Во мојот град, само кумата. Во Велес мислам беше и кумата и свекрвата. Така да зависи од место до место.
И кумата и свекрвата, некаде знам и мајката на невестата кога излегува од дома, кај мене не одеа по невеста, и мајка ми не фрлаше. Секаде е различно, нас поп ни кажа и кума и свекрва, едната фрла кога се влегува, другата кога се излегува од црква, така нешто беше.
И кума и свекрва, обично коа искачаат од црква, коа бев кума заедно со свекрвата фрлавме, кај што бев на друга свадба само кумата фрлаше свекрвата не сакаше. Избор е.
Свекрвата фрла кога влевате во црквата, а кумата кога излевате. Така е во мојот крај, најверојатно секаде е различно.
Нас па ни пишуваше материјал само кумот, а знам и старосватицата носи, и баш старосватицата ме прашуваше каков сакам, ама само кумот. Секаде е различно, а поповите и од ист град различно кажуваат.
Ми треба виолинистка/виолинист или некој музичар, некоја идеја, за музика во позадина додека трае приемот на гости? Препораки со инстаграм или контакт?
Извод треба за во матично не постар од 6 месеци, за во црква нас ни бараа крштеница од нас, од кумот, старосватот и деверот. Најдобро прашај, секаде е различно.
Zdravo devojki, Sakam da imame na svadbata selfie mirror, nesto kako na slikata. I plus nekoj dekor odokolu bi sakala. Dali znaete kade mozhe da najdeme?
Кај Турист кафаната , веднаш на ќошот има продавничка, ефтина е. Комплет целосно одело за 5000 зема мм. И ако треба кратење на панталоните, за некои 20 мин завршуваат. Продавничката би ти дошла од десна страна, а право од тебе Турист.