Па нема нешто излог којзнае каков. Како постаро продавниче делуваше тогаш. Освен ако не средиле сега нешто.
Мармара, после џамијата. А и спроти Турист, тие се исти, ако немаат бројче ќе донесат од другиот дуќан.
AEN, одма карши џамијата е. Маж ми лани за 7500 две одела зема. Кратат ти го средуваат одма за без пари.
Толку ли се скапи тие бонбоните што треба да стојат пред секој гостин на маса? Денес на едно место кај што прашав во мојот град едно околу 90 денари. Тоа не е бонбонче како свеќа беше, ама претпоставувам дека мање више и бонбоните се толку?
Ако имаш идеи, сама ќе си ги направиш за многу помалце пари. Е сега тоа свеќа дека било, можно е и од тоа да е толку скапо. Се зависи што и како сакаш.
На Пинтерест можеш да си најдеш идеи што ти се поклопуваат со твојата замисла, не мора да даваш толку пари ако не сакаш. Наједноставно - испечати си ливчиња со порака/текст и залепи чоколатца - рафаело/мерси/бајадера/шери и завршена работа. На Канва можеш да си најдеш шаблони. Јас нешто такво слично имав, ко thank you notes со цитати од наши омилени книги и чоколатца лепев со дуплофан трака. Дома си принтав на подебела хартија (ко за визит картички) зашто веќе имав материјали, ама воопшто не би било скапо и да ги испечатиш некаде.
А каде се купуваат тие чоколатца рефус во поголема количина? Имав некоја идеја со макаронс да биде во пластифицирано кутивче, ама да разгледам и други варијанти.
Рафаело/Мерси можеш да си купиш повеќе кутии бонбониери, па отприлика спрема бројката на гости ќе си испланираш колку ти требаат. А од другиве, во Краш на мерење - шери, бајадера и што друго и да имаат. До душа, ако немаш нивен дуќан во близина, можеш и бонбониери да си земеш од маркет па да си распределиш за секој од гостите.
Јас од Европа ги земав на рефус. Околу 300 бонбончиња беа, да не те излажам мислам дека не ги платив повеќе од 1500денари. Ова за лани летоска. Ги залепив на хартија која ја порачав од medijadizajn.mk на фб, исто од таму ми беа и поканите, 10 денари парче, плус 2 денари за коноп. Многу брзи и услужливи, ги препорачувам.
Невести, јас сум единствена што не можам воздух да земам во фустанот или има и други? Ве стегаа многу вашите венчаници?
Мене воопшто не ме стегаше, а тесна ми беше, надоле благо пуштена и се влечеше позади, можеби дека цел грб ми беше гол, па затоа не ме стегаше.
Zdravo, dali najdovte koj izrabotuva vakvo ogledalo i ako da, dali moze da mi kazete koj? Blagodaram odnapred!
Може прашањето не е за тука но дали некој има правено венчавка и регистрација во друга општина во која не живее? Прашањето ми е во врска со документите дали после тоа треба да се оди во таа општина да се извадат доколку ти требаат? Дали некој се соочил со некој проблем