Јас кога правев свадба такво како пано за сликање имаше од самиот ресторан, украсено со цвеќе и зеленило и по масите свеќници и цвеќе, друго по мене нема ни потреба за во ресторан. За дома сами со другарките украсувавме со машни, балони, тул итн. Се тоа од бит пазар земав. Китенки, невестински бонбони, венци за на врата, машна за девет, украсени чаши за мене и сопругот сите тие ситници си ги нарачав од фб од една страна и презадоволна бев.
Јас за китенки и слично се сама ке си правам. Мерак ми е а и искрено поисплатливо е. Али за кума ке ми прават Divine Wedding Deseign. Девојките се врв, секоја им чест. И баш се реални за што и да сакаш не се само колку пари да ти земат.
Девојки, продавам/изнајмувам краток фустан- венчаница. Купена во Букурешт,Романија од дизајнерката Ana Radu. Носена на забава неколку часа со направено хемиско! За други информации слободно пишете ми. Цена поволна
Ги разгледав, супер се, ама и доста поскапи од сите места кајшто прашав до сега за понуди. Во секој случај ти благодарам за препораката!
Здраво, од каде да обезбедам осветлување за првиот танц а да е по пристапна цена. Тоа што е како облак за време на првиот танц, пареа како да го кажам, секаде каде што прашав е минимум 500 евра.. дали има некаде поефтино?
Девојки, јас не сум одела на земање на невестата, ако може некоја на кратко да објасни, кога ќе дојдат што треба да се прави прво.. дали прво да им ги дадам китенките или даровите, или заедно треба? Стварно не знам што треба да правам
Кај мене во соба кога влегоа прво се поздравивме па китенка па после подарокот. Додека трае тоа и по некоја слика. Прво со либе, па кум па старосватица па девер. После беше она кога деверот става пари во кондурата и на крај деверицата му врза машна на деверот. Кога заврши ова наздравивме сите со чаша вино и толку
Zdravo devojki, se spremame dogodina da pravme svadba so mm vo crkva, bidejki ziveeme vo stranstvo, preku email napishavme poraka na bigorski manastir za da zakazeme za vencavka, ni vrati deka povekje nema vencavki i krtevki vo manastiri, taka odlucil sinodot, e sega neznam stocda pravime nie dolgo planiravme vencavka tamu sega ni se skrsi skroz keifot i zamislata, no sto da pravime morame da terame ponataka, zborot mi brese dali i nekoj drug isto taka znae za ovaa odluka, i ushte nesto, sega ja gledame i crkvata Sv bogorodica, vo Skopje, pa sakav mislenje i za tamu, blagodaram
Инфинити, Нана, Енџел, Ламас, има уште 2 во ГТЦ ама не ми текнува на имињата во Тетово - Лиза и Дарлинг.
Ве молам за идеи Во ОХРИД за околу 70 гости, некласчина свадба туку како еден свадбен свечен ручек со добра атмосфера и музиче некое (live) во позадина каде може да се организира -предлози за ресторанчиња? Венчавка со крштевка така планираме да е ама само со најблиските
А овој ресторан 'Белведере' кај Четкар? *мислење https://www.restorani.com.mk/restoran/restoran-belvedere-ohrid
Канео-Кај Каневче ресторанот мислам прават така приватни прослави, баш е преубав амбиентот, ако не ви е прескапо.
Дали знае некој која слаткара би можела да изработи ваква иста торта при тоа да е и слатка за јадење не само шлаг