Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.776
    Допаѓања:
    11.228
    Пол:
    Женски
    Што треба девер да купува за венчавка, нема да има свадба само венчавка. Што треба да спремам?
     
  2. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Обично девер чевлите ги купува, материјал за во црква, дарува невеста...
    тоа мислам, барем кај нас е така, ние и со свадба плус, ќе носат торта во ресторан, толку :wasntme:
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.776
    Допаѓања:
    11.228
    Пол:
    Женски
    А каков материјал, јас само за чевли знам, тоа што сум слушала некогаш, адети и такви ствари ич не марам ама немој во црква да ми побараат нешто па да се брукам.
    Материјал за шиење ли? Леле тапа сум врска си немам (facepalm)
    И за какво дарување станува збор, треба ли нешто плус да купувам, од малкуте свадби што сум запомнила дека носеа чевли украсени.
     
  4. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    2.527
    Пол:
    Женски
    Деверот купува чевли и плаќа одредена сума во црква, околу 500 денари мислам беше. Материјал за венчавка носат кум и старосват. Чевлите може да ги однесеш во цвеќара да ги спакуваат ако има одење по невеста, и кога ги облекува невестата деверот става пари во нив. Адет. Ако нема одење по невеста ова и не мораш. Машна за свеќата можеш да си купиш и торта ако сакаш да носиш. Иако, ако бидете малку гости можеш и некои интересни ситни путер колачиња на пример. Буќет цвеќе. Доволно ти е ова :)
     
  5. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.793
    Пол:
    Женски
    Ние ке правиме свадба во црквата во Лисиче - Петар и Павле, девер нема никакви обврски во црква ниту па носи нешто, законици се само кум и старосват.
    Исто и во црквата во Автокоманда и Аеродром.
    Ти даваат листи што кој треба да носи и колку плаќа, така да девер никаде не е спомнат- напишан на тие листи.

    Тоа што останало како адет е кондури и ташна за невестата а ти го даруваш него ова за Скопје, некаде купувал девер и бидермаер, некаде кум, зависи од кој дел на Македонија такви и обичаи..
    Мада реално еве јас ми е незгодно да кажам и ова треба да се купи и ова, кога се е изгор скапо.
    Бидермаер што ми се свиѓа е 3-4 илјади, како да кажеш на некој :D
     
    На Dust и anggell им се допаѓа ова.
  6. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    2.527
    Пол:
    Женски
    Нема обврска да носи ништо во црква, ама улога има. Стои заедно со нив на самата венчавка. И во листот што се пополнува пред венчавката бараат податоци и за деверот.
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.793
    Пол:
    Женски
    Може, не знам, знам само дека не е напишан во листите што ги даваат за што е потребно во црква.
     
  8. GirllllEs

    GirllllEs Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки, да ве замолам за предлог бенд и отприлика која цена се движат. :$
     
  9. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Материјал за да сошие нешто невестата кај нас е, пример 2метри сатен, таков носат и кумот и старосватот во црква и со нив се врзуваат младите и деверот, барем кај нас е така, од тетовско сум :wasntme:
    Знам дека кај нас се носи со сигурност бидејќи сега ќе имаме свадба, и попот го препрашував се што кој носи, како треба да биде :D

    За дарувањето, еве конкретно, на долго и на широко, не знам поинаку како да ти кажам хаха, деверот ќе влезе кај мене во соба за да го закитам (заковните што даруваат ги китела невестата), и тогаш дарува со нешто он (накит пример) и носи чевли во украсна кутија.
    Е после венчавката, кај млади дома, или во ресторан, се дарувате меѓу себе, ние се договоривме парично, ние му даваме на деверот пример 100евра во плик, исто и он нас. Тоа е се ствар на договор уствари... И сметам дека е најокеј така, да не сме погоре подоле, со сите заковни сме договорени колку како ќе биде и дарување и се.
    Ама ова нашето ќе е цела свадба и венчавка...
    Препрашајте најубаво во црквата и со младите договорете се, они сигурно знаат за в црква, и што адети ќе имаат, како ќе се одвива венчавката :wasntme:
     
    На Осе и anggell им се допаѓа ова.
  10. Ladysimona

    Ladysimona Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2021
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    401
    Пол:
    Женски
    Dobro utro dobar den devojki :)
    Nie vo avgust nekade planirame da pravime vencavka i krstevka vo edno no bi sakale vo nekoja vila vikendica (Prilep) pa dali nekoja ima praveno vaka da spodeli iskustvo okolu ketering spremanje, organizacija i taka nataka.
    Ubav den :$
     
  11. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.793
    Пол:
    Женски
    Девојки од Скопје, кажете ми како е процедурата за матично...
    Звонам од сабајле никој не се јавува, има некои броеви од сите матични во Скопје, очигледно нефункционални.
    Свадбата ми е во сабота, дали само работен ден може да се прави во матично или може и сабота?
    Која е цената за во сабота во матично и на локација по избор?
    Ми кажаа од едно матично ( случајно преку општината ми дадоа број) дека е 7500 ден во сабота, зошто било неработен ден и матичарот доаѓал кај што ни одговара..
    Е сега дали може пример да е во матичното во сабота?
    Мислам дека 7500 е многу и ако не мора не би ги дала.
    Фала ви.
     
  12. MarijaaaObr

    MarijaaaObr Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2015
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Maticnite strajkuvaat. Ne znam kakva e procedurata, probajte edinstveno vo centar da zvonite. Inace da, taa e cenata za doagjanje na maticar vo sabota.
     
    На Doktor F и mssuniquee им се допаѓа ова.
  13. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.793
    Пол:
    Женски
    А ние ако отидеме во матичното во сабота?
    Или нема врска, сабота ја тарифираат така?
     
  14. MarijaaaObr

    MarijaaaObr Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2015
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Isto e. Toj pak treba da dojde na rabota.
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.793
    Пол:
    Женски
    Фала ти :l:
     
  16. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.282
    Допаѓања:
    7.799
    7000 денари е викенд. Инаку уште штрајкуваат, и освен ако немаш закажано пред штрајкот термин, сега нема да сакаат да те венчат. Единствено врски ако можеш некаде да фатиш, и знам дека некаде каде што се вработени партиски од СДС, не штрајкуваат исто, бидејќи им наложуваат од партија така :)
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.793
    Пол:
    Женски
    Дај кажи кои се тие да ги закажам :rofl::rofl:
    Јас мислев ме мафтаат нешто дека во сабота и недела земаат по 7 илјади било да е кај нив или кај шо сакаме ние и арно ми текна да си прашам тука :D
     
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.282
    Допаѓања:
    7.799
    Пријатели пред две недели закажаа и се венчаа во Центар.
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ouravanture

    Ouravanture Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    А четврток колку е?
     
  20. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Матично Илинден нас ни зема само 180 дененари за извод на венчани , во недела се венчавме. @Doktor F