Бог да чува се некое луѓе. На задната свадба кај што бевме,бевме роднини и многу глупо поканети. Не се ни јавија дека ќе дојдат и дошле ама не бевме дома и отишле кај други роднини и таму ја оставиле поканата. Јас дури и навредено се осеќав,највеќе за татко ми ама ајде ради него отидовме и луѓе невестата која ни беше роднина,не се ни поздрави,нит па се сликавме. Татко ми многу се налути,им даде пари ама пликото не им го даде. Пликото остана на маса празно,парите ги зеде. Не беше ни за парите,колку барем едно здраво и една слика. Гости сме нели. Другиот ден ја седнав мајка ми и и реков вака. Јас ќе се мажам кога и да е,вака не сакам роднини далечни да ми каниш,кани го оној кој ти дошол на врата у тешка ситуација. Не сакам големи свадби,спремање по дома,да чистиш,со садови во раце. Ќе украсиме колку да обележиме,направи еден адет по желба и толку. Среќа па она ме разбра иста замисла имала како сум сакала така. Здравје и со идниот маж и сверква исто ќе разговарам. Не сакам да се фрлаат пари безпотребно. Ниту за да кажат комшиите нешто,мене ми е гајле за комшиите. Мора да си кажете што сакате,да сфатат дека тоа е ваша свадба,а не нивна.
Од истата причина се мислиме и ние дека имаме постари гости, и плус гости од странство дали да презакажеме за наредна година или пак да си остане како што е.
Ние не можеме да се договориме со мм имаме различни гледишта за ситуацијава во која се наогаме.. А воедно и бремена сум ако не биди тој термин.. Ќе биди в година со бебе, а не баш замислував така.. Ама како за сите така и за нас тоа е
Јас сега би праела со бебе попрво отколку да потечам и да ме боли цело тело како што ми беше Не знам трудници како издржуваат цели свадби од сабајле до вечер. Плус не можеш да се напиеш алкохол како човек, јас и со шеќерот пазев, едно залче торта за адет..
Ние закажавме сега за во јуни месец демек ќе се пуштало после 01 ви јуни свадби. Ни излезе слободен термин и ајде веднаш .
Ние треба да правиме на 25 јули од кафана последно инфо е дека од 1 јуни ќе се почни со свадбите, малце сум скептик ама ќе видиме. Ќе чекаме до средина најмногу крајот на јуни ако е исто вака ќе мора да се презакаже.
И јас и маж ми тој дел воопшто не го сакавме со вртење ора околу згради.. се спремавме сите, мм дојде сам ме зеде со колата, другите не чекаја во црква, од црква матично кое беше во ресторанот и топ. Јас во 14ч бев нашминкана во 15ч се облеков во 15:30 дојде ме зеде, 16ч црква
Нека сошие кај Борче, тој им шие на Сињори, Сињори наплаќаат боли глава, Борче се конплет 14.000. Каква слика му однесиш,такво ти шие, познато е дека и многу познати личности кај него шијат така да нема грешка.
Мене ми беше долг и напред и назад, тежок фала Богу имав и втор фустан ама предходно сакав без корба, јас искрено неможев да одам на пробата без корпа, ми ја ставија кец, не се ни познаваше ама битно не ми се плеткаше низ нозе. Нека ти направат прво без, на проба сама ќе одлучиш
Во кој град сте ? Сестра ми треба да презакаже... баш и не сме сигурни од кога свадбите и како ке функционираат со 300 гости? Први јуни да не е рано ?
Спроти рампа во едни мали дуќанчиња, не можиш да промашиш, пишува Борче кројач. Изгледот на дуќанчето нека не те лаже, стар кројач со искуство е, проверено и на сите им го препорачуваме со маж ми.
Како се ближи свадба добивам желба да правиме и дома со некои минимални обичаи али да ги има, па ме интересира сега околу китење кој се кити и како оди машки женски има посебно китенки или како , мажени немажени која страна се кити ? друго кажете ми што има обичаи околу тоа со погачи нешто девер носи и свекрва па имаѓе нешто со мешање бурми во брашно ? Значи ме интересираат адети за кај снашка . Фала однапред .
Погачата ја носи свекрвата, и кај девојката двајката татковци ја кршат погачата. Наводно кај кого ќе се паднел поголемиот дел тој ќе владеел во семејството. Сите сватови на момчето што иде по невеста се китат, освен младоженецот, кумовите и старосватовите. Тие ги кити невестата. Нема посебни китенки за машко или женско. Китат немажени девојчиња од кај девојката страна што има. Деверот ги носи кондурите. Свекрвата на невестата исто така носи брашно и се меша со брашно од страна на мајката на невестота. Се ставаат бурмите во брашното и како што се спојуваат тие брашна така да бидат споени младоженецот и невестата. После тоа брашно пак се дели и пола за мајката на невестата и пола за свекрвата. После свадбата се замесува благо лепче од тоа и јадат младите за да им биде благ животот. Дополнително кај невестата има туркање на вратата и ставање пари во кондурите од страна на деверот. Невестата ги дарува законџиите. На излегување од домот се врзува бел пешкир.
имам идеја за свадба, ама повеќе да биде журка само со млади, во некој двор од куќа максимум 70-80 души. по можност да можат сите да се дотераат, што би значело дека ќе треба да има подиум или да се изнајми. дали имате идеја за место?
Villa Lumiere отвори ја на фб, прекрасна е. Има три апартмани кои ги изнајмуваат, меѓутоа може ќе може да се договорите со газдата да ја изнајмите цела и свадбената журка да ја направите покрај базенот, погледот е неверојатен. Се наоѓа во Пинтија.
@MissSpark пороверено, Лумиере е стварно врв, ако сте во можност да го земите апартманот со џакузи за браќната ноќ нема да погрешите.