Да ми кажете дали мора да се даруваме како што било од баба дедо до свекор,брат дрн дрн. Ние меѓусебно се дарувавме кога дојдоа да ме побараат и потоа само матично направивме. И сега сакаме црква,крштевка и нешто како свадба поскромна. Да го дарувам само кумот и старосватот ќе е океј? И дали мора прстени за во црква? Првично нејќеме прстени да носиме по ново тетоважи сакаме да си направиме пошто двајцата си носиме И дали попот се дарува?
Доволно е само кумот, старосватот и деверот да ги даруваш. Прстени за во црква мора така да може да си купите некои најобични сребрени или од нерѓосувачки челик. Попот не се дарува
Попот не се дарува но затоа сите сведоци плаќаат вклучувајки го младоженецот и таткото на невестата во црква но за секој случај убаво прашајте си каде што ќе се венчавате
Дарувањето е по договор. Освен кум и старосват или кои и да се законити, во секој град различни, немаш потреба од дарување на друг. Попот не се дарува, а за самиот обред ќе ви бараат прстени. Доволно е и сребрени, поевтина варијанта да земете.
Ние не се дарувавме меѓусебно, така се договоривме, дарував само кумови, старосватови и девер. Попот не го дарувавме, си плативме во црква, па дури и казна зошто свадбата беше за Петровденски пости. Јас познавам парови што се тетовирани, ама дали носеле прстени само за во црква не знам, прашајте си поп.
Нема правило, ако сакаш да си го откачиш да не го мислиш може година. Еве јас за свадба во октомври, закажав сега црква и пак попот ми го преправи терминот бидејќи веќе имало некој друг
Дали имате искуства со цвеќари или некој што украсува за свадба, како сте задоволни и кои им беа цените ?