Здраво женски, планираме венчавка и крштевка следното лето, па ќе ме има во темава Како се движат цените за музика и пред колку време треба да се закаже?
Кај нас родителите , кумот и старосватицата платија. Абе секаде различно е дефинитивно. Од црква до црква разлика има. Другарка во друга црква се венчваше, други барања беа.
Па да де родителите (ние сами си плативме), ама ова било порано само од машка страна (не знам зошто), ние кога правевме пишуваше и дедото (татко ми), и мајка ми си плати. Попот требаше да каже вкупно колку треба од родителите од двете страни, тој кажал само од едната, и баш се зачудив мајка ми кога извади пари да плати.
И ние сами си ги купивме. Во суштина поголемите трошкови си ги поделивме со сопругот - одело , венчаница. А по правила ако одите, не знам точно како иде.
Почнете да си закажувате. Иначе оваа година бендовиве беа по 1800 евра, веќе се најавувало дека ќе бидат наредна 2000. За сигурно прашајте. Иначе уште сега се испозакажани некои, така да навремена реакција имајте си
Здраво, веќе некое време сум во потрага по добар фотографер за свадба. Дали имате препорака за добро студио, со интересни и креативни слики кои ќе можат да сликаат пола ден во Штип и вечерта во ресторант во Скопје? Веќе разговарав со SayYes и бараат 300 евра плус за патни трошоци
Здраво девојки, нареднава недела треба да одам да ги поканам официјално старосватот, кумот и деверот на свадба па сакам да им однесам од кутиите со пијалок, апетисани и плус други работи што се ин сега кога се оди да се кани, може ли да ми кажете каде можам да ги порачам тие кутии за да ми ги направат бидејќи не сум многу упатена а вооедно и искуства каде вие сте правеле и сте биле задоволни. Ви благодарам
Во секоја цвеќара можат да ти направат, си купуваш пример што сакаш да содржи кутијата и ти декорираат
Здраво, размислувам за дополнителна декорација во сала. Декорацијата што ја нуде ресторанот е премалку, на секоја маса има само свеќник и толку. Би сакала да има и цвеќе од тие високите на постоље што се и повеќе на нестинската маса. Знаете како се движат цените отприлика? Да не се плафон скапи?
Најдов еден профил на инста ама последен пост е од 2016. Ако имаш линк ако можеш да споделиш. Фала ти
Па да ти кажам се плафон скапи, не ти се исплати, а и не се замарај до толку да ти е накитено во ресторан, никој ништо нема да види нит па ти, битно е да се изнаиграте и изнауживате во свадбата. За тоа пари не фрлај.
Препорачајте ми музика за прв свадбен танц нешто на кое нема многу да се игра само онака нишање гушнати