Само што се јавив, во право си. Венчаат, само за велигденски пости не, поточно од прочка до велигден тој период.
Венчаат, јас сум венчана на 2 јуни лани, беше петок неработен ден Духовден. Не платив казна, само редовно колку што си се плаќа црква.
Казна се плаќа за време на постите, само за Велигденските пости не венчаат. Инаку за Духовден венчаат и не се плаќа никаква казна освен она што си се плаќа редовно.
За мојата свадба од Ј&J Accessories (на Инстаграм) имав нарачано, јас им пратив какво сакам да направат. Одлично го имаа изработено.
Исто и јас, задоволна бев. Обетки, алка и шноличка за коса беа 1200денари. Нарачани пред неполна година.