1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Битола на отворено се во дворот на општината и затоа важат истите правила како и внатре. Мислам има можност да се организира во парк или на отворено на друго место, тоа зависи од матичарот и правилата на општината. Доколку е возможно се доплаќа исто како кога матичарот оди да регистрира во ресторан или слично. Колку што имам слушнато земале околу 5000 - 6000 денари за матичарот да дојде на друго место да ги регистрира младите. :)
     
    На sirenah му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.685
    Пол:
    Женски
    Ние имаме закажано свадба за Октомври, знам има време до тогаш ама не верувам дека вирусот ќе го снема ( барем додека нема вакцина )

    И веќе не ми се ни прави свадба, сакавме да ја откажеме - презакажеме нормално со време, или пак капарот да го искористиме за помала веселба понатака, но некако од ресторанот ( кај што имаме дадено највеќе капар ) нејќат воопшто да слушнат за некое решение.

    Рековме капарот за музика да ни пропадне а за сликари или ќе се сликаме, некоја сесија да направиме.
    Не знам дали да причекаме уште некој месец и пак да се пробаме да ја презакажеме.... Не ми се прави свадба според протоколи. :|
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    3.447
    Пол:
    Женски
    Би ти рекла да почекате барем уште месец два најмногу?? Да се види дали воопшто ќе се одружуваат свадби и под какви протоколи.

    Инаку крајно не коректно од страна на ресторанот. Доколку сакам да ја одложам и презакажам за догодина, со оглед на новонастанатава ситуација треба да излезат во пресрет. Баш напротив нема да изгубат, само ќе им се одложи приходот за следната година.

    Ние имаме за во август закажано, ако не сакаат да ни презакажат за до година да важи капарот ептен ке се изнервирам.:doh:
     
  4. SweetiePie99

    SweetiePie99 Нов член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите!
    Планираме мала свадба (околу 50тина гости) на пролет 2021. Дали имате сугестии за место (ресторан/хотел) во Скопје, а да не е класика свадбен ресторан, и да не е резервација во ресторан кој што си работи нормално?
    Исто ме интересира, бидејќи имаме гости надвор од Скопје, идеи за смештај за гостите?
    Ви благодарам многу!
     
    На Firegirll му/ѝ се допаѓа ова.
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    13.410
    Да видиш Ореов Лад дали ќе ти фати око.
     
    На Veta и SweetiePie99 им се допаѓа ова.
  6. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Вeргина во Карпош 2 да го видиш можеби ќе ти фати око. Има и хотел за преспивање, а ресторанот работи исклучиво за прослави и настани.

    https://www.facebook.com/restaurantvergina/

    Мене лично ми се свиѓа концептот на АТК, а газдата е млад и може да ви организира се. Јас имам правено две прослави таму, многу сум задоволна. Доколку се одлучиш за АТК хотел Карпош е многу блиску, а имаш и сосема ок ноќевалишта со солидни цени во Капиштец. Еве линк од АТК

    https://www.facebook.com/350298191822330/posts/1533773670141437/
     
    На SweetiePie99 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Види и во ресторан Дениција,мало,но убаво местенце. Поздрав
     
    На SweetiePie99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    @SweetiePie99 во Континентал има сала баш каква што бараш. Јас правев свадба таму. Таа сала е за состаноци и максимум има простор за 80 гости. Ние имавме 50. И од храната сум задоволна.
     
    На SweetiePie99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    30
    Здраво,

    Може да ми каже некој дали се венчал во матично сега брзо во Ск? Дали е дозволено и кој може да присустува? Задолжително е носење маски? :)
     
  10. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Ќе ве молам, кој имал искуство сега брзо да ме оправи. За проста работа, многу се збунив...

    Без денеска до Управата за водење на матични книги за да поднесам бараме за склопување на брак (во Скопје, кај факултетот за музикчка уметност). Ја имав таа среќа денеска да не примаат странки (среда и петок се склупувале бракови таму, понеделник, вторник и четврток примале странки). Ајде во ред, ќе си отидам утре, никој не ми е крив. Ама што правам кога ќе отидам утре?

    Дечково од информации ми вика, доаѓаш и одма на лице место склучуваш брак. Му викам значи и сведоците да ги земам со мене, ми вика не, тоа ти е за у матично, таму кој знае кога ќе има термин.... искачам надвор, гледам луѓе си честитаат брак, некој алкохол, некакво благо, девојката во бел шик фустан ,со букет, стариве им викаат ајде со среќа брак, вечни да сте...

    И сега сум тотално збунка, што точно правам таму? Стапувам во брак или не? Знам глуп муабет е можеби за некој, ама ако стапувам во брак, не планирам тоа да го правам на пауза од работа 30 минутна, ќе земам ден, ќе седнам на еден ручек со сопругот отпосле...

    Енивеј, хелп!
     
  11. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    3.447
    Пол:
    Женски
    Ааа чек ептен ме збуни сеа. Ние правевме матично минатата година, ама процедурата е одиш прво закажуваш термин ти кажуваат кога или си бараш ти кој датум сакаш, се договараш време, пополнуваш образец, плаќаш и толку. После на договорениот датум си одиш со сведоци, средена стокмена.

    Ова ми нема логика.....Прво се оди се закажува, се гледа дали се океј документите и мора и двајцата лично со лични карти, барем така беше минатата година.
     
  12. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    И јас така го знаев како што го кажуваш. Сега ми вика образецот пополнете (двајцата присутни, со извод и ЛК) и платете и готово, венчани сте, а за матично ќе си видите отпосле...
    Затоа барам некој у брзо време дали имал искуство пошто очигледно нешто е малце изменето.
    Да знам дали да се токмам за утре или на пауза да излагам :D
     
  13. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    3.447
    Пол:
    Женски
    Ама како така и готово венчани сте за матично после? Па матично и венчавањето односно склучувањето граѓански брак е едно исто. Мора однапред да се одреди се, дури и кажуваш кое презиме ќе го задржиш кога закажуваш. На денот на матичното, они веќе го имаат изготвено изводот на венчани се е спремно само да се потпишеш во книгата.

    Ај може ќе сподели некој поново искуство. Ама ова стварно нема логика.:)
     
  14. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, никаква логика, знам дека делува како да не знам за што правам муабет, ама толку ми објаснија :| Затоа и ја се збунив толку....
     
  15. Summerlove@2016

    Summerlove@2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Извините што Ви се мешам, но освен лични карти како што рече, исто обавезно треба да имате и извод на родени не постар од 6 месеци.
    Ние пред 2 години бевме во матично прво закажуваш дата која сакаш ти или ако не е слободна таа дата ти кажуваат тие кои се слободни дати, после ако немате изводи одма поднесувате барање таму за извод на родени и тоа е само тој ден. Е кога веќе ќе закажеш пример одеш утре закажуваш за 01.08 и тогаш на таа дата одете спремни со сведоци.
    И за работата околу изводот гледај да не ја оставаш за последна, мене ми направија проблем, јас не сум од ист град со маж ми, но дека е многу далеку не можев да одам до мојот град само за изводот и океј ми рекоа ваму не е проблем тоа, овде ние ќе испратеме барање до тој град и тие ќе ни го испратат електронски изводот ние ќе го испечстиме ти само напиши информации и плати, плус и платив повеќе дека рекоа ќе ми завршат работа. Прашав кога да дојдам да ги земам, ми рекоа не се грижи чим имаш платено и закажано ние од овде кога ќе бидат готови ќе ги доставиме до матичниот кога ќе треба да се потпишете. И ете ти проблем одиме после во матично денот кога имавме закажано и чекаме чекаме го нема матичарот, и после пола саат доцнење од негова страна вика не можам да ве венчан без изводи и му објаснивме се ситуацијата среќа што имавме роднини па одма средија работа инаку немаше да сака да не венча, замисли колку нервоза баш на тој ден. Затоа среди си на време и со тоа.
     
    На CareTee и Bicka77 им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    А зошто не го праша на лице место ова што не прашуваш нас? Кажи му нели во матично се склопува брак, од каде сега овде. Инсистирај да ти објасни кога си веќе таму, и јас прв пат слушам за вакво нешто
     
  17. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Пробавме, ни се испонаша, 'убаво ви објаснив, не знам што не ви е јасно'....
    На тоа му рековме, ''извинете, не сфативме како тоа случуваме брак тука на лице место а после идеме во матично"
    Одговорот беше "јас пак ќе кажам, убаво објаснив, нема ништо нејасно"

    Затоа, од мака се обратив тука... Како и да е, ќе отидеме утре, ќе видиме што ќе се случи, крај краева ќе си заминам без да потпишам ништо ако испадне стварно дека стапуваме у брак у тој момент и тоа е тоа. Фала ви многу на сите :hug:
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    13.410
    Мислам дека таму носите документи, за они за спремат се, да видат дали е ок, да го изготват изводот, а се официјализира на датата кога ќе отидете во матично потпис да ставите во книгата на венчани.
     
    На Bicka77 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    Формално како стапување во брак го сметаат тоа закажување на термин, тогаш уствари ве внесуваат во таа книгата, затоа и мора двајцата да сте присутни.
    Матичното после е само за добивање на изводот и формалност.
     
  20. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Баш денеска бевме со личните карти и изводите. Плативме нешто ситно со картица. Кажав кое презиме и се потпишавме на еден лист на линиите за свршеникот и свршеницата - баш вака пишуваше.
    Избравме датум и време и ни кажаа дека всушност тогаш званично ќе стапиме во брак.
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.