I nie sega ke pravime samo maticno ne planirame svadba, jas od doma i da sakam da izlezam ne mozam od mk sum a se mazam vo srbija. Sekoj kako si miluva taka neka si pravi. Ako sakas od doma da izlezis taka napravi si, ako ti e maltretiranje sedi si tamu kaj so si i gotovo
Дали некој има искуство со изнајмување на Вила Бабин Заб на Пелистер за свадба? И кететинг и декор во Битола?
Можеби ова прашање не е за тука ама ако знае некој нека ми каже Планирам за Божиќ да ги запалам во црква свеќите од венчавката,едната ми е скршена може пола да ја запалам?
Ние кај што живееме си ги викнавме најблиските, музика , и сите заедно накај црква. Живееме на спрат над неговите.
Ajde edna mala pomos kade moze da se najdat ubavi belincevli ama da ne bidat previsoki, taka elegantni. Eve na primer vakvo nesto
Нас ни рекоа точно 6 недели после венчавката. Така и ги однесовме. Случајно се погоди да е на празник, меѓутоа не ни напоменаа дека мора да е посебен ден.
На ливчето што ни го дадоа од црква и после венчавката кога попот и дал свеќитр на свекрва, пишуваше и и кажаа за малденци…Дали секаде различно кажуваат ?
Претпоставувам сите цркви или различни градови си имаат свои правила. Секако не е грешно и носењето на Младенци во црква.
Искрено малце се сецнав кога прочитав дека за Божиќ, викам да не имам грешка нешто, одма побарав листот да се осигурам идам прашувам свеки. И кога закажувавме за венчавка приметив разлика и во цени и во некои барања, ама за убаво да е. Сите среќни и вечни да се.
Мојата венчавка беше минатиот мај, 6 недели после тоа ги однесовме во црква свеќите. Инаку нели 2022 еден куп свадби, баш забележавме дека во различни градови има и различни правила/барања.
Дали е изводливо китенките да ги направам сама? Оние за по невеста што се И колку отприлика се прават?
Даа…јас се сама направив, од китенка до бомбони, до виткање погачата, дури и шишето вино за во црква хахаха А и бомбоните што ги фрлаше свеки и тие сама ги направив. Количина зависи колку луѓе ти доаѓаат. Оние што се за кумови, старосватица, девер, свекрва и свекор така поубави да кажам, другите сите исти пообични.
Свеќи од црква, материјал за врзување и во некои цркви што го даваат ливчето пишува кумата дека фрла бомбони. И секако да платат. Таму каде е закажана венчавката даваат ливче за се што е потребно( барем мене ми дадоа во св. Петар и Павле).