И мене ми е товар некако, ама свадбата ми е во декември и затоа развлекувам. Сега прво мајка ми и татко ми да ги облечиме, па одма се фрлам и јас во акција. Мајка ти си најде ли фустан? Сите домашни проблеми се вртат околу овие неколку работи. Тортата била од кумата, бидермаерот, и некој ми рече чашите за шампањ, ама тоа треба да прашам
Кај нас тортата беше од нас, ама и кумот и старосватовите донесоа торта, па и другите гости блиски носеа торта (не знам од каде ова, што ќе ми толку торти), свекрва ми ги раздаде по гостите, на тие блиските. Чаши имавме од ресторанот, ама јас си купив и ги однесов да ми ги украсат по желба и ми останаа за успомен. Младоженец и невеста ми ги украсија, многу убави, и шишињата за ракија/виски.
Во Скопје, за прасе не знам баш. Кумот само во врква плаќа исто колку старосватот и тоа е тоа. Друго нема освен свеќи и материјал, што истото го има и старосватицата. Е сега па музиката му се лепи на кумот, па може и тука бакшиш повеќе ќе фрли. Ние бевме кумови лани и ова беа трошоците, и тоа си избравме скромни поклони 50евра јас, 50 маж ми. Не не ограничија со буџет, си одбравме скромно. Е сега по другиве градови.. е сосем различно.
Регистрацијата и венчавката ни се истерани лани, исто и за венчавката кумот имаше најголем трошок, ем што плати повеќе во црква, ем украсување на материјал/фустан што го мотаат на кругот, украсни бомбони што ги фрла кумата, украсувањето на чаши и слично. Старосватите и деверот платија помалку од кумот во црква и не купуваа никаков материјал.
И кај нас старосватовите не купија материјал (така попот ни кажа), само кумот, јас си го одбрав и го однесе во цвеќара да ми го намотаат во срце (многу убаво беше), повеќе плати кумот во црква, а старосватот и деверот исто платија во црква. Плус бонбони за фрлање за во црква кумот. Јас чашите сама си ги купив иако имавме од ресторанот, ама не знаев како ќе ми ги украсат и затоа ги однесов да ми ги украсат по моја желба.
Бидермаерот е од кумот ,чевли и ташна од деверот ама кај нас не направивме така,само ние го дарувавме. Така се договоривме,јас сама си купив
Епа тоа, како ќе се договорите така. Кај нас мои и негови не се даруваа (јас така сакав). Леле порано кога се дарувале сите по ред, па бовчи со ќебиња, јоргани, гаќи...
Хахаха,порано свадба траела цел месец ,јас на касета имам гледано на баба ми ,па адети еден куп,кокошки ќе кубат,ке скокат на оган . Ние се направивме во еден ден венчавка,регистрација,свадба.Како си се договоривме така и си направивме.Немаше адети .
И ние се во еден ден, матично ни беше блиску до црквата, не се малтретиравме да губиме време, немаше некои адети, немаше одење по невеста иако сакаа, ама јас не сакав. Што ќе одеа по невеста кога си бев таму. Леле ова со кокошкиве...
Е исто и јас реков нема одење по невеста, ние земени, бебе имаме па сеа по невеста ќе тераме. Друго е се во ист ден па ајде мада и тогаш не би сакала, сметам дека е малтертирање.
Да се вклучам и јас со дарувањето како идна невеста. Се мислев главниот кум и куќата по 150 а старите по 100. Или евентуално да зголемам со по 50евра (200 и 150). Е сега имаат и две дечиња, не знам искрено за нив како оди. Пари?
Па да. Сите што ќе бидат на главната маса како кумска тајфа. Во нашиот случај кумството е преку женското т.е кумата. Родителите на кумот ќе се само како гости и не ми е во план да се даруваат. Од друга страна тие на кумата би биле на главната маса и да, нив би ги дарувала.
Кај нас само младите кумови седеа на невестинската маса (кумот, и дека беше сам, беа со сестра му која беше разведена). Старосватовите, деверот и ние. Ми нема логика и родителите на кумовите и старосватовите да седат на невестинска маса, ќе немаше место, ама секој како си сака, секаде е различно. Ако седеа родителите на кумот, ќе требаше и родителите на старосватот кој му беше прв братучед на мм.
Кај нас се само кумовците на таа маса и како што кажав родителите кои се сметат како стари кумови. Нели во случај кога се предава кумството. Старосватови не седат таму.
Како мислите дарување, по толку пари им ставате во плик и им го давате за време на адетите? Јас минатата година бев кума па старосватица, даровите беа подароци. Правев свадба годинава, а и сега сум пак старосватица... дадов подарок и јас, сигурно и подарок ќе добијам Не ми е јасно зошто пари, подарок според мене е поубаво, баш како спомен ќе им остане.
Сега по ново пари даруваат, подарокот може нема да им го погодиме. Инаку обично се дарува кај невестата, во мојот случај дека немаше одење по невеста, во соба ги дарував само кумовите, старосватовите и деверот.