Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    [/quote][/quote]
    Добро Саја,разбравме за Елена.Мене сето ова ми изгледа на една малечка реклама,ама нема врска,може грешам ;)
    Инаку може ја бива Елена ,јас конкретно кога правев свадба ја побарав на ФБ како и што побарав милион други :lol: и ја прашав за едни бонбончиња да ми пише цена на што ми одговори да ја посетам тогаш ќе ми каже :!: .Инаку сите други кои ги имав за пријатели беа љубезни да ми се понудат да ми побараат меил за да ми пуштат каталог. :)
    Има милион други кои ги бива,и вас може да ве бива само малку фантазија и добра волја треба ;)
    Навистина е многу 70 ден за бонбонче,па и од злато нека е :o
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  2. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    дали е премногу безборазно да не се сликаш со гостите кога влегуваат?

    на пример правите убава слика од вас двајца и ја оставате на маса заедно со тањирот така нешто убаво искомбинирано, и да нема сликање и губење време со тетки баби стрини ?
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Ако го избегнеш тоа на почетокот потоа после сечење на торта или за време на вечера ќе те развлечат сите за да се сликаат со младите. Неизбежно е, :!: освен ако не се појави сликар во кафана па ќе нема кого да масираат :$ (ретко кој носи апарат на свадба зашто знаат дека има сликар)
    Паааа, безобразно безопасно е затоа што сите сакаат слика со невестата и младоженецот а не само тие 2-ца на слика (да има што да се коментира со комшиите :D , се зезам)
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  4. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Мислам дека е безобразно. Не сум воопшто традиционална и гледам да ги избегнам сите тие адети и глупости, ама ова некако не ми е во ред. Сите тие ќе дојдат заради вас, па се разбира дека ќе сакаат да имаат и слика со вас. И јас го мразам тоа губење на време, ама мислам дека не треба да се избегне. :)
     
    На joelle и maca99 им се допаѓа ова.
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Јас мислам да се сликаш :!: .Сите ги мразиме сите тие адети,но кога ќе видиш и не биле толку тешки :) Барем јас за мене си кажувам,тој ден само се смешкаш и ништо што си мислел дека е без веза,не ти изгледа така ;)
    Некако непочитување ќе дојде Жоел,секако ќе мора да ги пречекаш а едно сликање е неколку секунди,така да не им го скратувај тоа.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    сите го сакаме тоа,избегнување на сликање со 500 луѓе ама после свадбата ќе те изедат зашто не си се сликала ;)
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    добро добро ќе се сликам ајде :D

    инаку им пратив порака по фацебоок на скопски боеми за музика и на зага за сликање, чисто ме интерересира како се движат цените посебно кај зага. и онака ништо не ми прави ќеиф на местото каде што е свадбата барем убави слики да си имам од денот , се надевам ќе ми одговорат зошто уште не ми се јавува и прашува што како...
     
    На I.vana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    joelle никој не го сака тој дел од свадбата, бар јас така мислам, да стоеш еден час и само прегратки и насмевки да редиш. Нас свадбата ни започна пола час покасно само заради сликањето. Таман ќе тргневме да одиме за да влеземе во салата ајде доаѓа некој, па чекај да се излигави прво со мајка ми, татко ми, па ајде со свекорот со свекрвата, па некој муабет да скршат ууу кога ќе ми текне :devil: . Кај нас има некои се сликаат и откако ќе ја сечат тортата. Така помалку доаѓаат да се сликат, а и искрено некои се сликаат од што им е неугодно да речат не сакаме да се сликаме, а не дека сакаат слика од тебе.

    заборавив да додадам и уште еден пример, кога невестата и зетот наздравува со гостите застануваат од едната страна и така се сликаат.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  9. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Лани бев кај другарка на свадба...паа имаше околу 400-500 гости.Ако се сликаше со сите, ке требаше да изгуби 2 саати од свадбата. Значи сликар на врата -НЕМАШЕ! И не беше страшно.Не ни приметивме...
    Сега барем има опции, да се сликаат можеби моменти од свадбата, има сликари кои работат на тој начин. Значи тој слика, ама никој не го приметува. После тоа си бирате слики. Само незнам какви им се цените..
    На крајот-кој како сака така нека направи. Јас и онака сум гостин на свадбата ;)
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Зага пред неколку месеци чинеа 500еур за најефтиниот пакет (без краткиот спот) и гратис 200 фотографии а ако сакаш нешто посебно имаш пакети до 1200-1300 еур. Стварно се профи дечките, е сега се што е добро има и добра цена... |(
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Јака ти е идеава ми се свига ама тешко до реализација јас ако сум гостин не би ми сметало и онака сликите од свадба кај сум била само ги матакам навака натака за ѓабе пари. Сире се бунат скапо е ако нема слики ке селутат таков ни е менталитетот . Ај пиши како ке биде ако успеш алал да ти е.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    зага 1200 евра ??? ауу па поефтино порциите ќе ме коштаат за моите гости. јас па негде прочитав дека од 200 евра им почнувале пакетите ама изгледа грешка сум... јас си мислев негде до 500 ако се ајде може да се преголта ама здравје, еве уште ништо немам добиено така да ќе ви пишам штом имам инфо.

    инаку верица за сликањето уште незнам ќе видиме како што велиш таков ни е менталитетот демек сите сакаат да се сликат со невестата и зетот а всушност на сите им е обврска. како и да е има многу фактори тука па ќе видиме како ќе излезе целава работа.
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Јас најдов сликање за 5000 (преку врски де :lol: ) и слика 30 денари, и јас мразам да се сликам, не сум многу фотогенична, сакам една асална слика за сите и плус што е нај грозно има такви теткици што кога се поздравуваат ти лепат уста на образ (а ако си баксуз и на уста) и пола кармин ти оставаат, е од ова ми е страв. Кој и да ме шминка една таква жена и отиде све у неповрат. Како да се поздравувам за да го одбегнам тоа, ќе морам како брачана, дури без да ги допирам до образ, ама нема да укапираат, замисли некоја да ме земе со две раце за лице-ооо милата на тетка/баба што си убава и шлап на еден образ шлап на друг и после како були со црвени обравчиња ќе бидам на слика :@
     
    На delvi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    joelle Зага наплаќаат 200-300еур за свадби во Битола а во Скопје цените им се дупло повисоки и почнуваат од 500еур па нагоре. Ова од сигурни извори, ми го пратија ценовникот пред неколку месеци, ако сакаш можам да ти го пратам на маил.
    Во Скопје има неколку професионални студија не се добри како Зага ама се дупло поефтини, Студио 5, Имиџ фото...
    А за сликање со сите гости на почеток на свадбата тоа ти е најсигурно и најбезболно решение, верувај дека сите сакаат слика со младите а и да имаат доказ пред комшиите како они биле дотерани и убави :D Кај нас на свадбата закаснија неколку семејства и после не бркаа цела свадба за сликање што и не е многу пријатно...
     
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367

    хахах ме изнасмеа, ама и за ова има лек. Кај нас (во моето родно градче) ставаат маса пред младоженците ни голема ни мала, доволна да подадат рака а предалеку за да повлечат да те бакнат така да еве ти еден предлог :D

    инаку сан шајн нема да правам свадба во скопје туку во друг град па ќе видиме каков ценовник ќе пратат. а сега ќе ти пишам л.п да ми го пратиш и тој да го видам.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Лелеее ова за ценовников не сум го знаела хаххаххаха, имам колега од спортот што работеше во зага, незнам дали сеуште работи- од битола, баш ќе прашам.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. majaaaaaaa88

    majaaaaaaa88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    ми треба гoлеееема пoмoш...ај некoј сo искуствo нека пише :) правам свадба дури на есен,ама ме фаќа паника уште сега,не дека нема да стасам,туку штo знам дека летoтo ќе ми летне,и се ќе oставам за пoследните две недели..знае ли некoј каде има пoубави чипки и кoлку чинат oд прилика?и за украсување на салата некoј предлoг??
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    11.830
    Пол:
    Женски
    Чипки имаш на женски пазар на Битпазар. Какви ти душа сака. Цената им е околу 200-250 ден/ метар.
     
    На majaaaaaaa88 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    како што рече thinkerbell, неможе да не најдеш на битпазар убаво а ефтино.
    а за салатите,еве тема се надевам ќе ти помогне: Декорација на масата и храната
     
  20. majaaaaaaa88

    majaaaaaaa88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    фалаа ти мнoгуу!