Па јас што сум одела по свадби сите гости ги кителе, кај мене дека не се одеше по невеста ги китев само кумовите, старосватовите и деверот.
На сите гости што доаѓаат од машката страна им се става китенка (некоја пообична) а на тие што ти се законити на свадбата (кум,кума,девер, старосват) се става малце подруга китенка од таа што е ставена на гостите
Да, не пишав сите од машка страна што одат по невеста. Инаку во некои помали градови сум видела ги китат од машка страна и кај младоженецот пред да одат по невеста и кај невестата. Кога ги видов кумот и старосватот имаа по 3 китенки (кај младоженецот и невестата со пообични китенки и плус невестата ги китела со подруги китенки или беџови кај што шипува "кум", "старосват". Беа како цветна градина накитени. Кај мене само јас ги накитив, имаа по една китенка.
Јас ги порачав од една цвеќара. Изработуваат по нарачка какви сакаш, мене според бидермаерот ми ги направија. Имаш многу страни, разгледај си. Виножито, Каталеја, Home made, Flora decoration. Имаат и бонбончиња, јас се' порачав од исто место, и китенки и бонбончиња, и свеќите од кумот, старосватот и деверот таму ги однесоа да ги украсат, се' во тон.
На сите гости што доаѓаат од машката страна им се става китенка (некоја пообична) а на тие што ти се законити на свадбата (кум,кума,девер, старосват) се става малце подруга китенка од таа што е ставена на гостите тие што беа за законитите ми ги направи фирмата што украсуваше на свадбата а другите за сите гости од машката страна ги купив од бит пазат, има избор и се убави (не ги преплаќаш како на било кое друго место )
Ме интересира колку кошта отприлика тоа платното/материјалот за во црква што треба да го купи кумата?
На женски пазар се околу 250-300 денари метро. 2,5-3 метри обично се купува. Значи повеќе од 1000 денари не е.
На сватовите што доаѓаат со младоженецот се ставаат китенки пообични, а на кум,старосват малку поубави за да се знае кој е кој.
Сестра ми кога правеше свадба ги китевме сите што дојдоа со зетот. Кај мене немаше китење затоа што немаше одење по невеста.
Здраво, сакам да споделам со сите идни невести нешто интересно што видов на последната свадба каде што бев и многу ми се допадна идејата за разлика од некои други нови трендови. Младенците имаа изрентано телефон со ретро изглед како тие порано што ги имавме кој што снима звучни пораки од гостите. Беше навистина оргинално и забавно. Едноставно функционираше само се дига слушалка имаше снимена порака од младенците и потоа се зборува и се снима пораката. Јас го имав на инстаграм видено во Америка, но еве и кај нас го има. Вечен спомен и забавни пораки зачувани. Мислам дека се викаше ретрофон.мк или нешто така сигурно го има на инстаграм имаше QR код. Невестата ми кажа дека добиле многу оргинални пораки, посебно кога ќе се опуштат гостите и после неколку чашки.
Јас, мислам дека плативме околу 3000 денари и со тоа ни следеше фотосесија и 2 флаши вино. Ова во 2023 година. Јас нарачав од кај нив обични китенки, поубави китенки за сведоците и картички за благодарност. На обичните китенки многу им се вадеа безопасните бидејќи беа мали, инаку од другото сум задоволна.
Kako I da pochne svadbata na kraj zavrshuva so ora. Sum bila na mnogu takvi zabavi no od pola se prevrtile na ora.Nisto strashno, vie Kako mladenci treba da uzivate.
Не ми се верува дека сум толкав малер, што на свадбата ќе ми биде втор ден менструација. Сега се мислам што да правам, ич не сакам да пијам хормонски таблети, ама шубе ми е некако да се стегам цело време и наместо да уживам јас да мислам да не направам некоја беља