Здравоо ми требаат идеи и совети за канење кумови и старосватови сега како што прават во гајбичките што се става освен пијалок и благоо
Па што може освен пијалок и благо? Колачиња евентуално, или некоја дрвена изработка. На пинтерест пиши за идеи, има еден тон.
Здраво! Каде можат да се најдат најевтини бурми? Не ми е важен квалитетот. И двајцата не сме љубители на прстени. Или дали има некоја алтернатива?
Истите тие од Велес ги имаше во чаршија, за многу поефтино. Куманово се поефтини од Велес и повеќе избор имаат за злато. Во чаршија. Ние земавме од чаршија бело злато, не е пожолтено после 5-6 години. Во Велес истите беа многу поскапи.
Ako sakate belo zlato, zemete si srebro bolje, jas nejkam zlato opsto nikakvo, si kupivme srebro, 1200 den pred 3 god.nema grebnatinka, ne mozam da ss pozalam.
Па може и сребро, се чисти со сода, светнува. Белото злато со тек на време жолтее, среќа нас ни се погоди, после 5-6 години не е пожолтено. Ама ми кажаа се полирало ако пожолте, кој знае.
Рано е, скоро сите пожолтуваат. Јас сум мн задоволна од сребро, баш светнува кога ќе ја исчистам, се погодија ептен и нашиве.
Среброто се чисти со сода, светнува, исто и Пандора чистам со сода, само ја ставам да постои со сода и вода, а кога сум имала сребрен накит го вриев со сода.
Бурмите од Бисер, ланче, менѓуши од Циркон, ова пред 5-6 години, сега дали е истиот квалитет не знам, мене ми се погодија. Истите бурми во Велес кога бевме, беа многу поскапи, скоро дупло. И во Куманово беа тогаш поефтини и повеќе избор имаше од Велес.
Јас па спротивно. Бурмите во чаршија беа 25000, во Велес во златарата што е на главна улица , двете 12000. Разликата беше баш голема.
ама дали беа иста грамажа? ги прават некои исти на изглед ама внатре се празни и затоа цената им е толку ниска.
Грамажа ќе те излажам ако ти кажам. Не се мрднати две години. Вадени, ставани, поткачувани 100 пати, исти се. Многу убави модели имаа. Цените за разлика од Ск. беа многу разлика. Гледав и бебешки алки. Истат буквално иста во Ск.беше 50 е плус.
Не знам, ова пред 5-6 години навистина беше поскапо во Велес од чаршија и Куманово. Па и нема избор на златари во Велес, и оваа беше на главна улица, и уште две мислам, други дали има некои збутани, не знам, ова дека и така бевме на Велешко, и поминавме баш да видиме.