И ние имаме закажано во Јули. Планот ни е средина на Мај да видиме каква ќе биде состојбата и тогаш да донесеме одлука. И јас немам венчаница сеуште, ќе чекам како ќе се одвива.
Здраво женски, дали некоја од вас знае од каде може да се изнајме тањири, чаши и прибор. Ми требаат околу 250 пара.
Оние што прават кетеринг често нудат и прибор. Во зависност од градот кај си, распрашај се по локалните ресторани и жени што го тераат тој бизнис.
Ми треба помош околу тоа како да ја организирам свадба без тој дел дома кај мене односно тоа доаѓање по невеста значи од дете некако не сум го сакала плус тоа малтретирање па некој совет како да се изведе нешто поинакво ?
@Anaouou и јас да се пријавам. И ние имавме свадба без адети. Правец во матично, па во ресторан. И јас не ги сакам свадбените адети.
Во случај ако веќе живеете заедно имаш многу добра опција, да си се соберете сите кај вас па од таму или во црква или во матично, зависно што ви е прво. Ако не живеете заедно или па скроз сакаш да одбегнеш гужви по дома, пак можете пред матично или црква да се соберете. Имам прочитано некој муабет на форумов, членката не сакала да идат по неа, па сверквата се бунела, зар пред црква ќе се бркале, она и кумот не планирале да излезат од дома додека не пукнел тапанот, хорор однесување. Ако некој има толку проблем со вашите желби и одлуки, си има опција да биде само гостин на свадбата. Ако се проблем најблиските, пробај објасни им дека многу ти е мрцварење. Јас лично така направив. Одамна сум отселена од родителската куќа и со оглед дека свадбата не е во мојот роден град, непотребно малтретирање ќе беше а и пресмешно, демек допрва тогаш ќе ја напуштам таа куќа. Моите имаа желба за идење по невеста ама имаа разбирање кога им го направив муабетот.
@Bicka77 јас сум членката свадбата се презакажа, а свекрвата и деверот уште стојат на тоа дека без да чукне тапанот не излегуваат од дома Последно кога потсетија им реков не може, едно се договоривме. Ама до август ќе им помине или уште толку ќе биде жустро пред свадба. @Anaouou ние со оглед на тоа што се имаме регистрирано во матично, ќе одиме директно во црква. Преку денот сме сите зафатени со шминки и фризури, намерно си закажав покасно. На гостите им кажавме кој сака да дојде во црква во ред, кој не директно во ресторант.
@Ladybug98 Знаеш како е. Старите плаќаат и се дрзнуваат да се мешаат. Ама деверот? И ние кога се спремавме за свадба девер ми почна да ми кажува како да се одвива свадбата. Го отерав во мајчина. Прави си на тебе како што ти одговара. И кај нас немаше одење по невеста.
Девојки вие што имате закажано свадба крај на јуни како се организиравте ги презакажавте или чекате уште?
@kjofti4 бевме поканети на свадба во јуни ама ни се јавија дека е откажана. Јас би те советувала да почекате уште малку, бар до средина на мај да видите како ќе се одвива ситуацијава. @SummerGirl кај нас е уште полошо што ние сами ќе си ја платиме( за од машката страна) они може да помогнат со нешто минимално, а јас се викам од култура да си ќутам иако во себе се нервирам многу. Сега полека почнав да се опуштам и да и ги лепнувам Последно, синоќе се јави и вика ајде опаа ихааа, до август има време па може ќе се предомислите да има одење по невеста, 2-300еу не се ништо плус, еве јас ќе организирам и платам(демек има мн.пари па не биле ништо тие, а нема ни толку). И уште нешто демек ако пуштале само по терасите прослави да сме ја правеле на терасата од хотелот (прекрасно е, ама се доплаќа 5еу од столче за ништо) и викам нема шанси многу плус пари ќе ни излезе залудно фрлени, немаш ништо плус освен што си надвор, со тие пари поарно ќе купам нешто друго. И она: еее што се 1500еу, за од машката страна само 500еу. Што ако не дозволат внатре пак ли ќе ја одложуваме И реков дека јас едвај пари собрав за нормална свадба да платам, не пак да си правам плус беспотребни трошоци, плус не прашува дали и мајка ми имат пари, само команди дава. Тоа ти се вика простотилук..
Ќе пишам од искуство на јатрва ми. Девер ми сам си ја плати свадбата. Госпожа мама му се мешаше во организација. Дури и на јатрва ми и командаше. А она, како што ја дал Господ, не и ќутеше. Лом ја направи. Во стилот - ако не ти се свиѓа, не иди на свадба. Ама свекрвата стварно претера. Буквално секој детал сакаше да им го осмисли. Толку гости да викате, дома вака да ви е средено, вакви јадења дома, вакви адети, и др. Ама затоа на свадбата - ќутенката. Уста не отвори. За такви само безобразлук. Ме нервира кога старите се мешаат.
Да да, скроз. Во такви случаеви само безобразно и од старт да се пресече. Јас заради неа не си ја направив свадбата што си ја замислив. И дадов прст, рака ми зема. Имавме испланирано во вила со базен да правиме журка само млади. Без адети, без одење по невеста, само матично и директ журка. Ми падна жал дека ќе биде без пријатели/роднини на моите и неговите и ајде им реков напишете ми кого сакате да викнете ама пазете мала свеченост е. Ете, сестра /брат, неколку пријатели и толку. Ме викаат кај нив и ми даваат список од 90 гости А пази, мм сам си плаќа за него. Па кавги, па лутење, јас трудна плачам, се корнам... Па како да не ја викнам бабата на тетка ми од Свирипичино шо има 90 години, па братучед му на комшијата еднаш пред 30 години на слава што не викна... Земав растурив се, откажав, плачев со денови, мм збесна ги отера кај што треба и правевме само матично, ручек во ресторан со 25-30 души и после диско. Преубаво си поминав ама се измачив само што влегов во 8ми месец. А по моето, ем поубаво ќе си поминевме, ем бев 2-3 месец и потопло времето.... Битно од нејзината себичност ја немав свадбата што си ја замислував 10 години. Така да, немојте да бидете глупи како мене да удоволувате туѓи потреби, гледајте си за себе зашто времето не се враќа.
Свекрва ми канеше гости во нивно име. Одеше кај што сака она и кажуваше дека на таа и таа дата ќе има свадба. Не знам само со кое право. Е тогаш јатрва ми највеќе се изнервира. Нормално, не беа поканети сите гости што ги планираше свекрвата. Како што викам јас - на свата ми сват, па негов брат. Е до таа мера идеше свекрвата. Бог да чува. Заради мешања од страна на старите многу свадби не се одржале, а младите раскинале.
Знам, и јас покасно дознав дека на работа си зборела дека ќе ги кани и уствари од тоа беше она изреволтирана, како да им каже на тие луѓе дека сепак нема да дојдат. И ние бевме криви за нешто што она си го правела на своја рака. Само што мене тоа не ме интересираше, кажав нивни проблем нека се снаоѓаат. Јас зелено светло на никого не сум дала.
И ние направивме прослава. Не сакавме свадба. Беа поканети само најблиските. Прво замислата беше да биде само ручек, ама татко ми изрази желба да има музика. Јас прво бев против, ама после тоа се премислив. И маж ми исто. Си реков - и така ќе бидат само најблиските, па нека се развеселат малку. А да го вратам времето назад, не би правела ништо од тоа. За чудо, свекрвата не се мешаше. Маж ми си плати за неговиот дел и од старт и кажа дека нема да кани никој од негова страна. Можеби дека во последен момент одлучивме да биде прослава.
Прво мислевме да чекаме до средина на мај. Пред неколку дена се договоривме да ја презакажеме само немаме одбрано нов датум. Имаме многу постари гости, па ради нив. Мајка ми е со хронично белодробно заболување. Највеќе ради неа не знаеме кој месец да го избереме. Можда и догодина..