Нашата е во петок, па нема да има посни порции. Премногу бабини деветини… коа ќе најдеш термин што ти одговара тогаш. Ич да не се замараш со вакви глупости.
Девојки ми треба некоја добра кетеринг служба за кај мене дома и кај младоженецот за преку ден за еден саат кај него и еден саат кај мене. Сакам да е закуска не сакам месишта и сл. До сеа се што прашав ми бараа минимум порции а мене не ми треба толку, барам без ограничување. И да не е претерано скапо бидејќи се работи за се на се два саати.
Контактирај ги Decoration for events Moderna од Кавадарци- ги има на инста. Излегоа со најпристапни цени од над 28 луѓе што јас ги контактирав д Кавадарци
Мислам дека не се прави во петок бидејќи дека е најтежок ден во христијанството… и едноставно не е весел ден
Здраво девојки. Дали знаете колку % капар се остава од прилика по рестораните? Конкретно ме интересира за Рагуза и Парк, но добредојдено е секое искуство.
Каде можам да нарачам некои интересни 'поклончиња' што ќе стојат на тањирчето пред секој гостин или од страна на некоја маса/рафт (Бонбончиња, кутувчиња со нешто, свеќичиња, цвеќенца мини....било што нешто)
Вчера почина дедо ми, татко на татко ми. Денес погреб. Во недела имаме закажано крштевка и венчавка. Од татко ми имаме збор да продолжиме по нашиот пат. Мене сепак не ми е сеедно и не знам дали да откажуваме. Што би ме советувале вие? Дали некој случајно се нашол во ваква ситуација?
Сестра ми беше кума а татко ми само што почина… немаше ни 40 дена, толку и беше неубаво што отиде во црква и ги праша поповите и тие и рекоа дека починатите со починати, живите со живи, да оди на свадбата и воопшто да не мисли дека има нешто неубаво во тоа. И така и беше, отиде на свадбата ама не играше.