Извод на венчани се вади во градот кај што си се венчала. Во твојот град треба да го пријавиш бракот. Маж ми така направи. Он не е од Скопје.
Мора во градот каде што сте се венчале. Јас сега вадев венчаница дека ја изгубив од градот од каде што е маж ми.
Јас кога менував адреса извод на венчани вадев во мојот град, бидејќи ја заборавив дома, овде кај што сум мажена. Овде и се регистриравме. Најубаво да си прашаш во матичната служба. Отидов, прашав дали може таму да ми издадат и ми издадоа без никаков проблем.
Ние правевме во друг град венчавка и регистрација, сега можеш електронски да поднесеш барање и да си ја подигнеш венчаницата од кој град сакаш, не мора да одиш до градот кај што со се венчала.
Што и до која сума купувате за дарови на девер и шаферка? На кумот 300 евра, старосватица 200 евра, по 50 евра за девет и шаферка малку се? Немам појма кои суми се дават сега па ај хелп
Според мене нема малку, многу. Според кои стандарди се гледа тоа? Колку што ви се можностите, толку ќе дадете. На крајот, не е ни битен поклонот.
Точно ништо од ова не е битно, но пак да бидеме во тек со “законите” Не знам што е многу и малку, затоа прашав кој колку дава за да имам некои граници
Како ги организирате децата гости во ресторанот. Имаме 11 деца над 7 години кои ги планираме заедно на маса сите ама треба да платиме цела порција од дете, 300 евра некако многу ми е. Тие малите не ги ни сметаме секако со родителите во скут ќе седат. Имате некоја идеја?
Јас купив на влез на женски пазар одма од десната страна само тоа продава, ми го направи како што сакам. Ова лани беше.
Прашај во ресторан дали имаат детско мени. Нас ни понудија ама дека две мали деца што јадат како мачиња беа, не ни земавме. А другите беа над 15 години и не идеше да земам детско мени.
Јас ставив и неколку вида на апетисани во кутиички со машнички,неколку вида бонбони,чаши за вино со налепници со улогата и квалитетно виски. Сето тоа во гајбички украсени со свежо цвеќе и украсни таблички со пораки.
Јас не знам што е шаферка ама ние планираме до кај 3- 4илјади девер, 5 -6 старосватица и 10илјади кум
Здраво девојки, сакам да ве прашам да ли можеби некоја од вас знае каде во Скопје може да се струкира веќе постоечки одело за свадба(да е некој добар кројач/шијач) бидејќи оделото е за идниот младожењаа и скапичко го плативме па да биде до крај убаво направено..
Здраво,каде можам од Скопје или друг град да најдам бели лепези за свадба,персонализирани или обични?