За крштевка мислам плаќаат родителите на детето и кумот. Претеризам е со цениве, многумина не се венчаваат во црква.
Здраво девојки, дали знаете одприлика колку време трае фотосесијата за свадба? Сакам да се ориентирам кое време да закажам за венчавање во црква, ќе имаме одење по невеста и матичното ни е во ресторанот закажано во 18:00 па се мислев дали во 14:30 е таман време за да закажам во црква ? Не сакам да има многу луфта со време ама не сакам ни се да биде на брзање затоа и во 18:00 го закажавме матичното во ресторанот а приемот на гости е од 19-19:30. Ве молам за совет
Зависи прво каде ќе се сликате, колку оддалеченост од црквата. Ако те сфаќам правилно сакаш после црква, да е фотосесијата? Сметај венчавката во црква и слики таму сигурно околу 1 час, ќе трае. Може и нешто плус. За фотосесија, минимум пола час до час само сликање. Сметај пат, од и до местото. Генерално фотосесија може и 5 часа да трае, зависи од вашите замисли. Дали ќе е на една локација, дали ќе менувате локации и слично.
Од студиото што ќе не сликаат ни кажаа дека ќе ни помогнат за изборот на локацијата за фотосесија, ние посебна желба за место немаме
Ние имавме се, во 11 кај младоженец. Во 13 кај невестата, во 15 часот ни беше црква, од црква фотосесија до кај 17 имавме(во 3 и пол заврши црквата) и од 18 и 30 матичното. Од 19 до 19 и 30 прием. Не беше ништо на брзање се си беше лагано и имавме и време за одмор. За црква излеговме 2 и пол од кај мене зашто малку подалеку ни беше. А од црква до местото на сликање 10 мин па блиску ни беше. Иначе нас фото студиото ни го направи радпоредот.
Ние фотосесија си направивме неколку дена пред свадбата. И секако и кога имавме луфта помеѓу црква и ресторанот на денот на свадбата ни направија уште неколку фотографии. Неколку дена пред свадбата за фотосесијата ни се брзав ни ништо, лабаво си беше. И предност беше што можевме на локација подалеку каде што ми беше желба, за денот на свадбата немаше шанси, и плус на неколку други места, супер беше, ни бев напната ни ништо, а и фото студиото ми беа роднини. А колку време ќе ви трае фотосесијата зависи од многу работи.
Тешко до оваа цена, пред 5-6 години за изнајмување беа по 12.000. И во помалите градови нема до оваа цена. Мене во Скопје во Мавровка пред 5-6 години ми кажаа 650 евра, истиот фустан во помал град ми го сошија за 250 евра, ама жената дома си имаше на спратот салон и затоа беше поефтино.
Невестински фустан тешко да најдеш. За таа цена можеш да најдеш само свечен фустан. Или да купиш материјал и да ти сошијат фустан, ама да кажеш дека ти е за крштевка. Оти ќе ти го наплатат поскапо.
Здраво, Сакаме да закажеме свадба за во Август во Ксантика, може ли некој да сподели искуство ? Исто така имам прашање во врска со старосватица, дали би било проблем венчавањто во црква бидејки она е муслиманка? Благодарам
Младите, кумот и старосватот задолжително треба да се крстени, така што би било проблем за старосватицата изгледа, најдобро да си прашаш во црквата во која ќе се венчавате.
Во мојот град не се става старосватица на венчавката, меѓутоа за сите законити, ни побараа да доставиме документ дека се крстени. Во случајов со муслиманка, може најдобро е свештеник да прашаш.
Zdravo Feminki, sakam da ve prasam kade mozam da najdam vakvi cokolatca nepersonalizirani na golemo(okolu 300) za svadba?