1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми се допаѓа момче/девојка со различна религија од мојата

Дискусија во 'Канта' започната од ALEXXX, 5 мај 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm за примерот со мешаното дете кое го спомена. Еден од најблиските другари ми е мешан, пола Македонец, пола Турчин. Атрактивен, шармантен. Нема девојка која не му се лепи, за сериозно. Последните две врски ги прекина зошто двете девојки беа премногу сериозни кон него, а тој не беше спремен за толку.
    Тоа што е мешан не е мерило како некој ќе се однесува кон него. Зошто ако јас не правам нешто заради што луѓето би рекле, јас автоматски станувам дел од тие луѓе.
    Уште еден едит сега ми текна, негова братучетка е исто мешана, школска ми беше, па ете сега со еден наш иди за сериозно. И ќе продолжам да копам низ меморијава за примери зошто ако некој не те почитува каков што си и не ја заслужува твојата љубов.
     
    Последна измена: 17 јуни 2017
    На Luminary, Mari* и pravnicka_2604 им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    И јас се сложувам со тебе. Родителите се од босанска и српска националност, нации кои и ден денес имаат отворени прашања. Глупо е сегде кај ќе оди ќе се објаснува што е, како е, дека е мешан и дека не е Турчин или Албанец. Плус му е срам да каже од босанската страна е мешан и со Албанци. Не е крив, себични се тие што се мешале кој со кого ќе стигне. Значи Србинка била снаа на Албанка и Босанец. Јас лично не би сакала да билдам туѓа демографија. Си имам вера и нација и важни ми се.

    Зошто да се мажам со муслиман и моето дете утре како мешано да бара партнер под дрво и под камен. Знам жена Македонка и маж Албанец, а нивниот син е со девојка која е мешана од Македонка и Турчин. Дали тој не е ограничен при барање на партнер? Оставете дружење и забавување, ама сериозна врска и брак е друго.
     
    Последна измена од модератор: 18 јуни 2017
    На Madonna, Rama, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    A zasto spored tebe romite ne se luge???? Jas imam drigarki romki na koi v kuka ne mozes da I'm vlezes od raskos, ubavina I cistota. Toa sto bile vo minatoto veke go nema ( so isklucok od nekoi epten zagrozeni)
    Ni oni veke ne se mazat nevini, I Skoro pola sutka( kako sto znam) e so golemi I sredeni kuki, taka da ne gledam nikakov problem zasto ne bi bila vo vrska so rom ili "rasisticki" kazano cigan.....
    Abe seuste li postojat takvi luge sto koristat Kaur, siptar, Cigan( gomnarii)))? ???? Kaj vi e kulturata be luge? ??
     
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Значи овие другите до религијата им е таквото однесување? Не е до човекот? :^)
     
  5. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    и за тие и за тие мислев, само тоа цитирав. простоќата не бира вера нели....
     
    На Anie93 и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Попрво ќе се разведам од свој, отколку од некој што ми е туѓ по сите основи, а веќе ми направил дете на пример. А дури и да го имам тоа дете не би сакала да биде обележано. Некои мешани бракови се ок, со православни ок, ама со муслимани не. Ако се мажиш за муслиман, Божиќ твој и Велигден ќе биде в ќош или нема ни да биде ни в ќош, а ќе славиш туѓи празници, ќе правиш сунет, ќе практикуваш туѓи обичаи, и на крај ќе погазиш се што е твое, име, презиме, нација, вера, традиција. Има и јавни личности Македонки мажени за Албанци, ама па нивните деца имаат албанско име и албанско презиме. Зошто тој муслиман не дозволи барем името да биде македонско, а?Епа нема да дозволи, тие како слеп за стап се врзани за се што е нивно и крај. Знам Македонка која е мажена на Блиски Исток за муслиман, и од неколкуте деца ниту едно не зборува македонски, збор не знаат. Тие веќе се друг народ и друга култура, а јас не би сакала скроз да се стопам во некој друг, далечен, непознат народ, посебно не во времиња кога мојот народ секој ден се помалку го има во неговата матична земја.
     
    Последна измена од модератор: 18 јуни 2017
    На Madonna и Rama им се допаѓа ова.
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    12.228
    Пол:
    Женски
    Да не забегуваме многу во дискусија. Само уште нешто да кажам. Име презиме си задржуваш детето ќе има име кое е океј и за двете религии. Ќе си ги славите сите празници. Сите од мое семејство со мешани бракови прават така. А јас се надрвам здравје Боже еден ден дека нема да живеам во Македонија :) јас во ваква земја не се пронаоѓам
     
    На cavalli му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Абе лесно е да се рече дека ќе ги славиш празниците од двете страни,ама на што личи тоа? Кога децата ќе ви пораснат што ќе бидат? Во што ќе веруваат? За кој Господ ќе му зборувате? Ќе му го направите каша попара умот на детето...
    Што знам,еве јас лично многу си ја сакам и почитувам верата православна и не би била со муслиман(барем не за озбилна врска,) по никоја цена макар и да умирам од љубов(да правам сунет дете мое и да ми има муслиманско име НИКОГАШ) :D
    И не само во Македонија и на крај на свет да избегате,демек кај што се нормални и неосудени во наводници мешаните бракови,сепак од верска гледна точка не е ок да се склучуваат,но јебига 21 век сме и ненормалното одамна зафати опсег да стане нормално.
     
    На Vitaly и fana им се допаѓа ова.
  9. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Не си го комплицирајте животот наједностано... Ретко успеваат вакви врски, а уште поретко бракови. Колку и да има љубов, ако не е прифатено од најблиските - родителите (ептееен се ретки тие кои прифаќат ЕПТЕН) џабе е. Ако нон стоп има кавги, а нема мир и спокој љубовта си ја губи улогата.

    Капа симнувам на тие што успеале на сите да им се спротистават и што успеале заедно да останат во склоп на ваква средина.:bow:
     
    На Mari* и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    12.228
    Пол:
    Женски
    Не реков дека сакам да се селам од Македонија поради нешто такво :)
     
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Извини ако те разбрав погрешно,но сепак зборував генерално бидејќи постојат и такви кои бегаат од осудите од тука за да бидат среќни(и ова моето е осуда донекаде :D)но што да правам кога сум со позатворени видици во однос на модернизмот денес ;)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.462
    Веќе подолго време ми се врти во глава сценарио за филм со двајца партнери од различна вера помеѓу кои оживува случајна и огромна љубов..

    Патем бев сведок на две вакви врски, дечкото е ист, муслиман, одеше со две девојки македонки. Со првата не му успеа врската поради нејзините родители, а се влечеа со години, со втората не му успеа врската заради либералноста на девојката.
    Нејсе, не сакам да осудувам и целосно ги поддржувам ваквите врски или бракови. Сепак тие најдобро си го знаат есапот, ако нив им одговара, зашто па мене тоа да ме интересира.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Презимето е од таткото муслиманско ако татко му е муслиман, името исто, детето по вера е муслиман, му прават сунет, утре се жени со муслиманка и мајката останува само една изгубена жена што влегла таму кајшто не и местото, се претопила во друг народ. Еден ден ќе викаат „ааа имавме ние една баба Македонка, ама македонското ќе се избрише кај тие деца“. Тоа дека ќе ги славите сите празници убаво звучи, ама во пракса не е така. Исламот признава само еден бог Алах, за нив Исус не е бог и тие нема да дозволат да се слави православен празник кај нив, а и да дозволат, не е тоа тоа. Јас не би се погазила себе, а за други не знам. Прашајте се зошто мал број, многу мал број муслиманки се мажат за православни?Затоа што си ја почитуваат традицијата, тие сакаат детето да биде иста вера како нив, иста нација, а ние од либералност пустите на кого се не го дадовме задникот под кирија, и после некој трет е крив. Пред некој ден во мојот град видов Македонка која седи на кафе со муслиман шиптар во кафуле, и овој почна да и се дере, и го грабна телефонот, и после се смирија, ама сите се свртевме по нив, по говор и по фаца беше јасно кој е и што е дечкото. И сега што да кажам јас како жена за таа девојка освен дека е одпадок, а што па треба да каже некој маж Македонец?Си седнала шмизлата во македонски кафич со шиптар, и за малку ќе ја тепаше, а таа гајле си нема. Епа слабо се воспитувани од дома таквите, а и само на лесни пари мислат кои еден ден ќе ги платат со углед, со проблеми. Не се залажувајте за љубов, љубовта е многу ретка денес, и оние кои се сакаатод иста вера и нација лесно се сомневаат еден во друг и пропаѓа љубов која би имала среќен крај. За љубов со луѓе од друга вера и нација, смешно е, нема такво нешто. Ќе ве сака тој под наводници, се додека нема протест во Скопје за нивните па ќе го понесе атмосферата и ќе вика смрт за каури.
     
    На Bitter-Sweet и Rama им се допаѓа ова.
  14. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    12.228
    Пол:
    Женски

    Јас со ниту една реченица не се согласувам твоја. Мене дури пресмешно што пишуваш не верувам дека некој ги има овие мисли :) прво зошто да не можеш две презимиња??? Дај прифати дека можеш. Значи роднини од прво колено ми се жена муслиманка маж христијанин. И за нејзините празници се кај нејзините цело семејство. За нашите празници си спрема бадникова трпеза фарба јајца. Значиии ти нема да веруваш во богот на твојот маж жена ама ќе го почитуваш како припадник на друга религија. Мене искрено поубаво ми е моето дете со некој од друга религија да е отколку со некој со вакво мислење како тебе да ја смета девојката што излегува со шиптар. Ти сигурно си некој светец светица сфатив по коментариве. Ужас со кој ја делиме земјава. За лесни пари, алооо жено и јас богата и маж ми муслиман може да пливаме во пари .
    Национализмот е лоша работа тебе те понел и за ваквите лако тебе нема враќање
     
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ти не треба да кажеш ништо, затоа што тоа не е твоја работа.
    А ако за некој викаш дека е отпадок поради личен избор кој апсолутно никако не влијае на тебе, тоа кажува повеќе за тебе отколку за девојката.
     
    На Ingvild, Antolinaa, sparklie и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.244
    Пол:
    Женски
    Па не се мажи де.
    Секој со своите избори.
     
    На Anie93, Sanjichka007, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Лакомоста е уште полоша работа. Парите на страна, ако тргнеш брак врз пари да градиш - отиде се јабана.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Мислам дека смешно е сеуште да бидеме на степен да се оградуваме едни од други заради религијата.Прочитав во темава многу предрасуди во однос на мешаните бракови од типот на: тој муслиман,таа христијанка и сега детето ќе има муслиманско име, детето ќе биде муслиман,жената нема да има слобода,ќе се претопат народите...
    Во мојата околина сум сведок на многу мешани бракови и луѓето функционираат нормално.Еве сега прример за мои познаници: Жената е православна,сопругот е муслиман.Низ годините славеа и Бајрам и Велигден и Божик.Нивната ќерка има македонско име,православна е,мажена е за македонец.Никогаш не и било нешто забрането во однос со другите врсници од околината,ниту пак и била наметната некоја од религиите на родителите.Таа гордо изјавува дека се чувствува како Македонка,но ја почитува и другата националност од која потекнува.
    Сега еден обратен пример(да биде рамноправно де :D )...Мажот е македонец-православен,сопругата албанка.Кога склопуваа брак,жената доброволно изрази желба да ја промени верата.Имаат две деца и ги учат подеднакво да го сакаат и македонскиот и албанскиот народ.Нејзината фамилија супер прифати за бракот со македонец.Децата знаат и македонски и албански, и ги негуваат обичаите на двата народи.
    Никој од гореспоменативе не се чувстува помалку македонец или албанец,ниту на некој му е повредена националната гордост.
    Сметам дека основата во ваквите односи,покрај љубовта,лежи во почитувањето и толеранцијата кон различните култури.Како и прифаќање на културните разлики и разните обичајни правила.
    Едит.Можеби има случаи каде што едната страна е потисната и се велича само една религија и една националност,но тоа лежи во карактерот на самиот човек а, не во религиските разлики и националната припадност.
     
    На Anie93, Counter Girl, Luminary и 3 други им се допаѓа ова.
  19. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Посериозна врска/брак, јас не би.
    Причини, колку и ние да сме либерални демек и се стремиме кон отворени врски и љубов со сите, тие не се. Конкретно за ислам зборам. Не мора да ве занимаат случувањата насекаде низ Европа и пошироко од последно време, мене во памет ми е 2001. Да, не се сите исти, има исклучоци, бла, бла, такви муабети не ме занимаат. Мислам дека треба да си нешто грешка во глава да имаш врска со албанец/албанка. Не дека ми е гајле за другите, како им е арно така нека си прават, во моја фамилија нејќам мешање. Па и од ислам подалеку, веќе да не се само албанци, ами и турци итн.
     
    На Tea678, Rama, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Се буните за христијанска и муслиманска вера.
    А што правиме со католиците?
    Кога и тие се мешаат и живеат среќно.
    Кој што сака ќе прави по договор меѓу двајцата партнери,вие што барате мислење не сте сигурни во себе и секогаш се водите според она "што мислат другите".
     
    На Mari* и Anie93 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.