистински вредности и дека е стварно дете на место.
     
    На Hipica, Lotus-14, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Ако не сакаш да те контраат што уопште писуваш тука..????
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Абе давај ти контра коментари, ама нека бидат издржани. Нели тоа е поентата на една дискусија.

    А ако ти не можеш за месец-два дружба со некого да го процениш истиот дал е културен или не (нешто што се гледа од авион кај луѓето), јас навистина се чудам како градиш контакт со луѓето околу тебе. Само некој премногу наивен и слеп (има и такви луѓе кои не успеваат да проценат други; таквите се или преголеми скептици, или премногу добродушни и мислат дека сите се како нив добри) не може да процени основни карактеристики на друг човек со кој активно комуницира.
     
    На s1a1n1d1r1a1, eloves, Valentina.Vaki и 3 други им се допаѓа ова.
  15. blueeyes7

    blueeyes7 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    10
    Никако врска со од друга релијига!!!! Зарем малце христијани имате па сте нашле да одите со муслимани, мислите дека ќе бидете со нив со крајот на животот?! Епа се лажете самите себеси, пошо ни неговото, а ни вашето семејство нема да прифатат таква бесмислена глупост, А СЕМЕЈСТВОТО Е НАЈВАЖНО ОД СЕ! Така да прекинете си ги вашите ненормални врски, сватете не сме исти светови, далеку сме едни од други....
     
    На Kerim му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.989
    Допаѓања:
    135.253
    Пол:
    Женски
    а со будисти, евреи ... може?
     
    На eloves, Sanjichka007 и Hipica им се допаѓа ова.
  17. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки

    Во нормално општество, вакви теми не би ни постоеле на форумов...
    Но, ситуацијата е таа што е, и колку и да сакаме да сме филантропи и да пропагираме љубов, денес Христијан со Муслиманка не одат во комбинација, а уште помалку Муслиман со Христијанка... Би биле изложени на ненормален внатрешен и надворешен притисок и, порано или подоцна, тоа ќе се рефлектира на самата врска.

    Ти ја разбирам поентата на прашањето, затоа и те цитирав... Но ете, кога се зборува за љубов помеѓу различни вери, најзасегнати се овие две, како најзастапени и „најнепријателски“ настроени една кон друга.
     
    На blueeyes7 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Aquarius21

    Aquarius21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Јас ќе си кажам свое мислење имам другари и другарки кои не се христијани се припадници од друга религија. Го оправдувам пријателството затоа што сите сме еднакви на овој свет не треба да се делиме според религијата, ама јас никогаш не би започнала врска со некој што не е припадник на мојата религија не затоа што моите не би дозволиле или не затоа што би реколо општеството туку затоа што колку и да се трудиш да поставиш некоја рамнотежа помеѓу едната религија и другата ќе биде многу тешко без разлика колкава е љубовта. Но нема да си земам за право а осудувам луѓе кои се во врска со некој/а од друга религија. Но секој си има право на свој живот на кој како што му одговара така ќе си прави.
     
    На Heart *21* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blueeyes7

    blueeyes7 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    10
    Па нашето балканско подрачје најзастапени се овој вид на врски затоа и така го пишав, сите сме свесни што значи врска со муслиман/ка но некој од нас не сакаат да се соочат со тоа и да си го признаат,не се сложуваш?
     
  20. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    A што значи врска со муслиман/ка за што сме биле сите свесни? :)
     
    На eloves, Hipica и crimson им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.