Баш како за свадба тешко ќе најдеш ептен невестински.Од што немаше многу избор сестра ми сега нарача од странство. Има во еден дуќан во Кочани убави бели.
Феминки... јас како сестра што треби да пуштам на брат ми се венчава само исто така и за ќерка му крштевка (заедно и венчавка и крштевка) и дали треби да пуштам и за жена му т.е снаа ми Ако може да ми кажите
Здраво на сите. Моево прашање може е малце глупаво но за прв пат сум кума и сега знам што како иде кои се обврските на кумата и сето тоа. За поклон сакам плик да им дадам на младоженците па они самите нека си одлучат како и на што ќе ги потрошат тие пари, но не знам од прилика колку да ставам во плико затоа што какво време дојде се е поскапено не е исто како порано, имам прашувано постари луѓе од колку до колку би можела да ставам но воглавно тие ми кажуваа колку оставале на времето или нели купувале нешто бела техника бла бла како што кажав тоа било навремето. И сега моето е прашање некој што скоро бил кум или правел свадба колку се очекува да остави кумот. Поздрав на сите
Колку ти се можностите. Сестра ми за крштевката на внука ми доби 3 000 денари. Мојата кума за децата ни купи точачиња. Околу 2000 денари е едно.
Zavisi od budzetot.Jas koga bev kuma staviv 500e. Toa beshe 2022g. Mislam deka e dovolno Tortata e isto taka od kumata ama toa so nevestata,obicno se e vo dogovor so mladite. Bonboni normalno za vo crkva ako se vencavaat mladite ,svekji,materijal spakuvan vo krug itn...
На една свадба кај што бевме старосватови со сопругот, кумот на младите им даде 500 евра. Ама он е ситуиран. Односно, богат. Купи материјал за во црква, свеќи. Ја плати и венчавката во црква (својот дел). Купи торта и даваше пари на музиката кога се одеше по невестата. Исто така и во ресторанот. Секој според своите можности.
Зависи колку имаш да дадеш, не значи ако си кума и сите пари да си ги потрошиш па да преживуваш после свадбата. Обично кумови даваат од 300е па нагоре во плик, даваат и 500е, знам кумови кои се ептен богаташи што дадиле и 1000е. Рачунај дека поклон во плик е само дел од тоа што треба да го дадеш. Тортата невестинска е од тебе, сега под 200е невестински торти нема да најдеш, по невеста ако има и таму имаш многу давачки, во црква свеќи, бонбони, материјал, и тоа кошта многу. На свирачите секако треба да лепиш, кума си и секако ќе има песни и ора за тебе. Види како ти е буџет, не е ништо ни срамно ни страшно ако немаш кој знае колку да дадеш.
Ние 500 евра им дадовме во плик. Плус црква, свеќи, метеријал и торта. Бакшиш на музика не ни сметам, маж ми се расфрлаше. Се е во можностите.
Па и белата техника е скапа. Испод 300 евра според мене не треба, порано кумот и старосватот купувале шпорет, фрижидер, машина за перење, тв, а од прилика поефтините околу 300 евра се, сега поклон во плик даваат и мислам не треба да биде испод 300 евра, е сега тоа е мое мислење, зависи и колку ти се можностите. Треба и материјал за во црква, свеќи, бонбони за во црква, торта, да платиш во црква твојот дел. Нас кумот пред 5--6 години ни даде 10.000, и тоа кога го дарував (пари), толку имал. Инаку кумот ни купи обична торта, невестинската ние си ја плативме. Негде кумот носи и прасе, и тоа од нас беше. На другарка кумата и купи и бидермаер. Во Кавадарци мислам кумот ја плаќа и музиката, не сум баш сигурна, секаде разни адети, ама сега се е со договор.
Јас денес не би ставила помалку од 500 евра, сепак не би ограничила никој, нас кумовите 300 ни дадоа. Ние на нашите кумашини 500. Али пак ќе кажам се е во можностите.
Ако сте блиски може да се договорите да им купите нешто од бела техника до одредена сума. Ние ги прашавме дали сакаат нешто такво до 500 евра, ама тие веќе имаа сѐ опремено, така што им ставивме 500 евра во плик. Плус торта, свеќи, вино, погача, материјал и бонбончиња оние што се фрлаат во црква. И плус на невестата обетки сребрени ѝ купивме.
Затоа и пишав испод 300 евра најмалку не треба, над 300 е ок, и јас би ставила 500, сега и белата техника е поскапена, ама се е до можностите. Како и да е, кумот испод 2-3.000 евра не поминува, торта, свеќи, материјал, бонбончиња за во црква, да плати во црква, гардероба да си купи, за музиката.