Се согласувам. Ги гледав пред некој ден, вакви шишенца стаклени се по 15денари, ке си купиш само бонбони или што и да сакаш и сама многу лесно ке ги направиш. Ако ти ги прави друг ке ти ги наплати дупло, а ништо комплицирано
Не знам дали е темата соодветна. Другарките ми организираат моминска и сакам на секоја да и купам некое малечко симболично подароче. Предлози ваши што би можела да купам?
нели има некој готови украсни на женски пазар или по цвеќариве? адетот со тој со го плетат девојчињата треба да биде од свежо цвеќе со црвена и бела вуница, кој се игра откако ќе се направи и се фрла на родно дрво.
ами колку се знам се фрла ако е таков од природен (што ќе му правиш овенат ) ако е украс зошто да го фрлиш
Ние го фрливме во Вардар. Ми кажаа во вода, демек лошото да го однесе, колку е точно не знам. Тоа е друг венец, го плетат девојчиња и невестата го игра и го фрла на родно дрво (ова прв пат го слушнав за мојата свадба). Не знам дали само во помалите градови е вака, до сега во Скопје не сум видела вакво нешто. Инаку нашите венци за на врата беа вештачки (ги порачавме), ама и девојчиња плетеа со свежи цвеќиња. Јас знам дека се фрла, колку е точно не знам. Нашите беа големи, друго е од оние помалите со срце само.
И за покани, колку време порано нарачувате и дали знаете некоја страница кај што би ми изработиле покана врз основа на слика која ќе им ја покажам?
Mediadizajn.mk на фб, јас од тука порачав и сум презадоволна. Во Април ги нарачав поканите, во Јуни ми беше свадбата.
Многу брзо стигнаа, точно колку време не се сеќавам ама баш знам многу брзо беше дури и се зачудив, така да за некои 2-3 дена.
Dali nekoj ima praveno svadba vo vid na zabava? Sakam nesto neobicno, bez ora nesto lababo, I kako ispadnalo setoa toa?