Не, таман работа. И јас сакав некој часовник, каиш убав, ама се предомислив. За жените пандора алка, часовник, чанта убава може. По старо е цела бовча со ќебиња, јоргани, гаќи... Ти си потазе, јас правев свадба пред 6 години.
Тепих баш тепх? Да провериш на пластичарска кај што се продаваат теписи, цената зависи од димензиите, стазите на метро ги продаваат.
Провери во Wedding house, мислам дека така се викаше продавницата. Скроз на крај на пазарот е, накај полицијата кога се оди.
Виножито декорации, имаат страна на фб, разгледај. Унистар, уникатни подароци, има многу. Ласерско гравирање.
Здраво дечки, Може ли да ми каже некој бабата што треба да го дарува младоженецот, и се околу тие адети. Ние не знаеме апсолутно ништо. Ќе правиме модерна свадба без дарување на другите туку само баба-зет, свекрваа-снаа. Ви благодарам.
Имаш многу страни. Рачни изработки Инфинити, Виножито, Креативна приказна, Свадбени декорации. Пиши- китенки за свадба и ќе и излезат.