1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми требаат совети... сè во врска свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    can't help falling in love text
    Овааааа вакво нешто ми треба ако не ми пратите други во овој стил оваа ке биде хахаха
     
    На tinkerbell22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.122
    Допаѓања:
    2.429
    Пол:
    Женски
    Dance me to the end of love
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildNightGirl

    WildNightGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Девојки, интересна/уникатна локација за свадбени фотографии по Скопје? ве молам предложете и ви благодарам
     
  4. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Into my arms - Nick Cave
     
  5. kekberg

    kekberg Нов член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво. Треба да одиме да ги каниме кумот, деверот и старосватот. Е сега да прашам што се носи? Освен вино и бомбоњера, дали треба друго? (пр. Погача..)
     
    На Iva3Iv му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.462
    Допаѓања:
    33.292
    Пол:
    Женски
    Ние не носевме погача.
     
  7. Macedonian girl

    Macedonian girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2018
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Почитувани феминки и идни невести сакам да ве известам дека се занимавам со пуштање на свадбена магла, прскалки и ветерница за прв свадбен танц.
     
  8. EnnaN

    EnnaN Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    96
    Може да ми пошете за прскалки
     
    На Sitte4 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    3.069
    Пол:
    Женски
    По колку евра сте ги дарувале кумовите, старосватите и деверот?
     
    На Alm. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    2.067
    Истото и јас ги пишав, па после видов дека и ти си напишала.

    Не знам искрено, скроз немам осет. И мене ми треба помош. Знам дека е кој колку може да си дозволи, ама отприлика сакам да знам како се движат цифрите, да не се избрукам.

    @Anie93 и ти си невеста, help :D
     
    На Bella.alleB му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    6.297
    Пол:
    Женски
    Ние по 100 евра 4та. И уште по 50 купив нешто за децата. Значи кум, кума и децата 250 вкупно. Исто и за старосватовите. Деверот не го дарував, требало демек штикли да ми купи ама јас му реков не сакам сама ќе земам и не се дарувавме меѓусебно.
     
  12. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    3.069
    Пол:
    Женски
    И јас тоа си помислив да не се избрукаме па ајде вака трите идни невести полесно ќе заокружиме некоја сума:rofl:. Најбитното, венчаница имаш?:D

    Јас па по некоја моја логика мислев дека кумот треба повеќе од другите дека има најголем трошок:wasntme::D. Вие скоро правевте свадба?
     
    На Alm. и Anyshka им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.462
    Допаѓања:
    33.292
    Пол:
    Женски
    Јас пред 6 години 100 евра, кумот не беше женет ( дојде со сестра му, нејзините деца и неговите), на децата маици, на сестра му и неговите колекции.
    На кумот 100 евра (сам беше), на старосватовите и деверот по 50, на децата на старосватовите фустанчиња.
     
    На Bella.alleB му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.230
    Пол:
    Женски
    Главниот кум 200 евра, а мајка му и татко му (бидејки не е женет ) по 100 евра,значи вкупно 400 евра за кумовите, старосватовци немавме а деверот беше 13 години и му купивме тренерки Nike .
     
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    6.297
    Пол:
    Женски
    Лани во септември правевме. Нема везе тоа, сведоци ти се и кум и старосват. Колку имаш толку. Океј е 100 евра. Битно е да си бидете блиски и да се дружите понатака. Исти пари ни оставија иначе поклон, и исто имаат трошоци кум и старосват.
     
    На Anyshka и Bella.alleB им се допаѓа ова.
  16. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    2.067
    Јас со една колешка што правев скоро муабет, ми кажа дека ги дарувала кумовите вкупно 500 евра. Старосватите 200 вкупно. И деверот 100. Е сега не знам, кај мене кумовите имаат и деца. :?:

    За венчаница не сум разгледала уште, невестата гајле си нема :D
    Сега скоро планирам да се фрлам во акција, друго се ми е закажано. Ти си најде ли венчаница?
     
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.462
    Допаѓања:
    33.292
    Пол:
    Женски
    Кумот повеќе плаќа во црква, дтаросватот и деверот исто, во Скопје негде кумот купува прасе, мм дека од друг град ние го купивме (ова прв пат го слушнав), на пријателка кумот и е од Кавадарци и кога му кажале не треба прасе кажал така ќе бил на 10 места кум.
    Во некои краишта кумот ја плаќал и музиката (и ова прв пат го слушнав).
    Негде кумот го купувал и бидермаерот, секаде е различно.
    Еве негде прочитав немале старосватови.
    Нас кумот дупло повеќе ни даде од старосватот (што нема врска), кој колку имал толку дал и толку дарувал.
    Негови-мои не се даруваа (така се договоривме).
    Да, знам дека исти трошкови имаат кумот и старосватот, кој колку има толку.
    @Alm. на децата можеш нешто да им купиш (маица, тренерки).
    Јас на децата од сестра му на кумот им купив маици, кумот не беше женет и дојде со сестра му и неговите.
     
  18. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    3.069
    Пол:
    Женски
    Ја ангажирав и мајка ми да се распраша околу дарувањето, ќе ти кажам баш. Иначе видов погоре имаш пишано за невестинската торта, во наш крај таа торта е од кумата. Во Прилепско па невестинската торта си ја плаќаат младоженците, секаде различно.

    Ние така закажавме се уште од лани ама најтежок дел ми беше венчаницата, да ти кажам искрено товар ми падна откако најдов:D. Од Жана ми е, не ја шиев готов модел беше.
     
    На Alm. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    3.069
    Пол:
    Женски
    И бидермаерот е од кумата кај нас, исто и невестинската торта, затоа пишав дека поголем трошок имаат. Сепак зависи од крај до крај.
     
    На Alm. и Anyshka им се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.462
    Допаѓања:
    33.292
    Пол:
    Женски
    Да, да, зависи, секаде различно е, некаде кумот и музиката ја плаќал (не знам каде, ама прв пат го слушам ова).
    Ова порано кога била ефтина, сега кај, кој ќе ти плати музика кога е над 1.000 евра.
    Деверот кај нас ташна и чевли, бидермаерот не ми текнува кој, некаде свекрвата.
    Попот нас ни кажа само кумот материјал и две свеќи, старосватот само свеќи, а знам и старосватовите купуваат материјал.