Каква венчаница би ми препорачале само за в црква со оглед на ситуацијата со Корона? Сакаме да се венчаме в црква, но јас сакам да си бидам невеста
Мене да ме прашаш јас би некој долг свилен фустан бел,тесен ако можеш да најдеш, на глава круна од цветови. Верувам прекрасна ќе бидеш.
Сон ми беше ваква невеста како што опиша да бидам во црква, ама пошо правевме се во 1 ден (а првичниот план беше црква во друг ден од веселбата), си бев стандард принцес невеста
Ме интересира што се прави со машните и венчето што е накитен дворот за свадба? После 1година се откитува така?
https://moonlight.mk/ https://www.instagram.com/meet.moonlight/ Посетете ја веб страницата и нашите социјални медиуми. Добивате понуди од изработка на покани, декор на секакви настани. Напишете меил hello@moonlight.mk или контактирајте 076 477 226 за повеќе информации.
Не е прашањево за баш за свадба-свадба, ама не знаев каде да го поставам.. Ми треба идеја за фустан за регистрација во матично, да го носам во комбинација со Converse стартки (боја не знам која ). Сите идеи и критики се добредојдени .
Барј по бутиците сигурно ќе најдеш нешто, не ти треба свечен фустан за ној вкус туку нешто поедноставно. Јас би сепак бела боја.
Да и јас сум повеќе за бело/беж... Не најдов ништо посебно низ бутициве, мада реално немам ни нешто многу прошетано, кога ќе дојде време да купам нешто за некој повод се парализирам . Па си реков да сошијам нешто, ама сите идеи што ги најдов на Pinterest се баш венчаници, а јас сакам нешто едноставно и измеѓу (сепак да не бидам како матурантка ).
Долго или кратко? Не барај слики со wedding dress во името туку white/beige dress, милиони дизајни има. Јас би шиела.
Во спојлер ќе ти ставам неколку профили од инстаграм, разгледај за моделче за шиење. И да е долг фустанот што ќе ти се допаѓа од сликата, ти секогаш може да си го модифицираш. А за купување, први на памет ми паѓаат бутиците на последниот кат во ГТЦ. Спојлер: Профили од Инстаграм
Ја би долг искрено ама се мислам да не е too much само за во матично. Се’ што видов до сега во матично носеле кратки фустани (не сум присуствувала досега на регистрација, поима немам што е соодветно ).
Јас исто бидејќи "правев" корона свадба, само во матично и фотосесија, шиев сличен како што ќе прикачам. Турбан се викаше студиото во кисела вода, ептен сум задоволна.
Здраво феминки! И јас како сите вас се спремам за свадба во оваа корона година, и се зачленив во форумов баш за да си разговарам за вакви слатки маки сакав да прашам, дали има некој инфо дали воопшто ќе може да се прават прослави оваа година, или ќе остане се’ како претходната- со ограничен број луѓе, без музика, без играње ислично... Колку ми е криво што ваков специјален момент во животот кој(се надевам) еднаш ни се случува во животот, не можеш да го доживееш на правилен начин♀️