А да си кажеш оти не ти се допаѓаат? Потенцирај си ја замислата. Ако треба покажи им што сакаш. Ајде, мисли позитивно и сигурно ќе најдеш нешто. Сепак една недела не е малку време.
Јас кога прашував за невестинска торта ми рекоа од 3000 нагоре, зависи колку парчиња, вкус и декорација. 20-30 денари парче, одприлика. Сте слушнале ли може дали можеш да им бидеш кум на твоите кумови? Малку ми е нелогично ама да прашам.
За кумови не знам, ама знам случај двајца другари, едниот е старосват на другиот, а другиот пак кум на овој првиот. Прашаа во црква, им рекоа може. Да си прашате таму кај што ќе биде венчавката?
Имаме закажано за 15.08 се надевам дотогаш нема да има некои промени, ќе имаме 150 гости, а салата е на некој начин отворена (странично и горе е со пергола која се отвара). Поканите и фустанот ми се готови, зетот не е дотеран. Инаку имаме бебе и нема да правиме адети, само црква и ресторан.
Каде ова? Ние пред 2 години правевме свадба, од 60-100 денари за парче се движеше цената. За торта за крштевка од 50 парчиња ми побараа 4500 ден.
Најдов, се надевам дека барем ПОЛА од моите очекувања ќе ги исполни оваа фирма. Ми делуваа фино и исполнително... ама па и претходната цвеќарка личеше дека ќе ја биде, ама ужасната бев ако би барем малку излезе како што очекував, ќе ви кажам. Фала богу бар се нафатија за кратко да ме "средат".... со сомнеж, ама барем да биде нешто како што треба.
Nemoj vakvi tazni covecinja pred svadba ne e seedno no moras da bides optimist i da si go do cekas denot srekna i nasmeana
И ова беше пред 2 години кога требаше ние да правиме свадба. Спојлер Во Велес. Јас сакав мафини наместо торта ама беа поскапи 50 денари парче.
Имаме закажано свадба,крај на септември и од овие меркиве ништо не можеш на раат да си организираш,плус на отворено до 150 души дозволено а ние сме 250 ај и за тоа нервоза огромна,не знаеш кој да поканиш а сите ти се блиски.....и како невеста си спиам на едно увце..ептен немам ќејф амаааа баш за ништо.
Девојки, сега од сабајле отидов да си ги земам бонбончињата од фирмата од каде што нарачав...ПРЕУБАВИ МИ СЕ !!! Баш какви што сакав...се надевам дека се друго ќе биде како што нарачав ...ако ви треб од срце ви ги предлагам
Здраво, многу глупо прашање ама морам с на денот на венчавката ли го земате бидермаерот или може и ден два порано и отприлика за 100 гости колкава торта порачавте!?!
Ако бидермаерот е од свежо цвеќе земи го на дента на венчавката или најрано вечерта пред, инаку на ништо нема да личи.
Јас бидермаерот си го земав вечерта пред свадбата. Беше супер, но се зависи и од какво цвеќе е. А, за тортата, исто имавме околу 120 луѓе, тортата беше на три спрата, за 100-120 парчиња, и таман имаше за сите. Тогаш ми кажаа пример од торта на три спрата имаат две варијанти, за 100-120 парчиња и другата варијанта за 150. Додека пример, за споредба, 2 спрата исто помапа и поголема варијанта, погоемата од прилика до максимум 80 парчиња.
Тие што имаат закажано свадби овој период, дали ќе ги презакажувате за наредната година поради новите мерки? И дали ви имаат кажано како ќе се одвива "свадбата" во ресторан доколку гостите се вакцинирани?