Јас пишав за мојата венчаница и слика ставив во друга тема Каде ја шиевте вашата венчаница? Цените им се многу ниски, ама мислам тоа се должи на локацијата дека е Мавровка на други места што прашав беа многу повисоки, секако јас одбрав еден модел од кај нив на Инстаграм и кога отидов во бутикот плус многу ми беше убаво како ме пречекаа и тоа беше доволно да се одлучам
Се надевам дека прашањево е во соодветната тема.. Скоро сите свадби се прават во сабота/недела.Прашањето ми беше дали може да се венчаш во црква и да правиш свадба и во петок? Се си мислам свадбиве се прават во сабота или недела затоа што е попрактично,викенд нели.. ама да не има нешто да во црква да може да те венчаат само сабота/недела,или можи и петок?
Секој ден може, па дури и петок. Е сега се велигденски пости и мислам дека не вечаваат, али најдобро е да си прашаш во црква.
Добар ден, HELP Свадбата ни е закажана за крајот на мај.. но поради ситуацијата буквално не знаеме на што сме ниту пак спремавме нешто.. Свадбата е закажана за на отворено, па сакам да прашам дали има и други што се во ваква ситуација, дали ги одложивте свадбите, какви ви се плановите? А добро ми би дошол и совет како би организирале вие свадба во оваа ситуација. Ние планираме да се сретнеме во црквата да се венчаме и од таму во ресторантот да се регистираме и да има мала свечена вечера или ручек со најблиските... И бидејки не дозволуваат жива музика, дали dj смееме да ангажираме за да пушта одбрана музика.,, Бурми од каде може да се купат да не се прескапи,.. Костуми каде може да се најдат убави и со нормални цени.. Какви подароци спремавте за потребниците или по колку пари им дававте доколку не сте купувале вие... Искрено не ни се одложува,бидејки не се гледа крајот на ова лудило, вака барем ке ни се тргне гајлето од главата... секако во блиска иднина не верувам дека ке дозволат свадби какви што правевме предходно... СИТЕ МИСЛЕЊА СЕ ДОБРОДОЈДЕНИ, ВИ БЛАГОДАРАМ
Искрено, не би правела свадба... ем себеси да се заштитам, ем блиските. Плус можда некој ќе ставиш во непријатна ситуација, у смисла не идел нигде цела година ама сега за да не те повреди/навреди да реши да дојде... Кога викаш најблиските претпоставувам мислиш и пријатели некои блиски и поблиска фамилија. Ова мене ми беше ризично пошто сакав да си ги заштитам родителите и свекор свекрва. Јас од мојата свадба се откажав лани. Направивме само регистрација, присутни беа сведоците само. После тоа ручек на отворено, само ние во ресторанот бевме и само 12 души со се нас двајцата. Старите ги ставивме на посебна маса. Ние на друга маса со празно место измеѓу секој пар. Венчавка скокнавме, оставивме за со крштевка, здравје. Пак си е твое како ќе постапиш ама ја би те советувала ако ти е битно да биде годинава, да го направиш најинтимно што можеш. Здравје, ќе си направите голема прослава за 10 годишнина на пример
Ние имаме закажано за 19 јуни, мислевме ќе заврши до тогаш, но не е така. Се одлучивме датумот да остане, ќе се венчаме и ќе се регистрираме, гости колку ќе дозволат по протокол толку. Само фамилија од двете страни, со кум и старосват нешто помалку од 40, а со друштво околу 100-120 испаѓаат, сепак ако се одлучиме за повеќе гости (120) мислам дела нема сите да прифатат да дојдат што ќе ги поканиме. Немам разгледано фустан, сакам во Ламас да видам готови модели што имаат. музика Маестро, сликари Say yes, локација на отворено и плус голема сала што резервиравме од лани ама тоа се ќе отпадне мислам, освен сликарите ако не се олабават мерките..
Не гледам поента да преместуваме затоа што ова очигледно во скоро време крај нема да има ниту пак да се врати се во нормала. Ние планираме да се венчаме и регистираме , ручек за потребниците и најблиските и ако дозволат dj и под услов да нема полициски час истиот ден и друштвото околу 40-50 за мини забава, а ако е не изводливо забавата со друштво ке ја одложиме за летото со надеж дека ке има подобри денови..... Бурми од каде може да се купат убави а не прескапи, костум за младоженецот, бидермаер ... какви се цените од прилика не сум гледала се уште ништо... фустанот ми е порачан за шиење но ниту чипката не е стасала .........
Бурми ми излезе Адор Голд имаат некој попуст, имаат во ГТЦ и чаршија продавници, убави модели. Одело исто има во ГТЦ горе на 1 кат и низ Мавровка има неколку продавници, ама моделите се горе доле исти секаде.
Цената на бидермаерот мислам ти зависи од кај ќе го порачаш. Во локална цвеќара ми кажаа 1000-1500 за мал букет. Отидов на пазарче во Бисер, женичките ми го направија за 500 ден и ми беше мене лично прекрасен. Секако цената зависеше и од тоа какви цветови одбрав. За младоженец во Тивес имаше убави, по 200 евра.
Ние нареден месец ќе се регистрираме и доколку најдам местенце на отворено со добро разделени маси, ќе се почастиме ручек 15-ина луѓе. Венчавка во црква ќе правиме крај на пролет или почеток на лето ДОКОЛКУ ситуацијата е подобрена, но и тогаш не планирам да правам свадба со музики и бидермаери, едноставно сметам дека е претеризам во ова време. Битно ми е да сме живи и здрави и да си продолжиме убаво со брачниот живот, поголеми собиранки можат да почекаат, ама ич не ми мењаат ништо во животот.
Исто и ние Веќе 2 години одложуваме поради икс причини и веќе нема смисла. Ќе правиме матично и црква само и после ручек, околу 25 гости. За дарување - кумови, старосватови и нивните деца, золвата, децата и зетот. Музика не дозволуваат, тоа се плус гужви... Бурми погледни во Циркон и Фатих во чаршија, имаш избор поскапи и поевтини, ќе најдеш. Поздрав.
Здраво, фотограф само за регистрација може ли да се викне сега со коронава? И дали знаете како се движат цените за тоа?
Zdravo sakam da prasham Bidejki ke pravime samo registracija i crkva dali ke treba da zakachuvame venche na vrata ili ne bidejki ne svadba?