Ја прашав денес матичарката, рече дозволено е само 2та сведока со вас да влезат. Дозволувале да се извадат маските кога потпишуваш, ради сликите... Сликар не е дозволен, они ве сликаат ако сакате.
Девојки дајте ми некоја идеја, мајка ми сака да му купи на вереникот нешто сега за регистрација, дека на веридба не си дадовме ништо. Освен часовник што друго би можело да му подари на зетот?
Мојов кошули многу сака, си носи често, тоа му земаа за веридбата и кондури едни - ова уствари ја и он си се договривме што му треба реално и после само им кажав на моите. Сега ми дотекна, ако носи накит случајно, некоја алка, можеби ланче....
Исто добра идеја! Еве мм се нервира со правосмукалката што ја имаме (јас мн ретко работам со неа поради проблеми со кичма) и цело време вика нова да се купи... уште да отидеше да си ја купи и таман ќе бевме
Ако не грешам у Божиновски мислам има... исто така и манжетни имаат. Малку солени се некои цени. Разгледај им го сајтот, може ќе ти дојде уште некоја идеја.
Девојки помагајте, ми требаат идеи... Барам ресторан во/околу Скопје за ручек после регистрација. По можност тоа да биде интересна летна бавча. Прашував во Дениција ама за таму ми требаат 20 души а ние ќе бидеме максимум 12 возрасни и 2 деца и бројкава не можам да ја зголемувам повеќе од ова. Ми го препорачаа Ореов Лад - немам отидено до сега ама тоа што видов на слики ми се допадна ама сакам барем уште едно/ две места да видам пред да се одлучам. Кога се јавував во Дениција девојката ми спомна Градина дека имале а ла карт мени ама не знам како е таму... Ве молам ако имате некој предлог, споделете
Ореов лад е многу убаво, јадењето е превкусно. Ние таму здравје планираме крштевка, поради тоа сакам да ја правиме летно време. Отидете чисто онака на ручек еден ден. Мулино?
Маргер во Градски Парк,Лира во Дебар Маало има мала ама интимна тераса,Воденица во Капиштец,Камник,Стоби ако ви се патува до Градско..
Фала ви девојки! Ги посетив скоро сите што ги пишавте и изборот сепак падна на Ореов Лад, понудата таму ми беше најдобра.
Здраво. Ако има некој што се регистрирал во Швајцарија да ми пише лп, ми требат неколку инфо. Благодарам
Девојки здраво, имам едно прашање Дали може место старосватица, мојот сведок да биде старосват односно најдобриот другар. Дали може машко да е тоа ми е прашањето. Најдобрите три другарки се преселија надвор од Македонија и сега поради ситуацијата со корона нема како да дојдат. Од оние кои се тука најблизок ми е еден другар и сакам него да го поканам старосват да ми биде.