Da nisto ne vi treba, osven izvod od rodeni, i 160 denari se uplakja na lice mesto za izgotvuvanje na dokumentot, zakzuvate termin i toa e toa
Ако си кума или старосватица тогаш во договор со невестата. Нека си одбере она материјал и боја за да може после свадбата да со сошие нешто од него по нејзин вкус
За боја знам, за материјал кажете ми обично што се купува најчесто оти не знаеше да ми каже и јас не знам што да барам.
Мислам дека се викаше жерсе, не ме фаќај за збор ама убав материјал е за фустани, паѓа и не се гужва. Кога ќе купуваш прашај. Моите беа вакви и јас кога купував исто ваков купив.
Здраво девојки... Како што кажав јас фустанот го купив во ламас... Искрено оп троп го земав... Не ни гледав на друго место... Цената ми беше до некаде и предудна... Нема никој да дарувам... Освен сопругот... За веридбата му направив бовча... Сега злато...на друг на никој... Кумовите не ни ги познавам (старо кумство е) не им го знам ни вкусот... А свекрвата ако сака нека им купи нешто... Се мислев дека ќе би дадат благослов за нов кум да си бараме... Ама свекрвица инсистираше они да бидат (иако сме генерациски доста голема разлика-родители можат да ни бидат)
Протоколи нема да има, барем така нас ни рекоја кога закажавме. Така да се надевам дека така и ќе биде.
Девојки ми треба помош околу избор на шминкер/фризер за невеста. Кој ке ми препорачате. Буџетот мислев да е до 6000 ама како што разгледав за тие пари нема Сакам да е некој што не шминка мн нападно а сепак шминката да издржи цел ден а фризура обична пуштена виткана.
Од кај си точно? Јас сум од тетовско, 3 000 ќе ме чини и фризура и шминка, детето перфектно шминка, генерација моја, ако си блиску, ако ти вреди да дојдеш, ќе ти го препорачам Зошто нема за 6 000 шминка и фризура, зарем толку многу се движат цените во Скопје ?
Јас закажав во студио Глам, 6000 шминка, фризура и нокти за таа цена Плус ако сакаш надградба на коса што после свадбата ја враќаш.
Фала ви девојки на сите, закажав кај Даниел Николовски... Гледам некои да не кажам обични фризери и шминкери земаат по 6000, вака барем се надевам ке ми се свиѓа како ке ме направи и нема да сум како теткица со 100 кила пудра и тапир фризура
Нема И јас се зачудив, цените се плафон... Зоран Шурбевски зема од 12 - 15 илјади, Даниел Николовски од 7 - 9 илјади... Страшно. Убаво ускуство со шминкерки/фризерки од Чаир немам особено Кенза, Анфи и З хаир, така да се одлучив за Даниел, иако сеуште мислам дека е прескапооо...