@babybubu Лелее дајбоже девојки, јас сум си со ПЦОС и не ни се чека една свадба веќе. Страв ме фаќа и вака колку би ни требало време не па уште свадбата да ја чекам. Ма и трудна и со бебе како сака нека биде, некако сеа свадбата ми е во втор план, на прво место е бебуш.
Јас во моментов многу повеќе би се израдувала да имам позитивен тест отколку да ми кажат можеш најнормално да правиш свадба. Секој со своите маки и приоритети!
Сакам и позитивен тест и свадба . Како и да е под било какви околности решени сме ние да се регистрираме на датумот што ни беше предвиден а за венчавка и веселба како што треба да биде нека биде. Ако дозволат мали прослави ќе биде и тоа. Многу се нервирав и се секирав што како ќе биде и ми пукна филм си реков ќе си ги нареди господ работите. Како за сите така и за нас. Уживајте во љубовта и не се замарајте. Извинете за овој оф-топик.
Ние немаме оставено капар, и се немаме јавено за да откажеме чекаме до крај на месец, ама се мислам да не ни побара сега како надокнада дека многу откажуваат ...
Ние имаме оставено капар, не откажавме презакажавме за август, но по телефон ни рекоа и да сакаме да откажеме би ни го вратиле капарот. Е сеа ќе видиме доколку дојде до тоа дали стварно ќе си останат на зборот.
Ние немавме оставено капар. А знам другарка која имаше закажано за почеток на август со 6000 мкд капар, и тие откажаа и од ресторанот немале одлука дали ќе им се вратат, сега ги убедуваат да им дадат датум за следна година...
Јас оставив прилично добра сума како капар ( по барање на ресторанот ). Иако свадбата е закажана за покасно во годината, пак сум на мисла. Цело време на шилци сум, никако не е.
Капарот во принцип не се враќа назад. Затоа и зимаат капар , да бидат сигурни дека ќе се прави свадба таму , и доколку младоженците се откажат капарот останува за нив или се одбива од севкупната сума на крај од свадбата. Јас правев свадба пред пандемијава среќа , инаку планот ни беше сега за Август месец .
Не се согласувам во целост. Сепак се работи за настани кои се одложуваат во време на пандемија. Еве на пр. За фотограф имавме договор со Војкан Миленковиќ, каде стои која сума му ја имаме дадено за капар и наведено процентуално кој износ треба да се надомести кога би се откажала свадбата. Конкретно 30% за откажување 2 месеци порано. Кога се слушнавне за да откажеме, го прашавме колку треба да доплатиме, веднаш кажа неможам сега да се повикувам според договорот и да земам пари. Капарот ќе остане за кога ќе договориме следен датум. Од цвеќарата исто веднаш ни го вратија капарот.
Дали некој има информација дали може да се направи матично на отворено (пример во парк), со присутво на луѓе кои ќе бидат на дистанца, и бидејќи на отворено, да не се носат маски...
Можете на отворено , само вие двајца и сведоците . Имаше можност во Прилеп или Битола баш на вести ги покажаа . Ставете маска колку за регистрацијата , подоа дома соберете се и прославете .