Јас ја носев два пати ,првиот ден кога ме земаа од дома и наредниот за црква, матично ресторан .. па ни знаев за ова ни нешто ми е ...
Здраво моето прашање е малку поразлично. Дали веднаш после запросувањето започнавте да живеете заедно(тие што не сте живееле претходно заедно, еве јас живеев со родителите) или се меневте некогаш дома , некогаш со вереникот. Еве мене на пример како многу приврзана со родителите тешко ми падна веднаш да се преселам па затоа сакам да менам…
Се си е ствар на договор. Јас после веридбата се преселив кај него и нормално кога сакав одев на поседок кај моите.
Женски, едно прашање. Колку време пред свадбата закажавте торта? И одприлика колку време пред си одбравте бурми?
Торта закажавме некаде 2-3 недели пред свадба, а бурми можеш да си купиш кога сакаш. Битно да имаш за венчавката. Можеш и 3 месеци порано а можеш и 2 дена пред свадба.
Тортата одеше од хотелот, а бурмите околу 2 недели пред свадбата мислам беше. Отидовме за ск се што ни требаше за свадбата си купивме тогаш.
Имате ли закажано свадба? Ние 4ти пат откажавме септемврито, не знам следно кога би било ок со ситуацијава...
Не сум верена аххахаха, ама ќе дадам одговор секој различно започнува да живее заедно, некои и пред веридбата живеат, некои после, некои делумно, некогаш со вереникот, некогаш дома, а некои тек после бракот, зависи од ситуацијата и од желбата на младите.
Mene ne me zaprosi romantichno t.e da klekne so prsten tuku kulturno mi kazha sakash na 8.8 svadba da pravime si prifativ....Edna nedela pred svadba dojdoja negovite doma so zlato i podaroci kako na zapoznavanje so majka mi
Девојки кажете предлози за ресторани за свадба во Ск и бендови? Дали некој знае колку пари чинат да ги викнеме некст тајм, љубојна на свадба да испеат неколку песни? Фала ви
Здраво на сите, нова сум на форумов и планираме свадба во јуни. Порано знам дека матично можеше во ресторан, од кога има корона само кај нив во некоја соба беше, сега како е за оваа година? Дали ќе може да ги викнам во ресторан? Каде се носат документи да се закаже, ако некој нема информација за новата состојба, дали на некој телефон можам да се информирам? Од девојките што закажале за оваа година ве молам за искуство. Фала девојки
Девојки, потребна ми е информација... дали при закажување на свадбата може прво да се направи венчавка во црква а потоа регистрација во ресторан?? да не случајно е потребна потврда од регистрацијата за да се направи венчавката во црква?? Исто така што е потребно при закажување на венчавка во црква и матично од документација? Благодарам однапред
Нас не ни бараа во црква документ од матично, така да мислам дека се независни едното од другото. Сеатра ми прво се венчаа па се регистрираа во ресторан, немаа никаков проблем.
Nie zakazavme crkva, a veke imame dokument od maticno i ni kazaa da go doneseme dokumentot denta vo crkvata. Najubavo da si prasate
@mssuniquee или било која босанка ако може да ми каже. Поканети сме на "испраќање" на невестата. Братучедка на мм, нејзините го организираат. Не сум одела до сега на вакви работи. Што да облечам? Свечено, обично? Цвеќе да зимам или не?