Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    А можеш ли да ми објасниш каде точно се наоѓа тој женски пазар, знам дека е некаде кај Бит пазар, ама не сум од Скопје и не знам баш точно? Ако сум оф топик, преку лп. А цветчињата така се продаваа, во китка? Со другарка ми видовме во една цвеќара беа во ќеса и имаше внатре бааги гранчиња. Ти благодарам.
     
  2. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски

    На битпазар оди позади тезгите по улицата, при крај на улицата се продавниците.
    Иначе цветчињата се продаваат во китка, ама спакувани се во кеса 10 китки (јас такви земав)
     
  3. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    од кај најде најобична корпа јас неможам да најдам освен тие кичастите со фолија светкава и картон :lol:
     
  4. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    На битпазар, на тезгите пред златарската уличка, на почетокот од пазарот.
     
  5. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Јас присуствував лани на венчавка во католичка. Инаку сум од православна вероисповед, и за мене и дечко ми сето ова беше ново и мн интересно.

    Веројатно треба да отидеш таму, да си закажеш и тие ќе те упатат што се е потребно.

    Инаку, интересно е што целиот обред се одвиваше на хрватски јазик и сите гости, до последен, ги знаеја и ги повторуваа сите молитви како свештеникот. Имаше и прекрасен хор и оргуљи (што можеби се закажува дополнително, прашај си и за тоа) и пееше молитвени песни кои гостиве исто така ги знаеја, а ние двајца како паднати од марс :lol: и одеднаш, по некоја молитва сите почнаа со раце да се поздравуваат меѓу себе, пред себе, зад себе (и да не се познаваат, нема везе) лелелеее а ние двајца...па ај и ние меѓу себе :rofl:

    Другарка ми мн убаво си накити. Пред секој гостин (кај што се ставаат книгите зсо молитви) имаше оставено гранче од некое дрвце украсено со бели цветчиња и закачена љубовна порака со име на младите и дата на венчавката (сеуште си го чувам) и краевите на клупите ги украси самата со свежо цвеќе од кое целата црква мирисаше преубаво.

    Во секој случај преубаво беше, наликуваше на венчавка од филмовине и мене толку ме дирнаа молитвите што едно време и солзи ми дојдоа на очите.
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LoOnyD

    LoOnyD Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае да ми каже: Дали има врска кога се става венецот на вратата :D се си мислам дека се става во одреден ден ама никој не знае да ми потврди од постариве! итно ми е па ако некој ја следи темава нека ми каже плс ;)
     
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Кај нас обично во четврток или петок ги плетат и ги закачуваат, се меси блага погача, ја кршат обично момче и девојче и се дели на присутните. Е сега ако ако венецот е купен, ако не го плетат, е тогаш ваљда само го закачуваат па месат погача :D
     
  8. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Јас ќе го ставам денот пред свадбата, нема обичаи, погачи, чуда :lol: :lol: :lol:
     
  9. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Ден пред свадба го ставив, без никакви обичаи и погачи и сл.
    Снаа ми си ги викна другарките кога го ставаа венецот, ама онака на журка и тоа беше исто ден пред свадба.
     
  10. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Ако се оди по адети, се става во четврток пред 12, уште кога не е прекршен денот на пола демек... И се меси погача ја месат машки и женски НЕМАЖЕНИ/НЕЖЕНЕТИ и таа си се јаде помеѓу лугето што биле таму дента... Исто ја става на врата немажена девојка... Вакви се адетите кој сака по адети :)
     
  11. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Кај нас нема такви обичаи,па ние си го ставивме на денот на свадбата,сабајлето рано.
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Кај нас има адет да се стави во четврток пред 12 часот попладне и тоа од невестинската страна женско немажено девојче а од машка страна машко неженето дете/дечко. Ако се нема таква роднина тогаш и другар/другарка ќе завршат работа ама битно да се немажени или неженети.
    Од машка или женска (која сака а може и двете страни) страна некои месат погача и тоа забрцана од цела роднина која не е мажена или женета и таа погача сите ја јадат.
    Јас тоа не правев, туку си ги повикав другарките чисто да се одбележи и на тн доручек :!: не месевме погача :) (тоа беше на 03,08 пекол жешко уште фалеше погача да печеме :$ )
     
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    јас ја месев погачата кај роднина :tmi: :tmi: :tmi:
    на сите свадби на кои сум била венецот се местел во четврток наутро од немажени/неженети
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    И јас имам чуено дека во четврток се става венцот, но тоа дека требало пред 12 на пладне, немам чуено.
    Незнам за тоа дека требало немажени/неженети,да го поставуваат.
    Знам само дека се збираат жени,девојки,мајки стринки тетки и додека се прави се пее.
    А за погачата знам, ама и знам дека паричка се става, и идната невеста ја врти погачата со немажените девојки и секоја си крши парче. И нели кај едната се паѓа паричката.
     
  15. LoOnyD

    LoOnyD Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    А кај младоженецот исто ли се става во четврток или како? :sweat: ни се ближи денот девојкиии! ауч :drunk:
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    да да исто во четврток
    и знам дека откако ќе се стават венчињата не требало да одите еден кај друг да го преминувате прагот, ти на неговиот дом он на твојот.
     
  17. LoOnyD

    LoOnyD Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    :D интересно... ама јас кај него живеам веќе и нема од дома да ме земаат туку од кај него дирекно во матично! 8)
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^па добро, тогаш нема голема дилема. се знае се става во четврток и ти спиеш пред врата :rofl: се шегувам :lol: ;)
    ништо, како што реков се става во четврток и тоа е тоа. Си кршите погача,пеете додека се прави венецот. Една твоја немажена роднина и негов неженет роднина ќе го стават и тоа е тоа.
     
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Кај нас нема врска, обично попладне го ставаат. Ама кој како си сака. А и секаде обичаите се различни, па затоа прашајте си постари баби, тетки, стрини :lol: :lol: Тие сигурно знаат.
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^еее тек тогаш ќе го најде крајот, тета ова ќе рече, вујна оноа, стрита тоа....а тек баба кога ќе прозбори па па па....венецот ќе овене од мака :D