Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми се допаѓа момче/девојка со различна религија од мојата

Дискусија во 'Канта' започната од ALEXXX, 5 мај 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски


    Сањичка,така се викаш правилно?
     
    На buba4e89 и Daleron им се допаѓа ова.
  2. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    6.633
    Daleron сакав само да те прашам, бракот со човек од иста религија ти успеа ли?
    немој ова да го сватиш како навреда.далеку од тоа дека сакам да те навредам а и не ми личи на годините.
    сакам само да кажам дека секој е со својата среќа.секаде може да има несгласуванја,кавги.двајцата партнери да не наогаат заеднички јазик.само треба да го избереме вистинскиот човек што може да не усреќи.и бракот помеѓу партнери од иста вера нема гаранција дека ке биде долг и успешен.
     
    На moneni му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски

    Не напишав и порано НЕ секој со својата среќа.
    Едит: Метлата каде ја купија сакам иста таква, ама секое метење да се наплаќа.
    Едит: Најинтересно е се на овој форум е совршено со сопрузите бре мајката.................
     
    Последна измена: 21 април 2015
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Секако дека не.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Најтешко е кога ќе се заљубиш во некој,и дознаваш дека е друга религија.Сум се нашла во таква ситоација,навистина боли...;(
     
  6. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Ве читав нагоре и неможам да ве сфатам некои со вашите размислувања.. значи сите сме луѓе од крв и месо неможеш да кажеш еј шиптар е или ваков е или таков е..
    Искрено како што е дојдено времево побрзо таквите ќе ти се најдат во животот однего ли нашиве.. така да јас мислам не треба да ги делите..

    Најбитно е да е човек, да ве сака и да ве цени пред се другото не е битно!
     
    На Gosh, Feather, realGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски

    Па...во ред е ,но сите те осудуваат..
     
  8. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    А за другите живееме или? :)
    Нормално дека битно е мислењето и од другите, но не целосно да влијае врз нас и ако гледаме така ништо нема да направиме во животот..
    Затоа уживајте еден е животот и + тоа и од дома да се противат ќе прифатат еден ден ако видат дека стварно се сакате ..
     
    На Gosh, Feather, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.884
    Пол:
    Женски
    Мислењето на другите е важно ако е добронамерно и ако вистински може да ти помогне.
    Такви комшивски муабети и оговарања не треба да ви се важни, ич. :)
     
    На Feather, kjukli, Sanjichka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Ulove

    Ulove Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски

    па да цело време јас тоа кажувам да не влијае мислењето...Но,има луѓе кои премногу притискаат.
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  11. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Добро дали е можно во ова проклета проста земја да си го искажи некој своето сопствено мислење?
    Не ви е на сите јасно дека имаме различни сфаќања и погледи кон светот и животот?
    Не само за оваа тема, на сите можни теми секој си има свој поглед со кој не мора никој да се согласи, но како човечко „интелигентно“ суштество треба да го почитува. Не може мене некој да дојде да ме разубедува какво мислење имам за муслиманите, или хомосексуалците или германците итн.
    Затоа искажи си го своето мислење и почитувај ги останатите!

    Моја брачеда прва беше во брак со НАШ христијанин. 7 години. Тој не сакаше да има деца со неа, постојано беше излезен, се тепаше каде што излегуваше, редовно пијан дома си идеше истепан, со други жени одеше итн. Брачеда ми се разболи, тумор. Тој со ОКО НЕ ТРЕПНА за неа. Буквално. И на сред битка со болестта, таа се разведе од него.
    Сега по неколку години, е во брак со МУСЛИМАН. Никогаш не сум ја видела посреќна. Живеат во таква заедница, слога, и љубов каква што секој би посакал. Имаат две дечиња Адам и Нора. Универзални имиња. Тој си оди во џамија си се моли, си прави сам баклава за Бајрам итн, брачеда ми си вапцува јајца си оди во црква никој на никој ништо не му наметнал. Ни пак на дечињата. Кога ќе пораснат слободно можат сами да си донесат одлука дали ќе бидат христијани, муслимани, будисти, атеисти, протестанти, католици или друго.
    Родителите нејзини да, се бунеа. Ја отпишваја во весници и слично, ене ги сега секој ден му ѕвонат и кога е на гости зетот трчаат да му угодат оти се виде кој колку вреди на крајот.
    Сфаќам дека е тешко да опстојат вакви врски на Балканот поради менталитетот и историјата на просторите и слично, ама аман бре луѓе! Го направивте ко кузнај што да е. Муслиманките биле забулени. Што ве гледам смешни. Јас учев со муслиманки и се дружев со нив и јас подолги сукни и позатворени блузи од нив носам.

    И да не ми се испрај сега некој овде, ОВА Е МОЕ ЛИЧНО И ПЕРСОНАЛНО МИСЛЕЊЕ.
    Не мора никој да пробва да ми објаснува надолго нашироко што сум напишала и да ме разубедува.
    Доволно сум возрасна да знам во каква средина живеам, и сепак да си оформам нормално мислење. :D
     
    На moneni, nena2010, Gosh и 20 други им се допаѓа ова.
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    @s1a1n1d1r1a1 многу добро напишано од твоја страна, се согласувам 100% со твојот пост.
    Но, секогаш ќе постои едно големо НО. Знам дека деновиве ви звучам глупаво со муабетот Македонија сме ама морам пак да кажам дека сме Македонија, затоа што нашето малограѓанство и простоќа се безконечни, сфатете го ова како сакате не ми е целта да навредам никого оти и јас сум македонка. Имам вујко во Америка жена му е каталик и ко слушна дека се замараме со тоа кој која вера, раса или националност е буквално неможеше да поверува. Не викам дека сите треба дечковци муслимани да испофаќаме, далеку од тоа но живееме во такво општество каде што постојат и албанци и турци и роми и босанци и колку и да избегнуваме некаде ќе се случи. Ако јас некого цело време го гледам попреку или покажувам дека сум против неговата вера неможам да очекувам истиот да ме почитува. Ако гледам дека некој забегува со муабетите, па и македонец нека е фино лепо си стојам на страна од таа личност. Нема потреба од навреди и такви работи. Можам да се скарам со некого, можам да му кажам и некултурен, непристоен и едно друго и трето, ама шиптар, јурук, циган . НИКОГАШ! Па не е тој виновен што се родил како албанец.
    Друго нешто сите муслимани биле исти, незнам јас тоа какви се оти не ги познавам сите. Босанци непознавам ниту еден, албанци едвај двајца. Тој првиот ми беше дете на место фино, културно а смешки пак што правеше и ден денес се смеам на неговите муабети. Тој вториот пак еден фалбаџија, со тек на време го избегнував и денес не комуницираме и одамна го немам видено. И сеа неможам јас само затоа што вториот бил фалбаџија да кажам дека сите се такви, тоа никако.
    Може и ние како народ некому да не чиниме па ништо. Како што може муслиман да ме навреди, да ме понижи или да ме истепа истото го може и христијанинот, се зависи до човекот и колку е тој подготвен да се жртвува за жената што ја сака. Отворете ја темата снаи и свекрви и ќе видите нема потреба да образложувам јас тука.
     
    На moneni, H.VAGA, s1a1n1d1r1a1 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Didi333

    Didi333 Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Vaka lugje mi treba vas sovet i vase mislenje.. Jas i decko mi sme od razicna veroispovest i dvajcata sme 18-19godini... samo jas nikogas ne sum se osekjala vaka go sakam povekje od se se imame pominato zaedno se sto sme posakuvale i sme sonuvale go imame eden so drug.. samo roditelite moi toa nemozat da go prifatat a imaat problem so zdravjeto i mi branat da bidam so nego. sto da pravam :'( ?
     
    На littlevampire му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Ако сум во твојата ситуација и моите уште ме ранат, пазат, чуваат и не работам, ќе си ќутам и ќе си траам. Не би можела да им се бунтувам, посебно кога не се добри здравствено, уште да сум под нивен кров. Хмм.. Млада си имаш тек 18 години, сакаш се да ризикуваш за еден дечко? Без разлика на вера, и да сте иста, истово ќе ти го кажев. Заврши си факултет, школувај се, најди работа, осамостој и тогаш оди во контра на цел свет ако сакаш.
    Немам против и не ми е битна никаква религија, националност. Атеист сум и сега што правиме? Па дечко ми е верник, христијанин, и тоа треба мене нешто да ми смени? Јас секако нема да се венчам во црква, ни да одам во црква, нема да славам верски празници, нема да им кажувам на децата во што да веруваат и зошто. Тоа не е никаква препрека за да бидеме заедно, нели? Зошто тогаш би била препрека двајца од различна религија? Кажа погоре една феминка убаво, жената си слави православни празници, сопругот муслимански, децата си имаат универзални имиња.. Фер, компромис. Се додека има љубов, слога, разбирање, почит и доверба ич не ме интересира кој од која вера или националност е.
     
    На Feather, tessie и Didi333 им се допаѓа ова.
  15. nat17

    nat17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Јас имам дечко од различна вера и воопшто не ми смета заедно сме 1год..кој шо ќе речи не ме интересира сепак еднаш се живеј и сметам дека треба да бидиш со тој шо го сакаш без разлика на се...
     
    На moneni, Feather, realGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Ana Chio

    Ana Chio Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Jas kako i prvicniot post, Imav pregolema strast za edno momche isto taka turcin ... Se mislev dolgo vreme dali da napravam nesto so nego se pisuvavme gledavme koga gi gledav tiee usni mi ideshe da gi izedam kako krofna kako nesto najslatko se pomiriv so toa i imav nekoja prestrasna avantura no ostana na toa .Znaev deka ke se macam mnogu deka ke se krijam i moite a i negovite nemashe da prifatat da sme zaedno .. imam decko 2 i pol godini i se sretnav so nego brzo i pak e tuka istata strast , da zaboravam na se i da se ljubam do izgrejsonce .. No ne sekoj razlikuva strast od ljubov :) so nego ima strast no ljubovta na mojot zivot za edna strasna nojk ne bi ja povredila .. toa e vejke druga tema . Sovet imajte avantura ljubete se no mislam deka ne priverlkuva tolku deka ni e kako zabrateno ovosje
     
    На Sunnny му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Мене чисто онака ме интересира што мислите за врска со момче што е атеист? :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Јас искрено немам ништо против...ама ме интересира и други мислења,пошто често нели се осудувани овие што се во врска со момче од различна религија.
    Мене ме интересира што мислите за атеистите,неверници ?
     
    На nena2010, theowndemon и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  18. Feather

    Feather Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Пред година и неколку месеци се гледав со личност од друга вероисповед и националност. Искрено, додека се гледав со него бев презадоволна,апсолутно на секој план: физички, емотивно и духовно. Чуствував како навистина ме разбира и прави секакви обиди за да ме задржи и направи задоволна. Се чуствував како да сум една и единствена, во него имав преголема доверба и од него чуствував потполна подршка за апсолутно се. Нормално, врската морав да ја прекинам, моите никогаш не би разбрале, а уште помалку луѓето со кои сум секојдневно опкружена. Од некои другарки добивав некаква подршка во однос на врската, но секогаш беа некако дистанцирани, т.е нивниот став беше, цитирам: „Убаво е тоа што си пронашла некој кој те сака и цени, но јас тоа не би го направила’’. Потполно се согласувам со некои феминки кои претходно се изјаснаа дека не секогаш врските и браковите со личност од иста веросповед и националност се успешни и факт е дека нашите македонци не третираат речиси и без почит (и покрај тоа што во некои примери и не е баш така). Искрено, јас бев таа која што беше во постојан страв: што ако дознае некој, што ако се изборам за него и на крајот тој да се вљуби во некоја друга, а од друга страна сум ги напуштила сите кои дотогаш ме подржувале, почнувајќи од родителите, пријателите. Врските во кои двајцата партнери се од различна националност и вероисповед се мн. тешки за одржување. И двајцата партнери треба да бидат полни со самодоверба и да бидат храбри бидејќи секојдневно ќе наидуваат на различни предизвици.
     
    На RedWine и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    @Anna-Banana атеистите се неверници? или не ти го сфатив постот убаво :D
    Јас сум атеист, моите се христијани, и тоа мајка ми е од тие таквите ''забегани'' по религија. :lol:
    На дечко ми воопшто не му смета, он е христијанин ама не се замара многу.
    Досега кога и да сум кажала дека сум атеист не сум добила некоја чудна или страшна реакција, на крај краева тоа е мој избор и не ме интересира што мислат другите за тоа, ако не му се свиѓа на некој чао пријатно и тоа е тоа. :)
     
    На Gosh, Anna-Banana и Feather им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.525
    Пол:
    Женски
    Голем верник сум.
    Но не сум против нечија љубов од различна религија на било кој друг да му се мешам, пораснав во земја каде што тоа е нормално,:smirk::!: се е нормално, да така имам некој свој ставови дека не треба да осудувам нечија љубов или пак било што.
    Многу ефтино ми изгледаат оние оговарање од типот "леле како можела" "зарем има памет" и од такви луге сум дистанцирана или воопшто не започнувам дијалог со истите, ги игнорирам.
    Па зарем вие сте тие што ги храните што им пружате покрив над глава па да се мешате како можеле или слично, кој како му чини така ке си прави.
    Точка.
    Во македонијва конкретно менталитетот на некои луѓе едноставно им е таков каков што е и затоа овие работи ги свакаат толку сериозно.
    Надвор од македонија е се по различно и има милиони бракови склучени врз овој основ, и тоа е нешто сосем нормално, се нема никакви препукувања и предрасуди.
    Јас неможам на никој да му кажам со кој да биде или да ми соли памет или да го оговарам, секој човек си е приказна за себе и тој си знае како му е дома и во душата.
    Нема што јас да коментирам нечиј живот.
     
    На marich, moneni, RedWine и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.