За нашата свадба јас со татко ми и мајка ми бев да купам невестински венец во четвртокот сабајле, т.е. нарачан ни беше и само во четврток го земавме. Кај нас немаше никаква собиранка туку татко ми закова шајчиња и и` помогна на мојата немажена сестра да го закачат. А кај мм, свеки со свекор ми го закачила. Кога се мажеше золва ми дојде нејзината старосватица, немажено девојче и тоа после пладне, нели четврток па девојчето си беше на работа и после работа го закачија вечецот со помош на свекор ми, ниту пееја ниту пак погача се месеше. Значи сега од тој обичај остана само денот битен-четврток, а дали било пладне или претпладне некако се врши адаптација според можностите. Инаку пред едно 10-на год. кога се мажеше сестрата на една моја другарка, мајка и` нејзина не` имаше покането мене и сестрами и заедно со другаркава баш онака типично по стар обичај плетевме венец, стававме и правевме машни, пеевме, па месевме погача и тоа сите три и баш беше забавно и ми остана како еден убав спомен.
Па затоа реков постари, оние што стварно ги знаат обичаите. А и сите да и кажат различно нема да и биде проблем, таа ќе си направи комбинација од се што ќе и кажат и кога да видиш се појавил нов обичај. Ма секој нека си прави како му одговара, понекогаш па и не треба да се слушаат другите.
ај да ми помине преку ред, си се договорив со золва ми како немажена, старите ги прашав, никој ништо не знаеше да ни каже, така да само ќе го направиме и ќе го закачиме па ќе ја чекаме свадбата ама фала на сите што ме просветливте со обичаите, ќе знам да ги пренесувам ако некој ме праша
Јас ова со венецов и погачата некако не го разбирам.. Да ми подобјасневте вака како поискусни, хахаххахаха! Да не пропуштам нешто...
^Обичајот на кршењето или сечењето леб (погача) од страна на младоженецот за време на свадбените веселби апсолутно го има во сите краеви на Македонија. Дури и денес, речиси нема македонска свадба (во која учесниците барем малку држат до традицијата) на која не се прави овој обичај. Меѓутоа, малку е познато дека овој обичај претставува чист античко-македонски обичај. За античко-македонското потекло на овој обичај, имаме сведоштво кај латинскиот хроничар Куртиус Руф. Овој хроничар е дециден во тврдењето дека кршењето леб за време на свадбената церемонија претставува чист македонски обичај, кој дури го одразувал и најсвечениот миг во свадбените ритуали на Македонците. Конкретно Куртиус Руф го споменува овој обичај во својот опис на свадбата на Александар Македонски со убавата Персијанка Роксана. Иако, за да им угоди на Персијанците, Александар се согласил свадбата да биде извршена според персиските обичаи, во еден миг, тој не можел да се воздржи, а да не го направи овој најсвечен македонски обичај. Во врска со ова Куртиус Руф пишува: "Татко и на Роксана беше пријатно изненаден и неочекувано восхитен кога ги слушна зборовите на Александар, кој тогаш, во мигови на страст, нареди лебот да се скрши, во склад со сопствената традиција. Тоа беше најсвечениот ритуал за време на веридбата меѓу Македонците." И добриот познавач на животот и делото на Александар Македонски, германскиот историчар Урлих Вилкен, во своето дело "Александар Македонски", опишувајќи ја свадбата на Александар и Роксана, пишува: "Александар и Роксана јадеа од еден сомун леб што тој го пресече на два дела со својата сабја, што бездруго беше стихиен додаток на Александар во ритуалот, а тоа токму нему му прилегаше. " Значи, суштината на овој обичај е кршењето, т.е. сечењето на погачата (лебот) за време на свадбениот ритуал. Симболиката на овој обичај тешко дека може да биде протолкувана, но факт е дека станува збор за автохтон античко-македонски обичај. Иако рековме дека овој обичај се применува до денес меѓу Македонците, нема да го одбегнеме неговото одбележување и од страна на запишувачите на народни умотворби од 19.век. А пак за венците на врата: обично невестата и девојките ја китат вратата со цвеќе,со тоа симболично во домовите се внесува духот на разбудената природа, а со тоа надежта за бериќетна и плодност.Тој се чува една година на врата,и после се фрла или на родно дрво или во истечна река-да течел убаво бракот.
Сега ми е јасно, нормално, после ваков исцрпен одговор. Фала ти Snow! Само не ми е јасно она пред 12 на пладне, сигурно има некоја симболика, сите тоа ми го рекоа, требало да биде пред 12. Среќа што се се неработни денови пред мојата свадба, инаку нема да имам шанси да ги соберам девојчињата од работа!
Да, 12 саат. Најнеупатениот човек за традиции, дефинитивно-јас.... Ништо, ама баш ништо не ми е јасно!
^искрено јас мислам дека ама апсолутно никакво значење нема дали е пре или по 12. Ама ако ќе го мислиш тогаш стави си го пред 12.А ако не му даваш значење, тогаш по 12.
Па што знам, некако од сите можни традиции кои не ми се допаѓаат, оваа ми е ОК. Изгледа ми се допаѓа значењето кое го носи, а ова со саатот ми е единсваното кое што ми е глупаво, така да како ќе ми се сака огаш, така и ќе го изведам...
За декорација, барем сите тие јас што ги знам што носеле црвена лента. Јас ќе имам бордо исто така, чисто заради декорација, ми одговара со се.
Не ме држите за збор ама мислам дека имам слушнато некаде дека црвената лента ја означува невиноста и девственоста на девојката во мустиманскиот свет и затоа речиси сите фустани се со црвени ленти, значи дека црвената лента за нив не е моден додаток туку се носи заради верски причини.
Мака 1 Девојки , Имам 29 години и конечно ќе се мажам ! Си најдов преубави фустани низ различни продавници но имам една мака .... Нема број за мене зошто сум малку поише крупничка , а шиен фустан несакам .... Помогнете ми што да правам незнам (((((((((((
Мака 1 Извини на искреност број 1...ама... ослаби?! Сериозно не знам какво чаре да ти дадат за оваа мака број 1...поинакво од ова,а не сакаш шиен фустан...