Нас ни беше од ресторанот и воопшто не беше малечка. Инаку види на Битпазар кај полицијата тие продавнички.
Здраво, знаете ли колку се движат свеќите за во црква за венчавање? Има разлика ако се купат во црква или директно од цвеќара во цената?
На Битпазар во продавничките кај полицијата провери. Јас кај што ја шиев венчаницата ми направија перниче за бурми, многу убаво, можеш и така.
Ние како кумови, за 150 гости нарачавме тортата да е 120 парчиња (бидејќи рекоа дека сите не јадат торта и останува благото), но тортата се изеде цела. Беше преубава!
Ѕирни/прашај на инстаграм wedding events silevi, јас прашував имаа понуда за ѕид со шампањско, вакво огледало со иницијали , мал параван и декорација
Кога се даваат поклоните на кумовите и старосватовите? На денот на свадбата или кога ќе одиме да ги бараме?
Како постапувате со луѓе што сами се планираат на свадба? Се дружиме во друштво, по родендени сме идале оделе, последнава пола година не толку ама пред тоа. Можеби ме гледаат блиска па очекуваат да ги викнам но јас не ги осеќам до толку за да ги викнам. Не знам како да постапам, сигурно ќе се навредат ако не се викнати а ќе се најдеме на кафе сигурно и после свадба.