Каква неинформирана невеста сум значи А зборев со кумата, ама и она не знае баш што треба да се носи. Како и да е, ќе прашам во цркавата се убаво да ми објаснат, да не отидам таму без нешто, па да се чудиме после.
Јас колку што знам за во црква од кумот треба, бонбони за фрлање (во натре со парички и жито) Материјал, 2 свеќи и бидермаер. А од старосватицата само свеќи и материјал. + двајцата сведоци плаќеет по 800/1000 во црква дента, зависи од црква до црква
Девојки во секој град и во секоја црква си е различно затоа RainBow најдобро тркни си до црквата каде што ќе се венчаш и таму прашај си тие најубаво ќе ти кажат.
Tребало попот да ви каже. Значи за пари одма кажуваат а за другото-не е битно Нас додуше ни кажаа ама кај нас само старосватицата купи материјал.Она купи бел сатен,а јас пак незнаев дека од тоа треба да се сошие нешто,не ни знам каде е Попот само ни кажа за материјалот,дека треба младоженецот да носи црвено вино,погача,свеќите не дозволија ние да ги декорираме,и знам дека требало сите да сме крстени-ние ,кумови,старосвати.... Ете секаде е различно п,отиди си до црква и ќе ти кажат како е кај вас
Мајката на невестата носи зејтин и го става кај иконите. Свекорот плаќа околу 1000 ден, свекрвата носи погача, вино и бонбони за фрлање. Но сепак прашај си.
Aj ve molam kazite mi tie bonboncinja na koj se delat i koga se delat, zatoa sto jas na svadba ke imam svedska masa pa nema da imam vecera. Please itno e!!!
Бомбончињата вообичаено се делат кога ќе ја сечете тортата. Сосема други се тие со парички и ориз што свекрвата ги фрла во црква.
Во црква попот ке ти даде испринтано ливче и точно си писува кој сто треба да донесе во црква така да можес во било која црква да отидеш
Ако мислиш на бонбоните за ресторан, се делат кога се сече тортата а би требало да се делат на немажени и неженети. Така што ако имаш 200 гости 100 бонбони ти се и повеќе од доволно
дали некоја од вас сама правела бомбончиња и украсување дома во ресторан. ја сакам све сама да си направам затоа што имам и време и желба а немам вишок на пари да им дадам на цвекариве за 2 чаршави 100 евра и некои слични ненормални цени. е сега прашањето е материјали од каде да најдам ????? бит пазар ми викаат ама каде на битпазар???
Рајна ако сакаш сама да си праиш имаш на женски пазар имас 2 продавници каде се купува материјал односно ти требаат бонбончиња тие ги купувас на големо, тѕи треба метро тул, метро стреч зависи каква боја и ружички каква боја сакаш.Е сега ако не правиш јас купував од чаршија има специјлно такба продавничк за такви работи, китенки , бонбони имас од 10 денари па нагоре.Јги земав портокалови со ружички пошто таква ми беше корпата.Изборот си е твој види како ке ти се исплати
Ме интересира дали некој правел свадба на Пантелејмон и дали ви ја украсувале салата? Мене ми рекоа дека ако сакам да донесам моја фирма треба да платам 200 затоа што они веќе имале договор со друга фирма .... дали би требало ние да го покриеме тоа или фирмата што украсува, не ми е јасно дали они си знаат дека ќе им бараат процент или ние си го плаќаме тоа?
Во јуни на мој другар братучетка негова правеше таму свадба и колку сто кажа они сами си донеле некој и си накитиле и поштено си платиле
Девојки, дали знаете како течат работите на католичка венчавка? планираме тука во Скопје да се венчаме, во Католичка црква, но никогаш не сум присуствувала на таква и не го знам обичаите. секоја помош би ми била добредојдена
Еве јас денес купив се за бонбоните, тул, цветчиња и машна и сега ќе видам како ќе изгледа бонбончето, ќе си правам комбинации На битпазар имаш се, јас земав и некој конец, за да не се премислам случајно, си земав и корпа и неа да си ја украсам, се сама ќе си правам, да ја осетам свадбата и еуфоријата
Елени можеш да ми кажеш како се движат цените на тулот, цветчињата и машните (од - до)? А и колку те чинеше корпата и каква е (мала, голема)? Другарка ми ќе прави свадба сега набрзо па да бидам малку од помош сака сама да ги прави и бонбончињата и китенките.
Тулот-мислам дека беше 150ден метар, машната - платнената 250ден, а книжната 100, корпата е средна големина и беше 250 ден. Имаше и украсени корпи, ама беа премногу кич а чинеа од 400 до 1200ден. А цветчињата беа 50денари китка(внатре во китката има околу 10 цветчиња-се двојат и можеш да си комбинираш)-барајте на влезот од женски пазар