Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми се допаѓа момче/девојка со различна религија од мојата

Дискусија во 'Канта' започната од ALEXXX, 5 мај 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Незнам дали имам коментирано тука,ама мене воопшто не ми пречи.
    Ќе се мажам со Турчин, хвала лепо.
    Најважно е фамилиите да немаат стереотипи и да човекот да се гледа како човек, а не како припадник на некоја религија или нација.
    Да би немала поддршка од фамилијата, не би се осудила на никаков чекор од тој калибар, бидејќи треба кад-тад со нив да се поврземе, а да си непожелен некаде џабе ти, а за нов живот без фамилија и минато зад тебе не би се осмелила.
     
    На piksooki, senza.parole, meandyou и 3 други им се допаѓа ова.
  2. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Треба да се сака без ограничување и безусловна лјубов,меѓутоа врска од разлицна религија малце ја комплицира работата кога ке дојде дерте на свет,се е розево супер се сложувате па еве и родителите да прифатат(што воопшто не ми се верува) али дете кога ке дојде,тој ке биде жртва на нашето општество со овие сваќања што владеат,нема да го сакаат ни едни ни други и него ке му биде уште потешко отколку на неговите родители што спеале во нивната врска.Така да според мене болје спречити него лечити
     
  3. My.Cloud

    My.Cloud Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    62
    Епа јас до сега не сум имала врска со дечко од друга религија,нација.Моето мислење е дека е малце глупаво.Пример ние христијаните си имаме свои традиции и си ги почитуваме.Сме се родиле ко христијани,сме нараснале како христијани и ќе умреме како христијани.Цел живот,овие изминати години го поминавме со тешкотии ама имавме и благослов од Исус па сега да му свртиме грб ако дечкото те натера да бидеш дел од неговата религија?Мислам дека е неправедно :^)
     
  4. l0vekim

    l0vekim Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    Според мене треба да започнеш нешто.На пример јас да бев на твое место веднаш ќе започнев нешто.Јас уште од сега на моите родители им велам дека за дечко или маж ќе земам некој од друга националност,раса или религија,бидејќи тоа на мене не ми пречи.Исто така јас нив нема да ги прашам кого ќе земам за маж бидејќи тие нема да ми го живеат животот.Така да немај гајле ;)
     
    На unforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Јас немам никакви предрасуди освен оваа,ме вади од такт едноставно.
    Има милијарди католици и христијани и јас да одберам муслиман? НЕ НЕ И НЕ.
    Зашто?
    1. Имаме различни верувања и let`s be real не сакам да славам дома бајрам нити слично.
    2. Мешање од семејството - додека одите најчесто се е сјајно,сите се радосни а кога ќе дојдете дома (секоја чест на исклучоците) тогаш се бара од вас да се облекувате пристојно (за некои е непристојно и хеланки),некој бараат да ставате шамија,па следи и да се промени верата.No way!
    3.Моето семејство никогаш не би ми дозволило да го сменам целосно начинот на живеење.И да го сакам тој муслиман,со тек на време таа љубов ќе престане - ќе отидам на друго место каде што ќе сретнам некој од мојата вера.
    4. И најбитното -* дете. Детето какво име ќе има? Дали ќе му се прави сунет? Во што ќе верува? - Сигурно нема да се вика Андреас Мемик :lol: и да од ваша страна ќе биде НЕКА ОДБЕРЕ САМИОТ КОГА ЌЕ ПОРАСНЕ но со тоа им ги кршите срцата на семејствата,а да не зборам за постарите членови кои ќе ве напнуваат и ќе ви создаваат кавги.
    Се дружам со муслимани,но никогаш ама никогаш не би била во врска или недај Боже во брак.
     
  6. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    епа вака пред 1 месец се запознав со еден Албанец, и се дружиме све тоа.. али почна да ми се свиѓа ептен.. од далеку е и се надеваме дека другото лето пак ќе се видиме.. коа ќе пишуваме се осеќам ногу чудно.. сакам да се тргнам од него но едноставно неможам се кон него ме влечее..што да правамм :worried: дали би излегла со негоооо.. никој да не знае или... :tmi:
     
  7. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Што ако никој незнае? Демек тоа ќе ти олесни? |( Сега мислиш на него,сакаш да го видиш затоа што не е до тебе цело време,па те фаќа носталгија.Немој да контактираш со него недела-две и најди си некој од твоја близина,од твоја вера и ќе видиш колку лесно си го заборавила и дека воопшто и не ти значел.
     
    На unforgiven и Danilela им се допаѓа ова.
  8. Leonaaa

    Leonaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Охооо луге.....Само еден совет имате од мене за сите вакви проблеми (бидејки сум стварно компетентна за темава)...Без разлика на тоа колку и да мислите дека сега вашата љубов е НАЈГОЛЕМА И НАЈСИЛНА и дека ке преминете преку се,дека не е битно што другите мислат,дека сите луѓе одоколу се заостанати и.т.н......еднаш засекогаш разберете дека вакви врски,бракови се отпочеток осудени на пропаст...колку по брзо го сватите тоа толку по малку последици ке сносите во иднина....
     
    На peperutka87 и Jecichka им се допаѓа ова.
  9. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Донекаде се согласувам со твојот став.Да се искажам дека и јас мислам дека се осудени на пропаст таквите врски-бракови,разликите ке се забележуваат колку и да има голема почит и љубов, еден ден тоа ке исплива на површина.Евентуално би успеале доколку едниот е секогаш потчинет .Да знае да проголтува незгодни ситуации |( ,да нема комплекси и да може да биде доволно паметен да ги трпи сите притисоци од општеството.Факт е дека дискриминација постои секаде и за се.Колку и да се трудиме да ја нема сите дискриминираме ..... :fubar: но кој како знае да ја контролира таа особина и да се носи со се што значи дискриминацијата.
     
    На Leonaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Leonaaa

    Leonaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Не станува збор за дискриминацијата од самото општество,верувај тоа е едно од нештата кои спагаат во оние поедноставни проблеми за решавање....Вистинската забава почнува тек коа ке почнат проблемите мегу нив двајца кои до тогаш не ги приметили бидејки биле преокопирани со водење на војна мегу нив и родителите,пријателите.општеството...
     
  11. sweetTinkerBell

    sweetTinkerBell Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Мислам дека во случај на мешан брак не станува збор само за тоа како ќе се соочи парот со општеството (во смисла како детето ќе се снајде, кои празници би ги славело семејството...) туку колку и да се сакаат и колку и да сакаат да се сложат дека во се компромис ќе најдат, нема шанси никогаш да не си преречат нешто или да не се "навредат" за нешто. И целото општество, и целата фамилија да биде ок со бракот, кога тогаш ќе дојде во животот она: Е да бе па се по твоја вера тераме, ништо по мои обичаи... Не дека и онака нема такви караници (на други теми) ама религијата е многу поосетлива тема така да сум против мешан брак. И воопшто не се согласувам дека не можеш да го контролираш тоа во кого ќе се заљубиш (како што слушам многу луѓе дека викаат). Кога ќе видиш дека кон некого имаш било какви чувства, тука треба мозокот да ти каже што е паметно а што не (кога уште не е љубов туку само привлечност) :)
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DulceChiquita

    DulceChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    Дали детето што има мајка муслиманка и татко христијанин има право да бира на која вера ќе и припаѓа?
    Или што е !? :^)
     
  13. Leonaaa

    Leonaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Не е никаква вера...тоа дете со се вика ке нема место под сонцето,нити одедната страна ке го сакаат нити од другата...секад ке биде потуркувано...а тоа е најлосото во тие врски/бракови затоа сто покасно патат оние сто се невини
     
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Па , во принцип најправилно би било секое дете подоцна во животот да си ја избере религијата. Откако ќе осознае некои работи и откако ќе созрее. Сметам дека е наметнување ако детето биде крстено додека е мало. Татко ми и мајка ми се христијанин па мене тоа не ме прави христијанка.

    Детето од таков брак муслиман -христијанка би требало само да избере што сака да биде и дали воопшто сака да биде припадник на било која религија.
     
    На DulceChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  15. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Овде во нашава ни мала држава предрасудите сеуште ни се големи а посебно кога станува за љубовна врска помеѓу припадници на христијанската и муслиманската вероисповед.Ако е за некој/ја од друга држава а живеат овде тој момент околу вероисповедта ќе се ,пикне под тепих, но за двајца овдешни тешко.Тие двајца можеби ќе успеат со нивната љубов да се изборат со сите предрасуди околу нив и можеби супер ќе им биде заедно со разбирање и почит и се нај нај но нивните деца ќе трпат.

    На факултет имав една колешка од мајка-македонка и татко-турчин(овдешен).Двајца браќа женети со етнички чисти македонки.Дома мешани празници сите среќни и весели.Ама таа имаше проблем да се вклопи во нашево полно со предрасуди општество, да си најде партнер, да започне врска.Машките- македонци ја избегнуваа заради татко и а машките-турци ја избегнуваа зашто не била чиста (ради мајка и).Најмногу трпеше на факултет.Беше запишана на Катедрата за Турски јазик-немајчин затоа што целото основно и средно школо го имаше на македонски.Турскиот јазик го говореше ама правописот и читањето слабо.Колегите од чисти турски бракови ја избегнуваа.
    На крај замина во Германија кај роднини и таму најде некој од Босна од мешан брак и се омажи.
     
  16. IvanaOneD

    IvanaOneD Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би идела со некој што не е христијанин,нема шанси,гадни ми се сите други,хехе,али нема везе ЛАВ КАМС АНД ГОУС ако си се вљубила у таков,ќе го забораиш наскоро енивеј
     
  17. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Каква глупост.. зошто да нема место за тоа дете под сонцето?.И тоа дете ќе биде исто човек како нас, од крв и месо.Кога детето ќе биде доволно големо да одлучува само за себе ќе реши дали да верува во господ, а после која релегија ќе биде.Нема ништо тешко, или невезможно тука.

    Види колку деца има од мешани бракови, и сите тие се прифатени. ;)
     
    На gesika му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Leonaaa

    Leonaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Абе ајде...многу се прифатени како да не...лично знам примери каде децата од такви бракови буквално не си наогаат место под сонцето пошто не припагаат доволно нити во едната вера ниту во другата и од двете фамилии се потуркувани како помалце вредни,а за мисленјето на обштеството ич да не праиме муабет
     
  19. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    И јас знам многу деца од мешани бракови, па ништо не им фали.Прифатени се нај нормлано како секој човек.Немора човек да припага на некој вера за да има место под сонцето ;)
     
  20. Leonaaa

    Leonaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    За твоите 15 години (без навреда) тоа што некој ке биде од мешан брак мозеби и не прави некаква разлика ,но понатака во животот коа идат посериозните работи ите како ке има голема разлика ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.