Кои бутици за венчаници, изнајмуваат? п.с. за во Јули ми треба да изнајмам венчаница, Струмица,Штип,Кочани ?
Девојки ајде помош ☺️ Нема да правиме класична свадба, само со сведоци и родители во матично и црква. Дали треба да купам китенки (оние што се закачуваат на кошула)? Одење по невеста нема да има затоа не знам дали треба. 2. Дали само свекрвата фрла бонбони во црква? 3. Свекрвата во црква носи погача украсена, сол и вино?
За во црква кој што носи таму ќе си прашаш. Мене ми дадоа едно ливче со интрукции. Еве пример конкретно за бонбоните пишуваше или свекрвата или кумата. Китенки не ми делува дека ти требаат, освен ако не ти е таква желбата, па можеш на пример и пред да влезете во црква да им ги закачиш. Пандемијава ти дава дозвола буквално како ти сакаш да си направиш
Не треба, ако сакаш купи ако не, не. Ич да не се замараш, како мислиш ти така прави си. А за во црква да, даваат едно ливче што треба.
Zdr devojki..Sakam da ve prasam nesto mozebi nekoja od vas znae ili pak e imala slicno vakvo iskustvo.Jas ke pravam kraj na juni svadba ama so 10 tina gosti, inaku sum razvedena pred mn godini i sega ova ke mi bidi vtor brak, sakam da prasam kako e procedurata za vo crkva so ogled na toa sto i na prvata vencavka bevme vencani vo crkva a sega pak imame zakazano. Dali treba nekoj dokument da se nosi ili pak ne, jas sum sudski raVedema pred mn godini ama ne znam sega kako idi toj del so crkvata.. inaku vo dr crkva ovoj pat planirame da se vencame., a ne vo istata od prethodno
Китенки по твоја желба ако сакаш. Кај мене носеше и свекрвата и кумата. Свекрвата ја носи погачата, а свекорот виното. Секако во црква ќе ти дадат ливче што како.
Ти треба развод и во црква. Мислам, не сум сигурна, дека со документот за претходниот развод се оди во црква. Некаде околу 3000 денари се плаќало. Два пати во црква не можеш да се венчаш ако ова не го направиш. Отиди си на време, прашај што документ треба, иако претпоставувам тој е документот, од разводот.
Не е баш за свадба, ама не најдов соодветна тема за кумови Другарите не побараа да им бидеме кумови, во скоро треба и официјално да дојдат дома, да го истераме адетот де Е сега ме интересира, дали треба да им купам нешто што, ете се вериле?
Кога го извадија ова вака ?? Јас знам дека црковен развод не постои... @Корнелија ,не барем нас ништо не ни дадоа тогаш (прелани)
Ако им одиш дома да им честиташ веридба тогаш ќе им однесеш подарок, ако доаѓаат младите кај вас дома да ве канат за кумови тогаш ќе наместиш убава трпеза и ќе ги пречекаш тоа е тоа.
Кога се канат кумовите, младите носат подарок за кумот. Вие не треба ништо освен како што кажаа, да спремите ручек/вечера. Вие подарок давате на денот на свадбата или што и да е. Барем нас кога не' канеа беше така.
@Корнелија ние кога отидовме да ги каниме кумовите им носевме поклон (пари), погача и вино. Тие си имаа спремано убава трпеза. На одење кумата ни даде и мене и на мм симболичен подарок (парфеми ми се чини), дел од погачата и свиткани бомбони во сина и розева боја и ситни парички. Ова во бт.
Отсекогаш постои Кај нас ретко и кој знае, зошто во 90% од случаите втор брак во црква, ретко кој прави, обично само матично. Што ти значи кога бившиот ти студирал теологија (мала шала на моја сметка)
Вака, прашувам за братучетка која сака да се венча во црква а ја нема крштеницата т.е заборавиле нејзините да извадат. Кога се родила им рекле дека треба таткото и кумот, но сега нема контакт со кумот па дали би било пробчем да оди сама да земе? И колку пари е?
Не ми е логично да не ти треба црковен развод бидејќи нели попот кога венчава во црква прашува Дали се имате ветено на некој друг? И сега ти треба да лажеш и во црква, и пред поп, и пред сите луѓе таму, мислам дека не е океј тоа. Црковен развод ми изгледа дека е сосем океј да се направи пред ова, ако воопшто има такво нешто.
И јас немав, беше татко ми извади бидејќи и нас ни кажаа дека треба. На крај никој не ми ја ни побара.