Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми се допаѓа момче/девојка со различна религија од мојата

Дискусија во 'Канта' започната од ALEXXX, 5 мај 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. macimaci93

    macimaci93 Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Врска со албанец

    веќе 6 месеци сум во врска со албанец јас сум по националност македонка и сите мој другарки ми викаат да го оставам дека не е он за мене да си најдам некој македонец.. а јас премногу го сакам неможам без него :(
    Ве молам дајте ми совет што да правам ?
    Дали нашата врска е осудена на пропаст ?
     
  2. little-girl

    little-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Девојки.. има едно дете .. Тој е босанец.. учи во албанска настава но неговиот татко е македонец а мајка му босанка.... мене ми се допаѓа но не многу...како и секое дете што го манијачим .. :rofl: и јас на него му се допаѓам ... другарка ми сака да не мести ама јас се противим баш заради неговата религија... дали е добро што нејкам баш поради тоа или ? што треба да правам ?
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Убаво е што ти се допаѓа нема нешто погрешно во тоа. Кај нас ситуацијата е таква каква што е, за жал така што штом не ти се допаѓа нешто вау, немој да ризикуваш. Кога е љубов во прашање - е тоа е друг муабет. Koга знаете што сакате, кога сте одлучни во вашата љубов, кога има почит и разбирање обострано, тогаш вреди да се бориш, навистина...

    Не сум против, ама во нашава средина и те како знаат вакви врски проблеми да ти направат. Затоа ако е обична симпатија тоа значи дека пред се` не го ни познаваш доволно за да знаеш дали и колку би бил покрај тебе, не си праи проблеми коа моеш да ги немаш. Или барем запознај го подобро...
     
    На little-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Ова прашање не е за религија, има разлика треба во нова тема :)
     
  5. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32
    добро бе луѓе не знам што е со ова мешање на религии,стварно не ми е јасно зарем малку има македонци/македонки па мора од други националности и вери??? И покрај сите немири што се случуваа изминатиов период вие упорно,немам ништо против ниедна религија да не ме сфатите погрешно меѓутоа мислам дека треба секој до своето да се држи....и не се лажете,нема да ве земе за жена тој ако е муслиман,а вие христијанка пак ќе си бара од своја религија што е на крај краева и нормално
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Да објаснам. Јас неам ништо против христијанство, ислам, будизам, јудаизам...Имам против луѓе кои што се кријат зад маската на “верник“ којашто би требало да им ги оправда сите злодела: убиства, војни, немири. Такви луѓе не се верници според мене, туку богохулници, луѓе кои го спомнуваат името Господово додека колат невини луѓе, а не ги знаат ниту основните заповеди кои тој Бог им ги наложува.

    Ако и дечкото има такви ограничени размислувања дека она со самото тоа што е Македонка и христијанка му е непријател под изговор, „верата си ја бранам“ е јас сум против да биде во врска со него.

    Куќни пријатели од лани. Таа Македонка православна, тој Турчин муслиман и двајцата интелектуалци со факултети. Едно дете, крстено со неутрално име. Велат, нити е крстена нити е во џамија однесена. Ја чекаат да потпорасне и сама да си направи избор во животот. Родителите и од двете страни им се налутиле кога се зеле. Почнале од нула, си имаат сега сопствена фирма, стекнале контакти кои само може да им бидат од полза во животот. Живеат убаво. Сега родителите коа виделе дека бракот им е подобар од на многу нивни роднини друга песна пеат и на едната и на другата страна.

    И да, не се венчале религиозно. Па и во комунизмот повеќето не се венчале во црква па никому ништо. И таа си е верник и тој си е. Си поштуваат обичаи и двајцата, само во различни религиозни објекти.

    Но такви сме луѓето, барем повеќето. Наместо да го спознаеме и да научиме да го цениме различниот од нас, ние ко со глава в ѕид одиме како што од горе ни` наредуваат.

    Ако човекот е добар, зрел и разбран, ќе го почитува нашиот избор. Ако е за тоа и за време на фашизмот, Германците ги терале луѓето да плукаат на сопствената света книга, па сега ако рече некој „Оваа се омажила за Германец“ ние сме сите :o :o :o ааууууу шо фина прилика, блазе и`. A знаеме да плачеме на такво филмче со тема фашизам и да си викаме „А зашо не може и едните и другите мирно да си живеат?“
     
    На Adele86, Th3g1rl, lolita97 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    8.064
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека е осудена на пропаст ако вам ви е убаво, се сложувате и навистина се сакате. Сега зависи и од тоа што и дали мислите нешто за во иднина, како тој те прифаќа (мислам за верата), да не бара да ја промениш и такви некои работи. Каков е тој, веројатно го познаваш, да не му е минливо па да си бара муслиманка после.
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Тоа е единствен начин да си немаат проблеми, неутрално име за децата и немешање на религијата во нивните животи и баш фино дека им успеало.
     
    На tessie и Dgirlll им се допаѓа ова.
  9. Christ-in-rose

    Christ-in-rose Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Секако дека е навистина убаво чувството да ти се допага некој,па макар бил и од друга религија. Но сепак ако можете да ги оставите тие чувства само како такви,како убав пролазен период би било најубаво и за вас и за другите околу вас. Можеби вам ви изгледа дека со тек на време ке ве прифатат заедно и дека се ке помине,не сте свесни колку само ке се повредите самите и другите околу вас,прекинете го тоа додека е време и додека нема последици,бидејки секако има прекрасни момчиња македонци.....
     
  10. Alime

    Alime Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    :( Mozam da znak kako vi e no nema vrska bidejki ako i on ve saka vam kako vie nego mozete da bidete do kraj na zivotot jas mislam deka ako uspee vasata lubov nikogas nema da se razdelite.. vi posakuvam mnogu uspesna sudbina...
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Во право си. Јас секогаш велам добра комуникација и успешно заедничко функционирање во донесување одлуки кои се безболни и за двете страни се многу важни работи во секоја врска, особено брак. Ако го немаат тоа, џабе што се од иста вера, може да настанат тешки конфликти и судири за други работи (пример, жената сака да живее одделно а мажот не сака да се дели од родителите, или пак жената инсистира на трошење на убав живот, а мажот е штедајлија сака да инвестира во трајни работи и тн.)

    Не за џабе, останало кога некои се вериле или се земале, некои кога им честитаат, велат „Да си имате муабет“
     
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Апсолутно се слагам :) .

    Повеќето мислат ако се двајца од различна вера мора да има проблеми (и најчесто има) но тука повеќе доаѓа до израз нетолерантноста на партнерите или фамилиите кон различноста на другиот отколку самата вера како причина за конфликт.

    Друг аспект на пример е и дали ќе ја гледаме верата како чисто верска проблематика или како културолошки поим зашто најчесто автоматски не идентификуваат според мнозинската религија каде сме израснати без разлика дали сме ние во душа и вистински верници.

    Еднаш веќе спомнав двајца кои културолошки се израснати во да речеме христијанска и муслиманска средина а се двајцата атеисти или веруваат во самовили нема да имаат никакви верски проблеми иако целата околина ќе биде убедена дека нивната врска нема шанси да опстане.

    Од друга страна пак ако е едниот нетолерантен или верник кој сака да ја наметне својата култура или вера како единствено исправна па ќе инсистира другиот партнер да мора да се прилагоди или и званично да смени вера, во тој случај секако ќе настанат проблеми и конфликти посебно ако некој не сака или па му се наметнува и на детето дека ќе биде само вака или никако. За жал таквите случаи се земаат за репер зашто се најчести но тоа само значи дека бројот на нетолерантни луѓе е прилично голем.

    Таму каде двајцате се пред се индивидуи кои се сакаат и почитуваат и го прифаќаат ставот на другиот како еднакво вреден (важи и за фамилиите) секако има еднакава шанса врската да успее како и секоја друга :).
     
    На H.VAGA и tessie им се допаѓа ова.
  13. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32
    ^^ Штета што ваквите случаи се 1 во 1000000,пошо иако се вика да се оставa детето само на себе да си одлучи,сепак кога ќе дојде до одредена возраст пак му се наметнуваат некои идеи,убедувања ако не од родителите,тогаш од бабите и дедовците ама сигурно ќе има нешто такво....и за жал не е само кај нас така него насекаде во светот....сепак баш ми е драго за исклучоците што наоѓаат заеднички јазик и им посакувам се најубаво :)
     
    На unforgiven и lolita97 им се допаѓа ова.
  14. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Има еден што си пишуваме веќе некое време,и МНОГУ ми се свиѓа неговиот карактер,но проблемот е во тоа што типот е турчин,торбеш,шо и да е а сите негови другари се македонци и не се однесува лошо.На сестра ми и кажав како стојат работите она ми рече дека ако имам нешто повеќе со него,ќе ме зборат као еве ја оваа со тој турчинот што се муваше :| Човеков вика да излеземе да се запознаеме,а јас незнам што да му речам ја избегнувам таа тема и стварно сакам да се запознаам со него,а коа ќе го запознаам се плашам и да не го засакам. :$ Сепак,сестра ми ми рече да си размислам 2пати со ладна глава за после да не се каам за тоа што сум го направила.Што мислите вие? :| Ќе ми бидете многу од корист ве молам пишете :*
     
  15. Unique1

    Unique1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Што да направам?

    Spored mene, mislam deka ljubovta e pred se, na krajot site sme lugje neli ::)
    Ako ti e nezgodno vo javnost da se pojavis so nego, poradi tie glupi etiketi koi ke ti bidat dodeleni od opstestvoto, potrudi se tie sredbi da bidat vo drustvo ili na podalecni destinacii.
    Sepak, neznam kakvo razmisluvanje ima tvoeto semejstvo vo toj pogled, no site bi bile zadovolni koga deteto bi im bilo srekno vo zivotot.
    Drugaruvaj na pocetok,toa e dovolno
     
    На honey95 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.766
    Допаѓања:
    93.674
    Пол:
    Женски
    Што да направам?

    ајде еве прва ке се обидам да ти се замешам во приватно-љубовниот живот!
    како прво ми смета тоа што цел твој впечаток и наклонетост спрема дечково се засновани само на невербалана т.н писмена комуникација,а тој тип на запозанавање и градење мислење за една особа најчесто е погрешен-на зборови сме јаки и совршени сите, а во меѓувреме си ствараш идеална слика за некого па кога ке се видиш не е тоа што си очекувала и оп...ДРУГО,незнам колку години и од која вера си ама вероватно си запознаена со општествените стеги и сваќања во Македонија во однос на врските од различни религии!не е проблем што ке те зборат,проблем е што нема да имаш мир и спокој!и претпоставувам дека си најмногу 20 години,и сакам топло да ти препорачам да станиш од компјутер и од фб,да си излезеш да шеташ слободно да се дружиш и уживаш слободно,не мозам да ги сватам лугето што по цел ден се допишуваат со виртуелни партнери на фб,после надвор се ко чукнати,греота е во држава како нашава и дружељубив народ ко што сме ние да се претвориме во роботи!забегав малце од темава се извинувам,ама се изнервирав сеа пишувајки!ако сакаш толку види се ама не очекувај срекен крај на приказната турчин или торбеш мноооогу ретко завршува со македонка,така да....ти посакувам срека!
     
    На Unique1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Што да направам?

    Мислам дека сега за сега,само ќе се излезам со него онака а за понатаму ќе видиме.Иначе немам намера нешто сериозно,односи или слично,рано ми е за мажечка :D Не очекувам среќен крај ! :D
    Фала на помошта,мислам дека се одлучив :)
     
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.625
    Допаѓања:
    9.066
    Пол:
    Женски
    Што да направам?

    Само без предрасуди,молам зашто тоа најмногу го мразам :!: .Може да имаш проблем да,но заради верата :emo: .
    Сепак мислам дека треба да се запознаеш со него,дури и да не биде на само,излези испиј едно кафенце,од чиста култура оти го свиѓаш ;) .Ако не,ќе си ја лупаш главата мислејќи се што би било кад би било ,нели :D
    Нема причина да избрзаш,само внимавај ако планираш врска,како што ти кажаа во претходните постови тој е турчин и ретко ваква врска е прифатена од општеството,т.ест од фамилијата :emo:
     
    На honey95 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Што да направам?

    Убаво ти кажаа феминките пред мене. Биди прво другарка со него, а потоа со ладна лава размисли што ќе правиш. Сепак тоа е твој живот и ти најубаво си знаеш. Јас лично немам некој големи предрасуди, но има луѓе кои не мислат така а за жал тоа се повеќето. Такво ни е општеството. Јас не би се впуштила во врска со дечко од друга вера, но тоа веќе е прашање на избор. Само треба да бидеш свесна дека тоа (врската) нема да биде воопшто лесно. Ќе наидете на многу препреки и ретко кој ќе го прифати тоа. Многу е значајно дали имаш поддршка од дома. Исто така многу е важно да имате доверба меѓу себе, разбирање и мора за се да постои компромис. Сепак станува збор за различни верувања, обичаи и однесување. Остај тоа што има другари наша вера. Другар и девојка не е исто, тие се за на улица а ти можеби ќе треба да влезеш во неговата куќа. Треба и двајцата да сте многу трпеливи и спреми да се “борите“ со сите. Не е тоа лесно, треба премногу да се сакате за оваа работа. Имаш многу вакви теми, разгледај, има многу одговори, мислења и совети. :)
     
    На honey95 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Што да направам?

    Хехе фала ви за помошта,искрено,мислев и да има нешто,ќе биде мување само,затоа што знаете дека не е прифатен од моите.А и јас не би сакала врска со некој од друга вера.А како што јас сум за подолги врски,недај боже поише да се заљубам во него па тек тогаш нема да знам што да правам.Сега за сега ќе бидеме другари,за понатаму од мување ништо повеќе сигурно ;)
    Уште еднаш ќе кажам,фала,најдобри сте! :* :* :*
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.