Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми се допаѓа момче/девојка со различна религија од мојата

Дискусија во 'Канта' започната од ALEXXX, 5 мај 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.990
    Допаѓања:
    135.255
    Пол:
    Женски
    би биле изложени на толкав притисок колку што самите ние ке дозволиме да биде извршено врз нас ... ако ти си у врска со муслиман/ка и пред другите се појавуваш со наведната глава ради тоа, вртиш муабети дека ке се христијанизира сам потклекнуваш на притисокот. Ако смирено си кажиш дека си у врска и не наведуваш шо е, како е, само тоа дека ти е убаво со партнерот/ката никој нема ни да ти изврши притисок.
    И денес у 21 коа у се сме многу напредни, сеуште постои таа верска поделба меѓу народот и има верска нетрпеливост.
    Пред некоја година моја блиска особа која потекнува од традиционално христијанско семејство се омажи за муслиман. И сите очекуваат домашните да не ја погледнат, да ја откажат едноставно од фамилијата, па оние ,,похрабрите,, дури ги подбуцнуваа родителите демек леле шо ви се случи, шо ве снајде, божем умрета е керката, не мажена... тие смирено си одговараа дека нивната керка е мажена за ЧОВЕК а тоа у кој верува мање битно. Штом и двајцата стапиле во врска со човек од различна вера, значи не им пречи, не се до толку ,,затворени,, и ги прифаќаат разликите меѓу луѓето. АКо на некој му пречи што некој друг е различна вера од неговата нема ни да контактира со таков човек, а камо ли да почне врска со него па дури и брак.
     
    На eloves и crimson им се допаѓа ова.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Значи што нема никаква перспектива, е тоа значи.
    Дружба е друго.а врска нешто сосема друго. Посебно во денешно време и тоа на овој наш простор.(facepalm)
    Премногу гледате турски серии.
    Едит: @Sesil во мое време врска немавме од религии, додека денес е сосема друго, политиката си го направи своето (со исклучоци)
     
    На Skmaki, butterfly4, Valentina.Vaki и 2 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Предрасуди. Се` се тоа предрасуди и ништо повеќе. А може да ги има на разни основи. На некого нема да му чиниш што си идела со Грк на пример, иако сте иста вера, на друг нема да му чиниш затоа што си имала икс врски, пред него а не ипсилон, на некој ќе му пречи што си ги немала, на некој нема да му се свиѓа аголот под кој ги пружаш алиштата, на некого нема да му се свиѓа што носиш здолниште точно до колена, што не си одредена и не бираш или кратко или долго, а сепак да не го смета за баук тоа што ти го сметаш за недозволиво и ненормално ... за некого водиме нормален, за друг ненормален живот. Некаде на некое подобро место се смета за ненормално тоа што воопшто се навлегува во нечија интима до тој степен да го судиш според тоа дали оди со некого од иста вера или не. Има и голем број луѓе во такви заедници коишто успеале да се одржат. И не се по дифолт ненормални, несреќни и малтретирани.

    Имаш право да не си за мешање вери, ни јас не сметам дека во срединава каква што е треба до толку да се ризикува освен ако не е навистина голема, искрена и чиста љубов во прашање, но не се дрзнувам да давам дефиниции за нормално и ненормално.

    Семејството е важно, да, но и на семејството треба да му е важна нашата среќа, а не што комшивката од петти смета дека е нормално.
     
    На Sunshine.Sunshine, eloves, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Аха, значи врските помеѓу припадници на овие две религии се појавиле последниве години а? Кога почнале турските серии значи? :?:

    Да ти кажам од семејството мое примери дека има перпектива таквата врска?
    Секој има свое мислење ама не наметнувајте и не осудувајте.
    Секој е пред се човек, без разлика на религијата.
    Дали е добар или лош зависи од поединецот а не од неговата религија.
     
    На Bender Rodriguez, eloves, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Ама, затоа и потенцирав дека покрај надворешен, ќе има и внатрешен притисок.
    Ти си разумно битие, твојот партнер е разумно битие. Тој влегува во врска совршено свесен дека тој е Муслиман, а ти Христијанка, и обратно...
    Некогаш, овој притисок наголемо го дефинира понатамошниот тек на настаните, меѓусебниот однос и довербата.

    Ќе ме поправи Далерон ако грешам, но мислам дека поентата беше дека во турските серии на крајот, и покрај се’, врските успеваат, дури и ако се од различни религии... нешто што во реалноста е далеку посурово.
    *да напоменам, ова го коментирам од некој си комон сенс, немам ниедна турска серија изгледано и затоа, можно е сосема погрешно да сум ја разбрал.
     
    На Daleron и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Овде не станува збор само за двајца, туку за цели семејства.
    Не случајно реков со исклучоци, затоа што познавам повеќе такви семејства кои функционираат.
    За сериите искарикирав.
     
    На Nightwalker и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  7. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ^ А зошто да станува збор за цели семејства?
    На крај краева, не се мажиш/жениш утре за неговото/нејзиното семејство туку за него/неа.
    Ако мене некој ми одговара во секоја смисла, религијата ќе биде последното нешто што ќе го погледнам.
     
    На eloves, tessie, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Во ред е така да се збори оддалеку, ама кога ке дојде ситуација, кажи ја дома на родителите и биди искрена и пиши овде какви се реакциите.
    Никој не рекол дека не е во ред врска со муслиман, туку дека неприфатливо е на наше тло т.е. ретко кога успеваат браковите.
    Дури и во своја близина имам таков брак-таа од семејсво интелектуалци, професори една на мајка и татко а тој друга вера (не е битно која, нели)...кога разбраа нејзините ја пратија во странска земја на ,,шетање,,.
    Но љубовта не пита - тој се качи на воз и отиде и тој кај неа и седеше таму додека траеше нејзината екскурзија.
    Немаше чаре, се венчаа.
    Ниту неговите ниту нејзините среќни...едноставно фамилиите не се почитуваат и точка.Јас еве лично сметам дека една од точките за убав брак и хармонија е обостраното почитување на фамилиите (ова нагласувам си е мое мислење и не се трудам да го наметнувам).
    Се родија две деца едно по друго, младите се раскараа, фамилиите едвај чекаа да се спречкаат младите и да ги разделат.
    И сега ???
    Разведени.
    Тажно ама вистинито.
     
    На mila1111, butterfly4, Elena69221 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Да си плукнам во пазува имам женско дете не знам што ме чека.
    Во секој случај ќе молам ќе убедувам колку што можам, сепак ми е дете и не знам дали семејството нема да и биде важно, колку што мене не ми е важно или на тој некој си со различно воспитување од нашето.
    Разбирањето и почитуваето пред се, а не љубовта па било која вера и религија да се.
    Ајде ќе се откажеме од сите затоа што ние се сакаме.
    Имам милион примери и од иста вера, забранета љубов од било кои причини и знаете како завршила на крај!?...........................................
    Едит: И јас лупав со главата во ѕид и покрај сите убедувања, па сега на кое дереџе сум, иако бевме иста вера.
     
    На butterfly4, Valentina.Vaki, Sanjichka007 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Сега засега во овие услови во кои живееме овде на балканот просто е невозможно да се биде во врска со човек од различна вера а да притоа не се помине низ пеколот. Лесно е на почетокот се сакаме и само тоа ни е битно, но подоцна доагаат до израз разликите кои во многу случаи се поголеми од работите кои не зближуваат.
    Лесно е овде да сме космополити хартија трпи се, но во реалниот живот не е така. Иако верата можеби е повеќе психолошка отколку реална работа сепак сочинува голем дел од нас како луѓе.
    Јас мислам дека има доволно луге со кои делиме исти духовни вредности за да можеме да направиме избор за наш животен сопатник, наместо да правиме екскурзии кои скао ќе не чинат.
     
    На eloves, butterfly4, Daleron и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    @referentka
    Да, се случува. Јас не велам не.
    Можеби е почесто тоа сценарио кога родителите не би биле среќни доколку нивните деца се со личност од друга религија, НО, мене не ми е јасно само зошто да не се среќни?
    Зарем среќата на нивното дете не е побитно од тоа што ќе речат комшиите ако ја видат со муслиман/ка? Зарем не е побитно детето да им е со личност која ја сака и почитува, отколку со некој што не ја почитува ама нема врска, од нивна религија е.

    Детето е дете до одредена возраст, додека зависи од своите дома, потоа тргнува по свој пат. Не значи дека се откажува од семејството и дека помалце ги почитува или дека се откажува од својата религија. Само дека има право на свој живот, па и семејството ако толку се секира за неговата среќа, ќе прифати и нема да му се меша.
    Што знам.... ете мене не ми е јасно зошто се тие такви размислувања.... :?:
     
    На eloves, Sunshine.Sunshine, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски

    Точно не се мажиш/жениш утре за неговото/нејзиното семејство туку за него/неа.
    а Твоето семејство што ќе биде разочарано од тебе? Што си му задала таква болка,на млади години? :)
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    A со што би му задала болка и разочарување? Со тоа што сум среќна, што сум нашла човек во права смисла на зборот? Да е таква ситуацијата, моите први би ме поддржале во тоа.
     
    На eloves, crimson и tessie им се допаѓа ова.
  14. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Веруј ми твоите и било чиви родители не би биле среќни со таа твоја одлука.Можеш да си ја залажуваш совеста,има луѓе со добро самоубедување...ама сепак тоа е само Самоубедување и ништо повеќе.
    Биди ми поздравена.
     
    На referentka и Daleron им се допаѓа ова.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.884
    Пол:
    Женски
    Од кај знаеш ти дали нејзините родители би биле среќни или не?
    Еве јас знам за моите, и кога јас би била среќна, и тие би биле.

    И те молам дефинирај го зборот самоубедување. :D
     
    На Sunshine.Sunshine, tessie и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  16. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Секој со своето, можеби јас сум среќна премногу што сум во такво семејство каде што ме учеле да не ги делам луѓето според вера и нација па затоа вака размислувам. :)
    Јас знам дека ако имам утре таква врска, ќе бидам 100% поддржана во одлуката.
     
    На Sunshine.Sunshine, tessie и crimson им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Па ако бидат среќни што ти ќе бидеш БУЛА тогаш незнам каква среќа е тоа. Дали за плачење или смеење?
     
    На referentka, Daleron и Valentina.Vaki им се допаѓа ова.
  18. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски

    Добро сега ќе навлегуваме у муабет ? Кажав што имав да кажам а ја да ти го дефинирам зборот срамота е,имаш интернет гуглај малку имаш и лексикони патем just like information 8)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.884
    Пол:
    Женски
    Јас сум Македонка. Ако некогаш се омажам за Албанец, ќе бидам пак Македонка.
    Исто така сум атеист, ако тој е муслиман, сигурно нема да менувам вера.

    Самоубедување е self-confidence од англиски, што во превод е самодоверба и нема никаква врска со претходниот муабет. Јас не сум таа што треба да отвори лексикон, исто така фразата just like information не значи ништо. :)
     
    На tessie, Sunshine.Sunshine, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Бубаче а ти од кај мислиш дека сите муслимани се затворени? Немој да ми речеш дека од гледање низ градот бидејќи тешка глупост ќе треснеш.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.