Побарај ја Биљана Караманолевска на фб, она изнајмува куќа со базен некаде после Геге, дворот е одлично среден а за подиум незнам дали има место. Има и 2 мислам марков манастир побарај ги на пазар 3 или реклама 5. Има и една Вила ника мислам се викаше ама мене лично не ми остави ич впечаток. И провери дали сеуште работат базен Ирина и Сончева куќа. Јас исто барав куќа за прослава па овие ми оставија најмногу впечаток. Рачунај само дека можеби плус ќе ти требаат коњопои, не сите имаат. А не дај боже ако имаш најава за дожд изнајмување на натстрешница
Јас мислам дека веќе и нема потреба од доаѓање и земање, мене веќе ми нема смисла и ми е изживеано плус малтретирање и трошкови е, да не речам ама сигурно 500 евра. Се договарате се наоѓате пред црква, матично и завршена работа.
Јас би ти рекла дека многу е комплицирано и скапо да се прави свадба на место кое не е наменето и прилагодено за големи забави. Почнувајки од пристапност и одржување на тоалети, кетеринг, маси, осветлување и озвучување, подиум, келнери, декорација... Буквално се ќе треба сама да си истрчкаш и искоординираш. Реално и 80 луѓе не се баш малку. Ја не би се нафатила... Подобро во Вила Ина или Аликас да договорите ваков тип на свадба, или било кој ресторан или летен ноќен клуб.
Да Ве прашам дали има некои измени за венчавање во матично и црква како е сега не сум во тек, за матично ми кажаа дека тука во Куманово не венчаваат мај и јуни ? за цркви не знам
Јас за Битола можам да ти кажам дека во матично регистрацијата си оди според термините ама присуствуваат само сведоците и младите значи 5 особи вклучително и матичарот со задолжително носење на маски и ракавици, а во црква не се венчава барем за мај и јуни.
За жал да, бидејќи е забрането групирање и семејни веселби, барем до сега беше вака, можеби ќе ги ублажат мерките. Тоа најточно можете да го дознаете ако се обратите во локалното матично. Ептен е за нигде работава
Ние минатата недела бевме на регистрација во матично во Велес. Терминот беше само временски презакажан поради полицискиот час, а имаше двајца матичари, младите и ние како двајца сведоци. Моравме сите да носиме маски и ракавици, и снимавме и сликавме со наш фотоапарат.
Поради овие работи ќе ја презакажам за друга година нема венчавка во матично нема во црква што да правам, па и во ресторан кој знае како ќе е . Плус на 13,06 ни беше закажан ресторанот тврди дека ќе се пушти ама џабе па други работи катастрофа кога официјално нема ништо објавено неможам да се спремам од 01 за 13 ти.
Истиот проблем го имаме и ние... од ресторанот викаат во Јули немало да има проблем ќе било нормално ама во оваа ситуација ништо не е нормално така да свадбата најверојатно ќе ја одложиме за нареднта година. Сега се мислиме што да правиме за црква и матично, сакаме барем тоа да го завршиме... ама и тоа ако е со маски и со 300 глупости стварно незнам.
Ние имавме закажано свадба во Јули, но откажавме. Веројатно за следната година. Нема никакви официјални информации, и нема можност за подготовки во последен момент. Нормално е од рестораните да убедуваат дека се ќе биде во ред, за да не се откажуваат.
Да така е.. и ние ќе ја откажеме бидејќи ни е во Јули, и да има официјални мерки сепак сакаме да биде свадба а не циркус со стресови дали сме се дезинфицирале или не...
Ние август, но искрејно со сите овие правила нема шанси да правиме свадба. Би одложиле за до година. Мислам дека никој не би сакал да прави таква свадба. Па еднаш се случува тоа, и да биде баш циркус не фала. Или одложување за догодина или една мала церемонија/прослава и толку.
Ние требаше да правиме и венчавка 1 недела пред свадбата и да биде матичарот на отворено па после тоа со најблиските во ресторан... ама незнам и тоа дали ќе може да го оствариме покрај фактот што може пак ќе треба да сме со маски а да не зборам па во ресторанот дека пак ќе биде по протокол некој.... затоа чекам да кажат некои мерки барем за на отворено да знаеме како ќе биде..
Кој знае како ќе биде. Сите чекаме да видиме што ќе кажат, дали воопшто ќе може да се прават свадби ако не дали би се дозволиле мали прослави. Што викаш ете и мала прослава ама ако биде под определени услови,маски итн...незнам дали би се нафатила и така. По се најбезбедно ми изгледа одложување за догодина.... се надевам нема до толку да трае...
Ние требаше да правиме свадба во саботата. Откажавме се. Нема да правиме воопшто. Здравје некогаш во иднина ќе закажеме венчавка во црква, дај боже да биде со крштевка заедно, па ќе прославиме тогаш со најблиските.
Истото и јас на шала им го зборам, ама и не е шала. Дајбоже догодина со крштевка со се да си правиме веселба. Очекувам следна година многу вакви свадби со бебчиња.
Нас дури и со тоа не тешат... ајде не се секирајте што ќе се одложи здравје наредна година со бебче ќе си направиме веселба што искрено и сакам да биде така