Слушнав дека доколку си девер на свадба, истата календарска година не можеш да се венчаш во црква. Знаете вакво нешто?
Бабини деветини, нашиот девер ќе прави свадба пред нас, поп ни кажа дека се што слушаме е глупости, нема такво нешто. Ни тоа дека не може да е женет. Ете женет ќе биде.
Девојки здраво, да ми препорачате некој што декорира за свадба- ми треба за во ресторанот. Само да не е прескапо. Фала ви
Девојки здраво, сакав да прашам во колку часот закажувате за шминка и фризура? Јас закажав во 6:30 и треба да бидам готова кај 8:30/9. Сватовите треба да дојдат кај 12 за едно на здравје (без земање невеста и сите салтанати) и од таму да одиме во црква. Да не закажав прерано?
Taман ти е и јас закажав 6:30 и немаше одење по невеста и кај нас кумот во 14 дојде и другите гости а сликарот накај 13 часот.
Девојки и вие тука искусни, Дали една ваква рамка кошта 100 до 150 евра за свадба да ви наместат или многу е? (Фото3) И дали овие цвеќиња со цена од 1000ден па нагоре е за само едно вакво цвеќе да ви стават на масата или за сите маси? (Слика 1,2)
Девојки, ве молам понудете кетеринг услуги од кои сте задоволни? Ќе правам свадба ми треба некој добар кетеринг.
Здраво, крај на месецов имаме свадба. За свадбата имаме кум, старејко, девер. Свадбата ја закажавме уште лани. Годинава старејкото се вери и би правеле свадба во Октомври, е сега е во мисла дали може да не венча нас и во иста година тој да се венча, дали има некои верски верувања дека не може на пример како за деверот дека таа година не би требало да се жени, дали е слично и за старејкото?
Јас од истата причина го предадов кумството на сестра ми. Требаше да кумуваме оваа година во септември, а здравје планираме свадба и да се венчаме догодина летото… може се бабини деветини ама ги послушавме постарите just in case.
За свадбата сакам да ангажирам танчерка за стомачен танц, барам на интернет но не можам да најдам... Дали можете некоја да ми препорачате и дали знаете колку чини едно вакво "изненадување"? За во Виница ми е потребна..
Во мојот крај ова нема врска, нас старејкото ни е женет веќе 3 години и годинава во септември ќе прават свадба Обично за девер викаат дека цела година не треба да се венча во црква како што кажа и ти ама и тоа се бабини деветини, сега веќе секој си прави како што сака и одговара
Здраво девојки, ќе правам фотосесија за свадба во Охрид па да ми предложите добар шминкер и фризер со солидни цени ?? П.с. Немам многу време за да барам па би ми значел секој ваш коментар. Ви благодарам, поздрав
Женски да ве прашам има ли некое значение за ден на свадба? Петок како не се правело четврток исто нешто су..
Незнам дали има значење ама кога правевме ние свадба свекрва ми викаше не во петок бидејки има луѓе што постат во петок и малку е непријатно со порциите,а и општо има луѓе што одат на работа другиот ден па нема да дојдат од таа причина..
Има посни порции, ние имавме гости што си побараа посно. Еве струмичанки нека кажат кај нив кој ден се прават свадби сега овој период
Да да има посни порции за тоа викам непријатно едни риба, едни месо за тоа мислам непријатно, да не им се прај форес со викаат кај нас...