Здраво до сите! Сакам да правам сама бонбончиња како подарок за гостите. Бидејќи имам многу гости ќр ме чини скапо ако ги нарачам да ми ги прави некој. Дали знае некој каде да најдам вакви слични школки?
Некоја што носела шампањ боја венчаница, како ја има искомбинирано со штикли, ташна, вел? И може малце глупо прашање ама и тоа ми е на памет, како личеше со осветлувањето во ресторанот?
Јас имав бисерна венчаница (не беше класична бела), си земав бисерно крем штикли и крем ташна. Штиклите минимално се гледаа, ташната беше онаква посекојдневна од parfois, и никој не ја ни запримети а јас ја утепав од носење после свадбата. Џабе се купуваат светкави накитени ташни и после стојат по шкафови, секако најмалку фокус има на ташната хаха
другар таму купуваше, нешто над 1000 евра го чинеше оделото, а не знам точно кај се наоѓа, ми дава на партизанска некаде на гугл мапс
Мајстор Борче кај Рампа шие за Сињори, а кај него би било многу поефтино. Заради барачето може да делова како да нема да е тоа тоа, но врв е. Само како инфо. Маж таму го шиеше.
Мој добронамерен совет : Ако планирате гостите да ги палат прскалките на вашиот танц, целото нивно внимание ќе биде насочено кон прскалките, во смисла ќе пазат да не се изгорат, да не се запали нечија коса, фустан, кошула и никој нема да го гледа танцот. Јас бев на таква свадба и стварно се пазев од сите страни и ништо не видов од танцот, зашто тогаш се сите станати и еден до друг стојат и се е збиено. И јас имав таква замисла ама се откажав и на мојата свадба немаше прскалки. Сепак вие си одлучувате
Кутија за бурмите од кај купувате? Ми излегоа само неколку на интернет, а сакам повеќе да разгледам ако имате предлог.
Дали на свадба се канат родителите од кумот? Пошто порано биле и комшии први, амa сега се изгубил контактот.. Сепак другариве си се дружат уште, ете и кумство сега. И родителите се разведени од кумот.
Не прашувам за мене, ама ме прашаа па не знаев, мислам дека е ок, ама ако се разведени малце е проблем..
Проблем е што другаркава односно вереникот нејзин сака да го вика таткото кој е преженет, ама без сопругата. И мајката нормално, таа е сама. Мислам не е ок