1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    4.967
    Пол:
    Женски
    Зависи колку ти е буџетот. Ние добивме 500 евра од кумот со тоа што во нив вклучена сума за подарок, бовчи и сл. Настрана од ова, свеќи, бомбони и материјал за во црква, плус торта.

    Тие колку си трошеле за нив, за гардероба, шминка, фризура не знам и не е моја работа.

    Баш од вакви суми што се вртат се помалку некој се нафаќа за кум, девер и сл. Да не речам се шират по интернет и некој мисли дека стварно треба 3000 евра да оддели за кум. Па тоа е во помалите градови плата од 7-8 месеци. Значи јас или било кој и да е треба да потрошам една година од животот за да ми остане за сметки, храна плус кумство. Ако џебот "ми вика" дека можам да одделам 150-200 евра ќе бидат толку и крај. Јасно и чесно кажано или во договор со младите.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.472
    Допаѓања:
    33.306
    Пол:
    Женски
    А каде пишав дека треба 3.000 евра за подарок?
    Како вадите од ракав, чудо е.
    Па кумот еве ако не 3.000 евра, троши 1000-2000, треба ли торта, прасе, негде и музиката ја плаќа кумот, еве и да не ја плаќа, треба ли да да се даде пари на музиката, за кумот свират неколку пати, некаде и бидермаерот го купува кумот, треба ли да се плати во црква, треба ли свеќи, материјал, бонбончиња за во црква, треба ли да се облечете вие, децата, фризура, шминка.
    Некои дома се шминкаат, ама некои не.
    Епа и во помалите градови е поефтино, може и поефтино ќе поминете, во Скопје е поскапо.
    Па мене би ми било незгодно испод 300 евра да ставам во плик ако сме кумови, ти или некој друг можете и тенџере да однесете ако сакате.
    Нас кумот ни даде 150 евра и немам замерка, толку имал.
    Па потоа следува крштевка, еве ако имаат близнаци, треба облека за децата, подароци, да се плати во црква.
    Затоа ако немаме ќе размислам дали ќе се нафатиме за кумови.
    Едит:камо среќа да се трошат само за убаво парите.
    Самата пиша вас кумот ви дал 500 евра, без свеќи, торта, црква.
    Па не било твоја работа колку потрошиле за гардероба, фризура и шминка, не е ни моја, ама значи кумот треба да одвои 2000 евра за се, не е само подарокот.
     
    Последна измена: 13 март 2024
    На ХиксТочка му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    4.967
    Пол:
    Женски
    @Anyshka , не 3000 евра подарок и севкупно нека е. Еве да земеме некој со минимална плата 350 евра, значи 4200 евра годишно. Ако 3000 троши како кум, му остануваат 1200 евра или по 100 евра во месец да ја преживее годината.

    Не те напаѓам лично тебе, меѓутоа се почесто се споменуваат огромни суми, што не само пола од населението во Мк не може да си ги дозволи, туку и стварно се претерани.

    Еве колешка од факултет кај мене беа запнати старите кумови да ги венчаат. Пензионери во случајов со мали пензии. Не ни е викаат проблем и без подарок да дојдат. Луѓето однеле пред 10тина години ова микробранова печка од 50тина евра. Ни некој им замери, ни пак тоа беше причина од едната или другата страна да се откаже кумството.

    Поентата на кумството не е само во тие 500-1000 евра што кумот ќе ги даде.
     
    На Blue Sapphire, Трагедијаупмм, Purpleheart и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.472
    Допаѓања:
    33.306
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам, сега на оваа скапотија и ретко се нафаќа некој за кум.
    Пријателка една на 3 места е кума, а се жали немала пари, не и стигнувала платата од неа и маж и, имале кредит, епа кредит што се нафатиле за кумови, сега и старо кумство што е се откажуваат, немаат пари луѓето.
    Еве и јас не им замерив на кумовите, 150 евра ни дадоа, а дојдоа цела тајфа:родители, баба, дедо, сестра, децата нејзини.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Princess-angelaa

    Princess-angelaa Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2023
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да прашам што се носи кај кум кога се носи покана за свадба? Бидејќи веќе бевме да ги прашаме да ни бидат кумови кога се регистриравме.
     
  6. Princess-angelaa

    Princess-angelaa Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2023
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    А што кај старосват?
     
  7. Zrca

    Zrca Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2024
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Може е малце глупо прашањево ама не сум упатена па морам да си прашам. Девојки како се закажува црковно венчавање дали треба само да одам и да видам во цркавата што сакам да се венчавам дали има слободно тој ден и во колку часот, се договараме и толку или треба и некои документи да се носат ако може некој да ме упати во ова?! ☺️
     
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.832
    Допаѓања:
    11.654
    Пол:
    Женски
    Ова од православен молитвеник. Во овие ситуации е забрането:
    1. Во деновите од Сирни поклади до вторникот од Светлата седмица
    2. За време на Бородичните пости
    3. Од Божиќни поклади до Свето воведение (Пречиста) и од Св.Игантиј/Игнат до Св.Јован
    4. Спроти недела, спроти 12 Господови и Богородични празници, потоа спроти Св.Јован Крстител и Крстовден
    Со исклучок на овие погоре е можно ако се даде благослов, освен во деновите на Велигденскиот пост.
     
    На Anyshka и Zrca им се допаѓа ова.
  9. Princess-angelaa

    Princess-angelaa Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2023
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Одиш само да закажеш датум и време на венчавање а на денот на венчавката се носи Венчаница (склучен општински брак) и зависи од црквата обично бараат крштеници. Прашај кој се треба да си носи. Нас ни бараа од мене, сопругот, кумот, старосватот и деверот
     
    На Zrca му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Zrca

    Zrca Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2024
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу ❤️
     
  11. Funnn123

    Funnn123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Здраво некој да каже цвеќара шо украсува со природно цвеќе за свадба од околина Велес Скопје Кавадарци ама да не бидат цени плафон
     
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.472
    Допаѓања:
    33.306
    Пол:
    Женски
    Има убави персонизирани вина и чоколадни бомбони со напишана посвета.
     
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.472
    Допаѓања:
    33.306
    Пол:
    Женски
    Се дава благослов со казна.
    Ние плативме за Петровденски пости, за Велигденски само не венчаваат, за другите ќе си платиш и ќе те венчаат.
    А попот можеше да ни каже да дојдеме пред постите, па потоа свадба да си правиме, ама како ќе земат пари инаку.
    Братучед ми се венчаше за Божиќни пости.
    Закажуваш дата и време, на денот на венчавката си носиш венчаница, крштеница од тебе, сопругот, кумот, старосватот и деверот.
     
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.832
    Допаѓања:
    11.654
    Пол:
    Женски
    @Anyshka зарем и за ова се плаќа казна? :tmi:
     
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.472
    Допаѓања:
    33.306
    Пол:
    Женски
    Да да, ние правевме свадба за Петровденски пости пред 5-6 години, и плативме 4.000 ден., 2.500 регуларно плус 1.500 казна.
    Исто пред нас пред една година братучед му на мм правеше свадба за Петровденски пости и тие си платија плус.
    Се има кај нас.
    Прав поп не треба да не венча за време на пости, а не да ни наплаќа за тоа.
     
    На Трагедијаупмм и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.832
    Допаѓања:
    11.654
    Пол:
    Женски
    @Anyshka па тоа, ете и пишува дека е забрането. Ама за пари значи се' можело.. Не знаев ни дека се плаќа и регуларно до толку, мислев некоја симболична сума до кај 1000 ден.. :whew:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.472
    Допаѓања:
    33.306
    Пол:
    Женски
    Ооо ова пред 5-6 години, сега кој знае колку е.
    Од нас само околу 150 евра земаа.
    Од кум, старосват, девер, па и за дедото (татко ми) пишуваше 500 ден., знам порано не плаќаше дедото.
    Кум 1.800, старосват и девер по 1.200.
    Мислам сега се е покачено, и крштевки.
    Па еднаш еден поп (роднина на едни познаници) баш му кажав, па ми рече штом некој бара услуга нормално ќе ни наплатат.
    Каква услуга? (facepalm)
    Можеа и да не одбијат, јас отидов да закажам и ми закажаа, требаше да ми кажат дека нема да не венчаат за време на пости.
    Само за Велигденски пости не венчаваат.
    На другарка на братучедка и така и кажале, да дојде пред Велигден да ги венчаат, па нека си прават свадба кога си сакаат.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.832
    Допаѓања:
    11.654
    Пол:
    Женски
    @Anyshka не знам што им се со цениве. И после луѓето бегале од црквите. Стварно е во ред да има некоја симболична цена, ама ова е претеризам. Патем, јас сум крстена бесплатно ко дете од свештеник.
     
    На Трагедијаупмм и Anyshka им се допаѓа ова.
  19. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    2.000
    Пол:
    Женски
    Na svadba sakam so plikot podarok pari, namesto cvekje, bombonjera da odnesam, bezveze e ili?
    Cvekje ko cvekje kje dobijat stotina i kje frlat za dva dena, ova po mene bolje
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.472
    Допаѓања:
    33.306
    Пол:
    Женски
    Не е безвеза, сега и на поканите пишува наместо цвеќе, грепка.
    И да не пишува носат и грепка и бомбоњера, цвеќе кој сака, јас букет од што ми е мерак носам само на блиски.
     
    На Stela Maris му/ѝ се допаѓа ова.