Јас имам закажано на 18.09 и нема да ја откажам (веќе ова ќе биде четврт пат и искрено премногу е), ако е вака, ќе ја направиме согласно протоколите. Моментално во салата на отворено, нема никакви други мерки доколку гостите се вакцинирани. Се друго е како и претходно.
Нас исто 4ти пат ќе ни е како и на другата членка. Имаме ограничување на 150 гости, сите вакцинирани да се, келнерите ќе се со по 2 маски и цело време дезинфекција ќе се правело. Ресторанот е отворен и има капацитет од 600 гости инаку
Здраво, дали некој знае дали музичарите треба да се вакцинирани или не? Бендот што го имаме викнато не знае, на свирки не им барале. Од ресторанот ни рекоа дека ни тие не знаат....
Kum na kum nemoze,nie sega vo okt ke pravime svadba... Na nasite kumovi jas sum im starosvatica i zatoa prasavme vo crkva.
Nas ni e zakazana na 03.10,na otvoreno t.e sator i ne ja otkazuvame... Se javiv vo restoranot mi rekoa deka rabotat po propisi,ke baraat sertifikati i toa e toa... Se nadevam vaka ke ostane
Девојки јас имам прашање за бурмите, односно за перничето на кое се украсуваат. Дали тоа е должност да се украси на младите или на кумот/кумата?
На младите е затоа што бурмите сами си ги купуваш, т.е. на листот што ни го дадоа од црквата пишува од свекрвата ама мало сутра
Здраво, ми треба мислење, дали е касно да се резервира простор за периодот април-јуни идната година..?
Не би требало, пробај се, ќе се најде термин иако можеби не баш оној кој го сакаш. Мои блиски закажаа за во мај пред 1 месец, кажаа дека имало термини.
Едно прашање за искусни: со една пријателка разговаравме во врска со дарување на невестата од фамилијата од страната на мажот (свеки и свеко). Што ве даруваа и во кој износ одприлика било дарувањето (обично е злато мислам )?
Да злато беше. Сама си избрав каков сакам мислсм дека беше околу 600 евра комплет ланче, алка и обетки.
Зависи од финансиската состојба, не може да се споредува со други. Тие најдобро знаат колку можат да си дозволат, сепак љубовта и слогата се побитни. Еве мене (пред 11 год.) ми купија злато околу 1000€, капут, обувки, ташна, гардероба што сакав, долен веш, бањарка, пижами, козметика.
Зависи колку сакаш да ги потрошиш Јас бидејќи не обожавам злато си одбрав накит од guess (пред 4 години околу 500е) плус гардероба, обувки, долен веш, бањарки, козметика..
Све е ствар на договор, финсиска состојба. Мене ми ја кажаа сумата, сама си одбрав накит, фустанот за веридба сакаше свекрвата да ми го купит иако не ме ни праша колку пари е пошо си го шиев, деуго не сакав ништо. Кај нас е обичај невестата сите да ја даруваат и она нив, ние одлучивме да не е така, само мене и на маж ми.
Ние не правевме класично дарување и немам осет што и колку се дава. Фала на коментарите, секако е ствар на договор ама она не беше нешто импресионирана од сумата што и ја дале иако се одлично финансиски потковани. Мене лично не ми значеле овие работи и не сум запознаена со оглед на тоа што немав класична свадба. Фала уште еднаш!
Мене свекрва ми ми даде 300 евра кажа дека злато сака да си купам ама да сум си одберела сама + охридски бисер што и бил поклон од свекор ми и еден прстен кој бил пренесен генерациски.
Дали некој слушнал дека венчаницата што си ја носел во црква на венчавка, не смее пак да се облече ако после неколку месеци се прави свадба во ресторан? не смеело истата венчаница 2 пати да се облакала.